MAXIFY GX7050 во канцелариско опкружување

Печатачи MegaTank

Canon MAXIFY GX7040

Уживајте во многу продуктивно деловно печатење со MegaTank и неговите резервоари за мастило што се дополнуваат и што се наменети за печатење големи количини. Бидете сигурни дека ќе добиете отпечатени материјали со деловен квалитет и екстремно мали вкупни трошоци за користење.

Печатење со мали трошоци со MAXIFY GX6050 и MAXIFY GX7050

Просечна заштеда од 90% на вкупните трошоци за користење во споредба со 10-те најдобри ласерски и инк-џет печатачи 4

MAXIFY GX - видеоснимка за производот

Печатач со резервоари за мастило што се дополнуваат и моќни перформанси.

Задоволете ги вашите потреби

Изберете деловен партнер со мали трошоци што совршено ќе се вклопи во вашето опкружување.

Серија MAXIFY GX

MAXIFY GX6000 Series

MAXIFY GX6040

MAXIFY GX7000 Series

MAXIFY GX7040

Функции

Печатење, копирање и скенирање со ADF и Wi-Fi/етернет
Печатење, копирање, скенирање, факс со D-ADF и Wi-Fi/етернет

Технологија за печатење

Печатач со резервоари за мастило што се дополнуваат
Печатач со резервоари за мастило што се дополнуваат

Потрошувачка на страници (печатење A4-документ во боја)

Црно-бело: 6.000 страници1
(9.000 страници во економичен режим)2


Во боја: 14.000 страници1
(21.000 страници во економичен режим)2

Црно-бело: 6.000 страници1
(9.000 страници во економичен режим)2


Во боја: 14.000 страници1
(21.000 страници во економичен режим)2

Екран

LCD-екран на допир во боја од 6,9 cm што се врти
LCD-екран на допир во боја од 6,9 cm што се врти

Големи брзини на печатење³

Црно-бело - 24,0 слики/мин.

Во боја - 15,5 слики/мин.

Црно-бело - 24,0 слики/мин.

Во боја - 15,5 слики/мин.

Печатење на првата страница (FPOT) ЦРНО-БЕЛО³

Прибл. 7 секунди
Прибл. 7 секунди

ADF

ADF за 50 листови
D-ADF за 50 листови
(2-страно скенирање во едно поминување)

Користење разновидни медиуми

Обична хартија

Полу сјајна

Сјајна

Мат

Самолеплива фотохартија

Магнетна фотохартија

Хартија за пренос на слики врз материјали со пеглање

Пликови

Печатење ленти до 1200 mm

Обична хартија

Полу сјајна

Сјајна

Мат

Самолеплива фотохартија

Магнетна фотохартија

Хартија за пренос на слики врз материјали со пеглање

Пликови

Печатење ленти до 1200 mm

Сите опции за поврзување

USB

Wi-Fi (2,4 GHz и 5 GHz)

Етернет

USB

Wi-Fi (2,4 GHz и 5 GHz)

Етернет

Скенирање

Скенирајте кон е-пошта

Скенирање кон папка

Скенирање на USB

Скенирајте кон е-пошта

Скенирање кон папка

Скенирање на USB

Капацитет за обична хартија

Заден фах: 100 листови

Касета 1: 250 листови

Заден фах: 100 листови

Касета 1: 250 листови

Касета 2: 250 листови

Димензии

Прибл. 399 x 410 x 254
Прибл. 399 x 410 x 314

Картриџ за одржување

Да - корисникот може да го замени
Да - корисникот може да го замени

Совршенство во секое опкружување

MAXIFY GX7040 нуди врвни перформанси во опкружувања каде што се потребни мали трошоци по страница и секојдневно печатење во голем обем.

  • Агенции за недвижности

    Создавајте имотни портфолија со голема брзина за клиентите, скенирајте и копирајте важни документи на едноставен начин со ADF за 50 листови - без да се грижите дали ќе снема мастило или хартија. Печатете визит картички врз мат или сјајни медиуми.

  • Малопродажба

    Печатете фактури без напор благодарение на доследната сигурност, големата брзина и компактните димензии. Создавајте висококвалитетни и издржливи материјали за продажни места, промотивни ленти и картички - сето тоа самостојно.

  • Приватни клиники

    Печатете извештаи за клиенти, информации за нови состаноци, па дури и директно врз пликови. Создавајте убедливи рекламни материјали за да ги промовирате услугите на вашата клиника.

  • Образовни институции

    Создавајте образовни материјали, флаери за презентации и административни документи секојдневно и на едноставен начин со печатач кој генерира мали трошоци.

  • Главни придобивки

  • Мали трошоци што не се зголемуваат

    Печатете голем број страници со мали трошоци по страница

  • Долготрајни документи - за многу кратко време

    Големи брзини од 24 црно бели слики/мин. и 15,5 слики/мин. во боја3.

