Canon MAXIFY MB5050

Брз сè-во-едно уред со Wi-Fi за мали деловни простории со големи потреби. Се одликува со ADF, 2-страно печатење, следење и контроли на потрошувачката, како и моќни опции за поврзување со паметен телефон и Cloud услуги.

Придобивки

  • Брз сè-во-едно уред со функции за печатење, копирање, скенирање и испраќање факс за мали динамични канцеларии

  • Заборавете на чекањето документи со функцијата за брзо печатење на првата страница и брзините од 15 страници/мин. во боја и 23 страници/мин. црно-бело

  • Поврзување преку Wi-Fi и етернет: печатење од и скенирање кон компјутери, паметни телефони, таблет уреди и Cloud услуги

  • Вграден автоматски механизам за снабдување со документи за 50 листови и касета за хартија со 250 листови

  • Печатете до 2.500 црно-бели и 1.500 страници во боја со XL резервоари за мастило кои се менуваат одделно

Детални карактеристики

  • Сè-во-едно уред за мали канцеларии

    Бидете продуктивни и поврзани со овој робустен сè-во-едно уред кој е дизајниран за мали деловни простории со големи потреби и месечен обем на печатење од 250 до 1.500 страници. Благодарение на можноста за поврзување преку Wi-Fi и етернет и печатењето со професионален квалитет, како и контролите за потрошувачка за безгрижно користење, овој уред претставува совршен канцелариски придружник.

  • Брзо печатење на документи

    Никогаш повеќе нема да ги чекате вашите документи. Големи ISO брзини за печатење на A4 документи од 23 слики/мин. во црно-бело и 15 слики/мин. во боја во комбинација со брзо печатење на првата страница со слична брзина од приближно 7 секунди.

  • Деловен квалитет

    Мастилото со голема густина и двојна отпорност создава остар текст и живописни бои. Овие мастила со пигмент имаат исклучителна отпорност - така што нема да избледат со тек на време - и се отпорни на маркери и триење поради што се совршени за висококвалитетни деловни документи.

  • Голема продуктивност во однос на цената

    Печатете до 2.500 црно-бели и 1.500 страници во боја од A4 документи со XL резервоарите за мастило. Резервоарите за мастило кои можат да се заменуваат одделно нудат максимална продуктивност со минимален отпад. Мултикомплетот со 4 бои содржи цел комплет резервни мастила за уште подобри резултати во однос на цената.

  • Продуктивност на која може да ѝ верувате

    Олеснете ја секоја задача, вклучувајќи го и скенирањето и копирањето на повеќе страници, со помош на касетата за хартија со 250 листови, вградениот ADF за 50 листови и големиот екран на допир во боја. Достапно е и двострано печатење без напор, за уште поголема професионалност и помала потрошувачка на хартија.

  • Поврзување

    Со MAXIFY Cloud Link можете да печатите од популарни услуги на Cloud како Evernote, Dropbox или Google Drive, директно од екранот на печатачот или од паметен телефон преку апликацијата MAXIFY Printing Solutions. Поддржани се и функциите за скенирање кон е-пошта, скенирање кон Cloud и Apple AirPrint.

Спецификации

  • Време за печатење на првата страница од 7 секунди

  • Автоматско копирање на повеќе страници

  • Безжично користење и споделување

  • Продуктивно ракување со хартијата

  • Вчитување документи на Cloud услуги*

  • Екран на допир од 7,5 cm кој е практичен за користење

  • Скенирање на USB мемориски уред

  • Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред

Што содржи кутијата

  • MAXIFY MB5050

  • Кабел за напојување

  • Однапред поставени резервоари со мастило

  • CD за поставување за Windows (драјверите за Mac се достапни на интернет)

  • Прирачници

  • Кабел за факс/телефонска линија