Печатачи за во домот

Canon PIXMA iX6850

Извонредно компактен печатач за A3+ формати со високи перформанси, 5 одделни мастила, Wi-Fi и етернет.

Придобивки

  • Извонредно компактен A3+ деловен печатач со високи перформанси

  • Лесно споделување со поврзувањето преку Wi-Fi и етернет

  • Печатење на материјали со извонреден квалитет без отпад со помош на системот со 5 единечни мастила со можност за индивидуално менување

  • Извонредно брзо печатење на документи: A4 ISO ESAT 14,5 црно-бели слики/мин. / 10,4 слики во боја/мин.

  • Печатете повеќе со помали трошоци со изборните XL и XXL мастила

Детални карактеристики

  • Компактен A3+ канцелариски печатач

    Овој стилски и извонредно компактен A3+ печатач со високи перформанси и 5 единечни мастила нуди исклучително квалитетно печатење на документи и фотографии. Тој е идеално решение за на работна маса, наменет за печатење на големи табели од excel, деловни постери и фотографии.

  • Паметно поврзување

    Благодарение на можноста за поврзување преку Wi-Fi и етернет, тој може лесно да се споделува помеѓу повеќе компјутери преку канцелариската мрежа. Преземете ја апликацијата Canon PRINT за да печатите од вашите паметни уреди. Исто така, достапна е и поддршка за Apple AirPrint и .

  • Супериорен квалитет

    Системот со 5 единечни мастила содржи мастило со црн пигмент за добивање на остар и јасен текст и мастила базирани на боја за добивање на прекрасни слики со фотолабораториски квалитет, а за да добиете уште поефикасно печатење можете да ја менувате само бојата што се потрошила.

  • Брзо печатење

    Нема чекање за прекрасни резултати.Благодарение на технологијата FINE од Canon, овој печатач нуди голема брзина за печатење на A4 документи од 14,5 црно-бели слики/мин. и 10,4 слики во боја/мин., а може да печати и фотографии без рабови од 10x15cm со фотолабораториски квалитет за прибл. 36 секунди.

  • Заштедете со XL мастилата

    Печатете повеќе со помали трошоци. Изборните XL мастила овозможуваат печатење на значително повеќе страници, нудејќи ви заштеди до 30% од страница во споредба со мастилата со стандардна големина.Изборното XXL мастило со црн пигмент ви овозможува да испечатите до 1000 црно-бели страници.

  • Ексклузивни содржини

    Уживајте во пристап до широка палета на креативни содржини со професионален квалитет со CREATIVE PARK PREMIUM.Лесно создавајте и печатете постери и деловни документи со помош на шаблоните од ексклузивната услуга Solution Templates.

Спецификации

  • Глава на печатач со врвен фото-лабораториски квалитет

  • Променете го само мастилото кое се потрошило

  • Печатење на големини до A3+ (329x483mm)

  • Безжично користење и споделување

  • Апликација Canon PRINT

  • Можност за поврзување на таблет уред и smartphone уред

  • Изборни мастила за голема потрошувачка

  • Деловни шаблони кои може да се преземат

Што содржи кутијата

  • A3+ печатач – PIXMA iX6850

  • Систем со резервоари за мастило (PBK, BK, C, M, Y)

  • Кабел за напојување

  • CD-ROM за поставување

  • Упатства и други документи