Историја на Canon Europe

Компанијата Canon Europe е задолжена за регионална продажба и маркетинг на Canon Inc. во 116 земји и има 19.000 вработени во Европа, Средниот Исток и Африка (EMEA). Неизмерната страст на компанијата Canon за „моќта на сликата“, основана во 1937 година со јасна цел за изработка на најквалитетен фотоапарат за широка потрошувачка, ѝ овозможи да ја распространи својата технологија во многу други пазари и сега важи за светски предводник за кориснички и деловни решенија за обработка на слики.

Нејзините решенија содржат најразлични производи, почнувајќи од компактни дигитални и SLR фотоапарати, објективи за емитување и преносливи рендгенски машини, па сè до повеќефункционални уреди и печатачи за производствено печатење, кои се поддржани со голем избор на вредни дополнителни услуги.


Canon многу инвестира во одделот за истражување и развој за да ги создаде најбогатите и најиновативните производи и услуги што ќе ги задоволат креативните потреби на корисниците. Од аматерски фотографи до компании за професионално печатење, Canon им овозможува на сите корисници да ја реализираат својата страст кон сликите.

Корпоративната филозофија на Canon е Kyosei - „заеднички живот и работа за доброто на сите“. Во регионот EMEA, Canon Europe се стреми кон одржлив деловен развој, се фокусира на намалување на сопственото штетно влијание врз животната средина и им нуди поддршка на корисниците да го сторат истото со помош на производите, решенија и услугите на Canon. Canon доби глобален сертификат за ISO 14001 и се одликува со стандард за еколошко управување од светска класа.