Печатачи за во домот

Canon PIXMA iP8750

Безжично печатење на A3+ материјали со фотолабораториски квалитет во домот

PIXMA iP8750

Придобивки

  • Врвен A3+ печатач со можност за безжично поврзување наменет за ентузијасти за фотографирање
  • Систем со 6 бои кој содржи сиво мастило за добивање на исклучителни материјали во боја и црно-бели материјали
  • Ефикасни единечни резервоари за мастило кои можат да се менуваат индивидуално и изборни XL мастила
  • Печатење од паметни телефони и таблет-уреди со апликацијата Canon PRINT
  • Поддршка за Apple AirPrint и Wireless PictBridge

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за PIXMA iP8750 од Canon

  • Врвен печатач за A3+ фотографии

    Овој врвен фото печатач, со софистициран дизајн, се одликува со напреден систем на мастила во 6 бои кој овозможува печатење на неверојатно квалитетни фотографии со големини од 10x15cm до A3+, а исто така и документи, поради што претставува идеален избор за ентузијастите за фотографии.

  • Извонредни перформанси

    Системот со 6 бои содржи сиво мастило за добивање на фотографии со побогати бои и одлични црно-бели материјали, а главата за печатење FINE со резолуција до 9600dpi нуди исклучителни детали за добивање на резултати со фотолабораториски квалитет и голема брзина.

  • Безжично поврзување

    Безжично користење и споделување на печатачот во домот. Преземете ја апликацијата Canon PRINT за да печатите од вашите паметни уреди. Исто така, достапна е и поддршка за Apple AirPrint. Печатете фотографии директно од безжични фото апарати со користење на Wireless PictBridge.

  • Заштедете пари на мастило

    Печатете повеќе со помали трошоци. Системот со единечни мастила и резервоари со мастило кои можат одделно да се заменуваат ви овозможува да ја промените само бојата што се потрошила, со што се намалува отпадот. Изборните XL мастила овозможуваат печатење на повеќе страници и нудат заштеди до 30% од страница во споредба со стандардните мастила.

  • Бидете креативни

    Со софтверот My Image Garden можете лесно да ги организирате и печатите вашите фотографии. Тој ви овозможува да ги пребарувате вашите слики и да создавате привлечни дизајни за печатење, а можете да печатите и директно на дискови со можност за печатење. Уживајте во пристап до широка палета на креативни содржини со професионален квалитет со CREATIVE PARK PREMIUM.

  • Хибриден систем на мастила

    Мастилата базирани на боја (C, M, Y, GY и BK) создаваат неверојатно квалитетни фотографии во боја, а мастилото со црн пигмент (PBK) се користи за создавање на документи со остар и јасен текст. Оригиналните мастила од Canon се одликуваат со системот ChromaLife100+, за создавање на фотографии со фотолабораториски квалитет кои траат доживотно.

Спецификации

  • Променете го само мастилото кое се потрошило

  • Печатење на големини до A3+ (329x483mm)

  • Безжично користење и споделување

  • Апликација Canon PRINT

  • Можност за поврзување на таблет уред и smartphone уред

  • Изборни мастила за голема потрошувачка

  • Квалитетни и долготрајни фотографии

  • Печатете директно на дискови

Што содржи кутијата

  • A3+ печатач – PIXMA iP8750

  • Систем со резервоари за мастило (PBK, BK, C, M, Y, GY)

  • Кабел за напојување

  • Фах за директно печатење на диск

  • CD-ROM за поставување

  • Упатства и други документи

Мастило PIXMA iP8750 од Canon

Пронајдете мастило за PIXMA iP8750 од Canon. Картриџите со мастило наведени подолу, што се достапни во различни големини, бои и видови на пакувања, се компатибилни со PIXMA iP8750 од Canon.

  • Картриџ со црно мастило PGI-550BK (двоен комплет)

    Мастило

    PGI-550 PGBK (Twin Pack) [Двоен комплет]

    Уживајте во извонредно печатење документи со овој двоен комплет од резервоари за мастило со црн пигмент
  • Картриџи со мастило BK/C/M/Y CLI-551 - мултикомплет

    Мастило

    CLI-551 BK/C/M/Y (Multipack) [Мултикомплет]

    Заштедете на мастило и уживајте во практичноста на мултикомплет со четири бои
  • Картриџ PGI-550/картриџи со 6 мастила PGBK/C/M/Y/BK/GY CLI-551 - мултикомплет

    Мастило

    PGI-550 PGBK & CLI-551 BK/C/M/Y/BK/GY (Multipack) [Мултикомплет]

    Заштедете на мастило и уживајте во практичноста на мултикомплет со шест бои
  • Изберете големина на мастило

    Мастило

    CLI-551 GY [Сива]

    Резервоар за сиво мастило
  • Изберете големина на мастило

    Мастило

    CLI-551 Y [Жолта]

    Резервоар за жолто мастило
  • Изберете големина на мастило

    Мастило

    PGI-550 PGBK [Црн пигмент]

    Pigment Black Ink Tank
  • Изберете големина на мастило

    Мастило

    CLI-551 BK [Црна]

    Резервоар за црно мастило
  • Изберете големина на мастило

    Мастило

    CLI-551 M [Магента]

    Резервоар за магента мастило
  • Изберете големина на мастило

    Мастило

    CLI-551 C [Цијан]

    Резервоар за цијан мастило
  • Картриџи со мастило BK/C/M/Y CLI-551 + фотохартија - вредносен комплет
    Изберете големина на мастило

    Мастило

    CLI-551 BK/C/M/Y + Photo Paper (Value Pack) [Вредносен комплет за фотографии]

    Заштедете и исполнете ги вашите потреби за печатење со вредносен комплет што вклучува 4 резервоари за мастило и бесплатна фотохартија
  • Wifi-Printing

    Безжично печатење

    Со Wi-Fi може да печатите од паметни телефони и таблет-уреди.

    Фото-софтвер

    Внесете реалистичност во спомените со софтверот кој ќе ве инспирира да печатите на креативни начини.

    Canon Camera

    Учи и истражувај

    Canon Camera

    Онлајн упатство и подесување

    Разгледувајте го упатството за овој печатач на интернет без да преземате или инсталирате какви било фајлови во вашиот компјутер, паметен телефон или таблет уред. Погледнете како да го подесите печатачот во вашиот уред и во вашиот оперативен систем и преземете го потребниот софтвер.