Историја на Canon Inc.

Историја на Canon Inc. во PDF формат

Преземете ја историјата на Canon Inc. Ltd [PDF 149KB]

Профил на корпорацијата: Canon Inc., со главно седиште во Токио - Јапонија, е светски лидер на полето на иновациите и создавањето решенија за обработка на слики за деловни намени и широка потрошувачка. Во 1933 г. беше основана првата трговска компанија на Canon - Kwanon, а неколку години подоцна, односно во 1937 г. беше основана компанијата што му претходеше на Canon Inc. - Precision Optical Industry Co. Ltd. Компанијата денес развива, произведува и продава голем избор на машини за копирање, печатачи, фотоапарати, оптички и други производи за задоволување на различните потреби на купувачите. Брендот Canon е добро познат во целиот свет и има стекнато доверба кај поединци, семејства и во деловните и индустриските сектори.

Корпоративна филозофија Kyosei: Корпоративната филозофија на Canon е опфатена со зборот Kyosei, кој значи „заеднички живот и работа за доброто на сите“. Оваа филозофија се однесува на сè што прави Canon, почнувајќи од создавање методи за одржливо производство па сè до понудување поголем избор на потрошувачите.

Стратешки приоритети: Компанијата Canon се стреми да оствари значителен развој преку брза трансформација, а нејзината цел е да стане дел од групата на 100-те најдобри светски компании. Распространувањето во нови деловни домени и области како што е обработка на слики во медицината, производствено печатење на фотографии, мрежни камери, професионална кинематографија и други области, како и проширувањето на деловното работење преку спојување и купување компании, ќе имаат многу важна улога во постигнувањето на оваа цел. Глобалното проширување преку три регионални главни седишта, исто така, ќе ја подобрат стратегијата на Canon преку зголемување на иновациите и произведување на производите поблиску до соодветниот пазар.

Финансиски податоци: Консолидираната нето продажба на Canon за Canon Inc. во втората четвртина од фискалната 2014 г. изнесуваше 926,8 милијарди ¥ (9,2 милијарди американски долари или 6,7 милијарди евра*).
*Вредностите се претворени во евра и долари единствено заради практичен преглед на читателот, при стапка на јенот од JPY 101 = 1 американски долар и JPY 138 = 1 евро за пресметките во Q2 2014 година, колку што изнесуваше приближната стапка на размена на токискиот пазар за размена на странски валути на 30 јуни 2014 година.

Структура на компанијата:Canon верува дека решението за континуираниот успех е воспоставување одделни операции за развој, производство и продажба во секој регион на светот.

Со приближно 194.000 вработени лица во целиот свет, Canon има филијали за производство и маркетинг во Јапонија, Северна и Јужна Америка, Европа, Азија и Океанија, како и глобална мрежа за истражување и развој со компании сместени во САД, Европа, Азија и Австралија.

Главни активности на групацијата Canon

Оддел за канцелариско деловно работење: мрежни, дигитални и повеќефункционални уреди (MFD) за во канцеларии, мрежни, дигитални и повеќефункционални уреди во боја, мрежни, дигитални и повеќефункционални уреди за лична употреба, машини за копирање за во канцеларии, машини за копирање со целосен опсег на бои, машини за копирање за лична употреба, ласерски печатачи

Оддел за производствено печатење: инк-џет печатачи за големи формати, дигитални печатачи за производствено печатење

Оддел за кориснички и деловни производи: дигитални SLR фотоапарати, компактни дигитални фотоапарати, заменливи објективи, дигитални видеокамери, повеќефункционални инк-џет печатачи, инк-џет печатачи со една функција, скенери за слики, опрема за емитување, калкулатори

Оддел за индустриски и други деловни производи: опрема за литографија на полупроводници, опрема за литографија на LCD екрани, опрема за медицинско снимање, производи за очи, магнетни глави, микромотори, компјутери, практични терминали, скенери за документи

Производство: Производните процеси на Canon постојано еволуираат како дел од стремежот на компанијата за навремено испорачување на производи со повисок квалитет до потрошувачите. Преку реформите како ќелиското и автоматизираното производство, Canon се стреми кон пронаоѓање иновации во производниот систем во сите фази на процесот - набавка, производство и дистрибуција. Canon, исто така, се труди да има позитивно влијание врз животната средина преку купување еколошки прифатливи делови и материјали и преку ефикасна дистрибуција.

Фабриката Toride, основана во 1961 година, е наменета за производство на канцелариски производи за обработка на слика од Canon, со помош на уникатниот систем на компанијата за ќелиско производство, воведен пред приближно 14 години.

Кај системот за ќелиско производство, со кој се елиминираат процесите со подвижни ленти, мали групи на работници ги составуваат производите од почеток до крај. Бројот на операции кои ги извршува секој работник се базира на индивидуалните нивоа на стручност. Овој метод на производство значително помогна во зголемувањето на ефикасноста на производството, а овозможи и флексибилност кај количините што се произведуваат.

Истражување и развој и технологија: Canon е посветен на обезбедување најсовремено истражување и развој, како неопходно средство за создавање уникатни сопствени производи. Во фискалната 2013 г., компанијата инвестираше 306,3 милијарди јени за истражување и развој, што претставува повеќе од 8% од продажбата. Во 2013 г., на компанијата ѝ беа одобрени 3.825 патенти* во САД, со што го зазеде третото место меѓу сите корпорации. Ова беше 28-та година по ред во која Canon се вбројуваше меѓу петте компании со најмногу добиени патенти во САД.


Сите денешни производи на Canon се создадени благодарение на петте уникатни групи на технологии од Canon кои се добиени преку интегрирање повеќе технологии создадени низ историјата на Canon:

Технологија за снимање слики - Висока резолуција и висок квалитет на слика со технологии за објективи, сензори и обработка на слика

Технологија за електрофотографија - Технологијата за електрофотографија е срцето на печатачите со ласерски зраци и машините за копирање кои се оценети како најдобри во светот

Инк-џет технологија - Создава микроскопски капки мастило со големина од еден пиколитар (трилионити дел од литар), а овозможува дури и производство на ДНК чипови

Технологија за фотолитографија - Технологија на Canon за изложување на полупроводници која ги интегрира најдобрите оптички решенија и решенијата за извонредно прецизно позиционирање

Технологија за екрани - Нова технологија за тенки екрани која помага во создавањето големи екрани, висококвалитетна слика и мала потрошувачка на енергија

За дополнителни информации за глобалните операции на групацијата Canon ве молиме погледнете на www.canon.com.

*Извор: Биро за патенти и заштитни знаци на САД. Пресметано врз основа на соопштенијата за вкупните неделни вредности.