Canon MAXIFY MB2050

Овој компактен сè-во-едно уред нуди ефикасно печатење во боја со деловен квалитет за домашни канцеларии и се одликува со Wi-Fi, автоматски механизам за снабдување со документи, двострано печатење и функции за скенирање кон Cloud услуги.

Canon Camera

Придобивки

  • Компактен сè-во-едно уред со функции за печатење, копирање, скенирање и испраќање факс за домашни динамични канцеларии
  • Заборавете на чекањето документи со функцијата за брзо печатење на првата страница и брзините од 11 страници/мин. во боја и 16 страници/мин. црно-бело
  • Печатење преку Wi-Fi и скенирање кон компјутери, паметни телефони, таблет уреди и Cloud услуги
  • Вграден автоматски механизам за снабдување со документи за 50 листови и касета за хартија со 250 листови
  • Печатете до 1.200 црно-бели и 900 страници во боја со XL резервоари за мастило кои се менуваат одделно

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за MAXIFY MB2050 од Canon

Печатач за обемно користење наменет за продуктивни канцеларии

Инк-џет печатач во боја со доволно голема брзина, капацитет и економичност за да стане неопходен дел од секоја мала канцеларија. Со касетата за хартија со голем капацитет од 500 листови, MAXIFY iB4140 од Canon печати неверојатни материјали со живописни бои и остар текст со помош на своите мастила DRHD отпорни на маркери и триење. MAXIFY iB4140 од Canon печати A4-документи со неверојатна брзина од 24 слики/мин. во црно-бел формат и 15,5 слики/мин. во боја, со потребно време до излегување на првата страница (FPOT) од само 6 секунди.

Брзо печатење на документи

Никогаш повеќе нема да ги чекате вашите документи. Големи ISO брзини за печатење на A4 документи од 16 слики/мин. во црно-бело и 11 слики/мин. во боја во комбинација со брзо печатење на првата страница со слична брзина од приближно 8 секунди.

Деловен квалитет

Мастилото со голема густина и двојна отпорност создава остар текст и живописни бои. Овие мастила со пигмент имаат исклучителна отпорност - така што нема да избледат со тек на време - и се отпорни на маркери и триење поради што се совршени за висококвалитетни деловни документи.

Голема продуктивност во однос на цената

Печатете до 1.200 црно-бели и 900 страници во боја од A4 документи со XL резервоарите за мастило. Резервоарите за мастило кои можат да се заменуваат одделно нудат максимална продуктивност со минимален отпад. Мултикомплетот со 4 бои содржи цел комплет резервни мастила за уште подобри резултати во однос на цената.

Продуктивност на која може да ѝ верувате

Олеснете ја секоја задача, вклучувајќи го и скенирањето и копирањето на повеќе страници, со помош на касетата за хартија со 250 листови, вградениот ADF за 50 листови и големиот екран во боја. Достапно е и двострано печатење без напор, за уште поголема професионалност и помала потрошувачка на хартија.

Поврзување

Со MAXIFY Cloud Link можете да печатите од и да скенирате кон популарни услуги засновани на Cloud како Evernote, Dropbox или Google Drive - директно од екранот на печатачот или од паметен телефон преку апликацијата MAXIFY Printing Solutions. Поддржани се и функциите за скенирање кон е-пошта и Apple AirPrint.

Спецификации

  • Време за печатење на првата страница од 8 секунди

  • Автоматско копирање на повеќе страници

  • Безжично користење и споделување

  • Продуктивно ракување со хартијата

  • Вчитување документи на Cloud услуги*

  • Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред

  • Скенирање на USB мемориски уред

  • Печатење од услугите Cloud