Печатачи за во домот

Canon PIXMA MP250

Обезбедете продуктивност по достапна цена во вашиот дом: печатете, копирајте и скенирајте со голема леснотија.

Придобивки

  • Печатење, фотокопирање и скенирање

  • ISO брзина од 7,0/4,8слики/мин црно-бело/во боја ESAT

  • Резолуција на печатење од 4800dpi и капки на мастило од 2pl

  • Фотографиии од 10x15cm за 56сек.*

  • Easy-WebPrint EX

  • Скенер од 600dpi со режим за автоматско скенирање

  • Излезен фах со самостојно отворање

  • ChromaLife100+**

Детални карактеристики

  • Печатење, копирање, скенирање

    Разноврсен и со прифатлива цена, PIXMA MP250 ќе ви овозможи висококвалитетно печатење, скенирање и копирање во вашиот дом. Тој е идеален за печатење на документи, интернет содржини и фотографии со лабораториски квалитет, и е погоден за неискусните корисници, студенти и семејства.

  • Реални брзини за печатење документи

    Canon го поддржува индустриски прифатениот ISO стандард за мерење на брзината на печатење и копирање. Ова го олеснува одбирањето на вистинскиот PIXMA печатач за вас врз основа на реални брзини на печатење. PIXMA MP250 нуди ISO ESAT брзини од 7,0слики/мин за еднобојни документи и 4,8слики/мин за документи во боја.

  • Фото-лабораториски квалитет

    Патентираната FINE технологија на Canon со капки мастило од 2pl нуди одличен квалитет на печатење со резолуција од 4800x1200dpi. Фотографиите се неверојатно детални и без "зрнеста" текстура. Додека FINE картриџите од Canon кои користат мастила базирани на боја се идеални за печатење на фотографии, дополнителното мастило со црн пигмент обезбедува јасен и остар текст. PIXMA MP250 нуди комбинација на квалитет и брзина. 10x15cm фотографиии без рабови можат да се отпечатат за приближно 56 секунди со користење на зададените подесувања.*

  • Интелигентни функции и софтвер

    Easy-WebPrint EX е интуитивен софтвер кој го олеснува сечењето, уредувањето и печатењето информации од мрежа: организирајте повеќе исечени делови на една страница и заштедете хартија. Auto Photo Fix II е напреден софтвер кој врши исправање на широк опсег чести грешки во сликите, вклучувајќи и недоволна експозиција. Користејќи ги софистицираните технологии за анализа на сцената и откривање на лице, проблемите како ефектот на црвени очи брзо се елиминираат. Нивоата на експозиција на различни делови од сликата се оптимизираат за добивање на најдобри резултати.

  • Ефикасно скенирање

    Скенирајте со извонредни детали и голема верност со оригиналот, со помош на CIS скенерот со резолуција од 600dpi. Режимот на автоматско скенирање, автоматски препознава што се скенира – фотографија или документ – по што скенирањето и снимањето се врши со користење на најсоодветните параметри.

  • Голема брзина и едноставна употреба

    Со режимот за брзо вклучување, MP250 е подготвен за употреба за само неколку секунди – печатете, копирајте и скенирајте кога ќе посакате, речиси моментално. Излезниот фах за хартија се отвора автоматски за полесно земање на отпечатените материјали и копии.

  • Подолготрајни, прекрасни фотографии

    ChromaLife100+ системот** овозможува подолготрајни, прекрасни фотографии. Комбинацијата на PIXMA MP250 печатач, оригинални Canon мастила и одредени оригинални видови Canon хартија за фотографии ги зачувува спомените за цел живот.* Погледнете ги спецификациите** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100