Plus Semi-gloss SG-201
Фото-хартија плус полусјајна од Canon, е хартија со сатенска завршна обработка и текстура како вистинска хартија за фотографии. Оваа висококвалитетна хартија создава прекрасни фотографии со намалена сјајност за помека завршна обработка.
Придобивки
- Сатенска завршна обработка
- Прекрасни фотографии со мека завршна обработка
- Хартија за фотографии со текстура
- Совршен партнер за мастилата Lucia и ChromaLife100+ од Canon
Детални карактеристики
Погледнете подетални информации за Canon Plus Semi-gloss SG-201
Напредни аматери
За DSLR фотографите - аматери кои создаваат сопствени уметнички дела, палетата фото-хартија Плус е идеално решение за печатење. Со фото-хартијата Плус со полусјајна мека завршна обработка, секоја фотографија ќе го добие најдобриот можен изглед.
Моментално сушење на фотографиите
Оригиналните видови хартија за фотографии од Canon имаат прекривен слој со микро-пори кои брзо го впиваат мастилото длабоко под површината за да се спречи задржување на прекумерно мастило на површината на хартијата. Резултат: моментално сушење на отпечатените фотографии.
Фотографии кои ќе траат доживотно
Фото-хартијата плус полусјајна е совршен партнер за мастилата Lucia и ChromaLife100+ од Canon. Главата за печатење FINE во комбинација со мастилата и оригиналната хартија за фотографии од Canon ги заштитуваат фотографиите од гасови и светлина, со цел да ги зачуваат вашите скапоцени спомени за идните генерации.
Спецификации за производот
Дознајте повеќе за Canon Plus Semi-gloss SG-201, неговите функции и можности.
Тежина во грамови по метар квадратен
Дебелина во милиметри
Фото-софтвер
Внесете реалистичност во спомените со софтверот кој ќе ве инспирира да печатите на креативни начини.