Печатачи за мали канцеларии

Canon MAXIFY iB4150

Инк-џет печатење во боја со брзина од 15,5 слики/мин. со потрошувачка до 2.500 страници, мали работни трошоци и Wi-Fi.

Придобивки

  • Брзо печатење со 24 црно-бели слики/мин. и 15,5 слики/мин. во боја

  • Поврзување преку Wi-Fi и LAN

  • Печатете од популарните услуги Cloud

  • Мастило за голема потрошувачка: 2.500 црно-бели страници/1.500 страници во боја

  • Капацитет од 500 листови за голема продуктивност

Детални карактеристики

  • Печатач за обемно користење наменет за продуктивни канцеларии

    Инк-џет печатач во боја со доволно голема брзина, капацитет и економичност за да стане неопходен дел од секоја мала канцеларија. Со касетата за хартија со голем капацитет од 500 листови, MAXIFY iB4150 од Canon печати неверојатни материјали со живописни бои и остар текст со помош на своите DRHD мастила отпорни на маркери и триење. MAXIFY iB4150 од Canon печати A4 документи со неверојатна брзина од 24 слики/мин. во црно-бел формат и 15,5 слики/мин. во боја, со потребно време до излегување на првата страница (FPOT) од само 6 секунди.

  • Извонредна економичност

    Од мала потрошувачка на енергија до картриџи со мастило за голема потрошувачка и поединечно заменливи картриџи со бои, MAXIFY iB4150 од Canon е дизајниран да ги намали работните трошоци. Црните картриџи овозможуваат ISO потрошувачка од 2.500 страници, а картриџите во боја - 1.500 страници, овозможувајќи им на вработените во вашата канцеларија да работат без постојано да ги менуваат картриџите. Освен тоа, достапен е и изборен мултикомплет со 4 бои за уште поекономично печатење.

  • Канцелариско печатење со разновидни опции

    MAXIFY iB4150 од Canon го олеснува зголемувањето на продуктивноста и извршувањето на задачите. Двостраното печатење и поддршката за различни видови и големини на хартија, почнувајќи од обична A4 хартија па сè до етикети, пликови и фотохартија, овозможуваат едноставно извршување на секојдневните задачи за печатење во канцеларијата. MAXIFY iB4150 од Canon е опремен со практични функции и е дизајниран за да ви ги обезбеди сите функции за печатење потребни за секојдневна канцелариска употреба.

  • Во Cloud или на мобилни уреди

    Поддршката за , Apple AirPrint (iOS), Mopria и апликацијата Canon PRINT овозможуваат брзо и едноставно печатење од мобилни уреди. Можете да печатите дури и од популарни Cloud услуги, вклучувајќи ги Google Drive, Dropbox, Evernote, OneNote и OneDrive. Режимот на вградена пристапна точка им овозможува на корисниците на паметни уреди да се поврзат со печатачот без Wi-Fi мрежа.

  • Управување и следење на едноставен начин

    MAXIFY iB4150 од Canon нуди неверојатен квалитет за печатење и поголема продуктивност за мали канцелариски опкружувања, а нуди и напредни администраторски функции што овозможуваат поедноставно управување, одржување и контрола. Постојат и многубројни дополнителни опции кои им овозможуваат на администраторите на системот да го конфигурираат печатачот и да ограничуваат одредени постапки.

  • Интеграција со SNMP мрежа

    Компатибилноста на MAXIFY iB4150 од Canon со Simple Network Management Protocol (SNMP) овозможува едноставна интеграција на печатачот во постоечката мрежа во канцеларијата. SNMP нуди многубројни функции за следење и одржување, меѓу кои и нивоа на мастилата, статус на грешка и број на страници.

Спецификации

  • Време за печатење на првата страница од 6 секунди

  • Безжично користење и споделување

  • Автоматско двострано печатење

  • Продуктивно ракување со хартијата

  • Печатење од услугите Cloud

  • Апликација Canon PRINT

  • Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред

  • Ефикасни XL мастила