Благодарение на можноста за поврзување преку Wi-Fi низ целата палета можете со леснотија да го споделувате вашиот MAXIFY печатач помеѓу повеќе корисници и да печатите безжично од секое место во канцеларијата. Печатењето од паметни телефони и таблет уреди никогаш не било полесно, благодарение на бесплатните апликации за печатење од Canon и поддршката за Apple AirPrint™.
Сите MAXIFY печатачи ја поддржуваат функцијата AirPrint function вградена во iPhone®, iPad® и iPod® Touch, овозможувајќи ви безжично печатење без инсталирање на софтвер. Вашиот уред со Apple автоматски го открива печатачот на Wi-Fi мрежата и ви овозможува безжично да печатите фотографии, e-mail пораки, веб-страници и други документи.
Преземете ги бесплатните апликации за печатење од Canon наменети за мобилни уреди со Android или Apple и користете го вашиот MAXIFY уред безжично преку паметен телефон или таблет уред. Апликациите автоматски пронаоѓаат компатибилни безжични MAXIFY печатачи на Wi-Fi мрежата и ви овозможуваат далечински пристап до функциите за печатење и скенирање.
Апликацијата Canon PRINT ви овозможува безжично да печатите од и да скенирате кон вашите мобилни уреди со Android и вашите мобилни уреди од Apple на локалната мрежа или, пак, директно преку вградениот режим на пристапна точка на печатачите. Исто така, можете да го проверите статусот на печатачот, информациите за мастилата и да пристапите до упатството за печатачот на интернет како и до услугите MAXIFY Cloud Link.
Апликацијата Canon PRINT може бесплатно да се преземе од App Store и Google Play.
Canon Print Service е дополнителна компонента за печатење за Android* паметни уреди, која го овозможува печатењето на многу компатибилни печатачи на Canon (PIXMA, MAXIFY, i-SENSYS, imageRUNNER) преку Wi-Fi мрежа. Оваа дополнителна компонента е дизајнирана да функционира во рамките на избраните Android апликации со овозможување на копчето за печатење и затоа не функционира како самостојна апликација.
Таблет уредите со Windows RT поддржуваат MAXIFY печатачи со вградениот драјвер за Windows оперативен систем. Откако таблет уредот ќе препознае компатибилен печатач на мрежата, на работната површина на Windows RT се појавува Canon utility. Тој овозможува безжично печатење и скенирање без потреба од инсталирање на апликација.
Што треба да правите ако немате рутер или пристап до безжична мрежа? Печатачите MAXIFY поддржуваат режим на пристапна точка и создаваат ад-хок безжична мрежа - за да можете да печатите директно од вашиот паметен телефон или таблет уред со помош на апликацијата Canon PRINT или Apple AirPrint.
Добијте повеќе од вашиот печатач и уживајте во слободата на печатење од интернет. Со печатачите MAXIFY кои поддржуваат cloud можете да печатите содржини од интернет услугите cloud директно од екранот на печатачот или, пак, да испраќате фајлови за печатење преку интернет од вашиот паматен телефон и таблет уред.
* Потребна е верзија на Android 4.4 (KitKat) или понова.
AirPrint е заштитен знак на Apple Inc.
iPad, iPhone, iPod и iPod touch се заштитни знаци на Apple Inc., регистрирани во САД и во други земји