Печатачи за во домот

Canon PIXMA MP230

Стилски "сè-во-едно" уред кој нуди висококвалитетно печатење, скенирање и копирање. Софтверот, кој е едноставен за користење, ви овозможува да ја преземете контролата врз печатењето од интернет, како и организирањето и печатењето на фотографии.

Придобивки

  • "Сè-во-едно" уред: печатење, копирање и скенирање

  • Едноставно подесување и ракување

  • Брзо печатење на документи и фотографии

  • Печатете повеќе со изборните мастила за голема потрошувачка

  • Едноставно и ефикасно печатење од интернет

  • Софтвер My Image Garden

  • Апликација за печатење фотографии од Facebook

Детални карактеристики

  • Практичен "сè-во-едно" уред

    Стилски "сè-во-едно" уред со практичен систем на картриџи FINE, кој е совршен за секојдневно печатење, копирање и скенирање. Благодарение на A4 ISO ESAT брзините од 7,0 црно-бели слики/мин./4,8 слики во боја/мин., нема долго да чекате додека се печатат документите. Исто така, можете да скенирате A4 страница во боја за прибл. 14 секунди и да ископирате A4 документ во боја за прибл. 30 секунди.

  • FINE квалитет

    Главата за печатење FINE со капки мастило од само 2pl и максимална резолуција од 4800dpi овозможуваат висококвалитетно печатење со врвни детали. Хибридниот систем на мастила со ChromaLife100+ обезбедува живописни слики во боја и остар текст со долг век на траење.

  • Заштедете пари на мастило

    Печатете повеќе со помали трошоци со помош на економичните картриџи PG-512 и CL-513 за голема потрошувачка. Тие нудат значително поголем обем на печатење отколку стандардните еквиваленти, така што ќе добиете поголеми временски периоди од едно до друго менување на мастило, а тоа е идеално доколку често печатите.

  • My Image Garden

    Доживејте го целосниот креативен потенцијал на вашиот PIXMA уред со помош на овој пакет алатки за едноставно печатење на фотографии, скенирање и пристап до интернет услуги. Неговите можности за организирање на фотографии, вклучувајќи и препознавање на лица, ви овозможуваат да ги пронајдете фотографиите во вашиот компјутер кои одамна не сте ги погледнале и да направите нови привлечни дизајни за печатење.

  • Печатете директно од Facebook

    Направете привлечни потсетници од вашите моменти за паметење со печатење на фотографии директно од Facebook. Во само еден едноставен процес, апликацијата Print Your Days ќе ви овозможи да ги испечатите вашите фотографии или, пак, фотографиите на вашите пријатели од Facebook и да создадете прекрасни колажи.

  • Снимете филмски моменти

    Функцијата за печатење од Full HD видео записи ви овозможува да печатите квалитетени фотографии од вашите видео снимки снимени со дигитален фотоапарат или камера од Canon. Можете да изберете индивидуални слики или да споите повеќе слики во една слика за печатење, така што ќе добиете неверојатни ефекти.

  • Интелигентно печатење од интернет

    Благодарение на Easy-WebPrint EX, ќе можете да печатите содржини од интернет на едноставен и ефикасен начин. Оваа дополнителна компонента за Internet Explorer ви овозможува да отсекувате делови од повеќе веб-страници кои потоа може да ги споите во една страница, со цел да го испечатите само тоа што ви е потребно.

  • Заштедете енергија

    Опцијата за автоматското исклучување автоматски го исклучува печатачот по одреден временски период, така што заштедувате енергија. За поголема практичност, опцијата за автоматското вклучување автоматски ќе го вклучи печатачот кога ќе започнете да печатите. Технологијата за брзо вклучување му овозможува на "сè-во-едно" уредот да биде подготвен за работа за само неколку секунди по вклучувањето.

Спецификации

  • Практична и едноставна замена

  • Неверојатно мали капки мастило за прецизно печатење

  • Печатење на фотографии со висока резолуција

  • Скенирање со висока резолуција

  • Печатење на фотографии од Facebook

  • Едноставен креативен софтвер

  • Интелигентно печатење од интернет

  • Квалитетни и долготрајни фотографии