Canon MAXIFY iB4050

Печатач со голема брзина за мали канцеларии со вграден Wi-Fi и етернет, печатење од мобилни уреди и Cloud услуги. Се одликува со 2-страно печатење и резервоари за мастило со голем капацитет за ефикасно печатење на висококвалитетни деловни документи.

Придобивки

  • Печатач за голем обем за мали динамични канцеларии со две касети за хартија со 250 листови

  • Заборавете на чекањето документи со функцијата за брзо печатење на првата страница и брзините од 15 страници/мин. во боја и 23 страници/мин. црно-бело

  • Поврзување преку Wi-Fi и етернет: печатење од компјутери, паметни телефони, таблет уреди и Cloud услуги

  • Печатете до 2.500 црно-бели и 1.500 страници во боја со XL резервоари за мастило кои се менуваат одделно

  • Создавајте квалитетни документи со HD мастилата со двојна отпорност кои се оптимизирани за деловно печатење

Детални карактеристики

  • Печатач со голема брзина за мали канцеларии

    Бидете продуктивни и поврзани со овој робустен печатач со голема брзина кој е дизајниран за мали деловни простории со голем месечен обем на печатење од 250-1.500 страници. Благодарение на можноста за поврзување преку Wi-Fi и етернет и печатењето со професионален квалитет, како и контролите за потрошувачка за безгрижно користење, овој уред претставува совршен канцелариски придружник.

  • Брзо печатење на документи

    Никогаш повеќе нема да ги чекате вашите документи. Големи ISO брзини за печатење на A4 документи од 23 слики/мин. во црно-бело и 15 слики/мин. во боја во комбинација со брзо печатење на првата страница со слична брзина од приближно 7 секунди.

  • Деловен квалитет

    Мастилото со голема густина и двојна отпорност создава остар текст и живописни бои. Овие мастила со пигмент имаат исклучителна отпорност - така што нема да избледат со тек на време - и се отпорни на маркери и триење поради што се совршени за висококвалитетни деловни документи.

  • Голема продуктивност во однос на цената

    Печатете до 2.500 црно-бели и 1.500 страници во боја од A4 документи со XL резервоарите за мастило. Резервоарите за мастило кои можат да се заменуваат одделно нудат максимална продуктивност со минимален отпад. Мултикомплетот со 4 бои содржи цел комплет резервни мастила за уште подобри резултати во однос на цената.

  • Зголемена продуктивност, кога најмногу Ви е потребна

    Двете касети со голем капацитет од 250 листови ќе го намали времето што го трошите за полнење хартија, а автоматското 2-страно печатење ќе ви помогне во печатењето документи со професионален изглед без напор - а во исто време ќе ја намали и вашата потрошувачка на хартија.

  • Поврзување

    Со MAXIFY Cloud Link можете да печатите директно од популарни Cloud услуги како Evernote, Dropbox, OneDrive или Google Drive, користејќи паметен телефон и апликацијата MAXIFY Printing Solutions. Поддржани се и функциите Apple AirPrint и Google Cloud Print.

Спецификации

  • Време за печатење на првата страница од 7 секунди

  • Безжично користење и споделување

  • Продуктивно ракување со хартијата

  • Автоматско двострано печатење

  • Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред

  • Ефикасни XL мастила

  • Печатење од услугите Cloud

  • Апликација MAXIFY Printing Solutions

Што содржи кутијата

  • MAXIFY iB4050

  • Кабел за напојување

  • Однапред поставени резервоари со мастило

  • CD диск за поставување за Windows (драјверите за Mac се достапни на интернет)

  • Прирачници