  • Компактни, а сепак многу способни

    Мали димензии, но многу функции.

  • Максимална ефикасност

    Енергетската ефикасност ги намалува трошоците, времето и отпадните материјали.

  • Поврзете се

    Поврзете се без напор за да печатите, копирате и скенирате далечински

  • Мали трошоци што не се зголемуваат

    Намалете ги трошоците за деловно печатење со можноста за печатење дури до 14.0001 страници со еден комплет шишиња со мастила во боја или 6.0001 страници со едно шише со црно мастило. Преминете на економичниот режим за да заштедите уште повеќе.2
    Печатење со мали трошоци со MAXIFY GX6050 и MAXIFY GX7050

    Долготрајни документи - за многу кратко време

    Печатете деловни документи со неверојатно остри детали и големи брзини од 24 слики/мин. во црно-бел формат и 15,5 слики/мин. во боја.3 Управувајте лесно со работните процеси со документи користејќи ги специјалните деловни функции.
    Голема издржливост за печатење документи со MAXIFY GX6050 и MAXIFY GX7050

    Компактни, а сепак многу способни

    Справувајте се лесно со полните распореди со помош на механизмот за автоматско снабдување со документи за 50 листови со можност за 2-страно скенирање во едно поминување, екранот на допир во боја од 6,9 cm што се врти и капацитетот за хартија до 600 листови. Користете различни медиуми - печатете дури и ленти со должина од 1,2 m.
    Компактни, но сепак со одлични перформанси - MAXIFY GX6050 и MAXIFY GX7050

    Максимална ефикасност

    Бидете одговорни кон животната средина со енергетски ефикасен инк-џет печатач со шишиња со мастило за голема потрошувачка што помага во намалување на отпадните материјали. Картриџ за одржување што може да го менува корисникот заради минимизирање на времето на неактивност.
    Енергетски ефикасно печатење со MAXIFY GX6050 и MAXIFY GX7050

    Поврзете се

    Печатете, скенирајте, копирајте и поврзувајте се со Cloud преку апликацијата Canon PRINT. Компатибилност со Apple AirPrint (iOS) и Mopria (Android), со опции за поврзување преку етернет и поддршка за Wi-Fi со два фреквентни појаси.
    Поврзување без напор со MAXIFY GX6050 и MAXIFY GX7050
    Апликација Canon Print

    Апликација Canon PRINT

    Уживајте во лесно поврзување паметни уреди со печатачот преку апликацијата Canon PRINT. Печатете, копирајте и скенирајте од вашите паметни уреди без напор, проверувајте го статусот на печатачот и поврзувајте се со Cloud за пофлексибилна контрола.

    Пријавете се веднаш

    Добијте инспирација, пријавете се веднаш

    Не пропуштајте ги никогаш најновите понуди од Canon, совети и водичи, вести и покани за локални настани.

    Награди

    Работете во хармонија

    Користењето на мастилата и хартијата од Canon во хармонија со вашиот печатач од Canon ви нуди исклучителни резултати во секое време.

  • GI-46 BK

    GI-46 BK

    Црно мастило со пигмент и голем капацитет за висококвалитетни деловни документи.
  • GI-46 C

    GI-46 C

    Цијан мастило со пигмент и голем капацитет за висококвалитетни деловни документи.
  • GI-46 M

    GI-46 M

    Магента мастило со пигмент и голем капацитет за висококвалитетни деловни документи.
  • GI-46 Y

    GI-46 Y

    Жолто мастило со пигмент и голем капацитет за висококвалитетни деловни документи.
  • MC-G01

    Мастило

    MC-G01

    Картриџ за одржување што може да го менува корисникот за да го минимизира времето на неактивност.
  • Дали барате нешто слично?

    Зошто не разгледате некои од овие производи од нашите палети PIXMA и MAXIFY.

  • Печатачи за мали канцеларии

    Серија MAXIFY MB5450

    Ефикасно печатење без намалување на квалитетот, функциите или сигурноста.
  • Печатачи за мали канцеларии

    Серија MAXIFY MB5150

    Издржлив повеќефункционален инк-џет печатач во боја со поддршка за поврзување со мобилни уреди и со Cloud.
  • Печатачи за мали канцеларии

    MAXIFY iB4150

    Инк-џет печатење во боја со брзина од 15,5 слики/мин. со потрошувачка до 2.500 страници, мали работни трошоци и Wi-Fi.
  • PIXMA G7045

    Печатачи MegaTank

    PIXMA G7040

    Печатете максимум 18.000 страници и работете континуирано со ADF со 35 листови за висококвалитетни резултати и мали работни трошоци.
  • Може да ве интересира и

  • Мастило, тонер и хартија

    Целосна палета на мастила, тонер и хартија од Canon за вашиот печатач.

  • Оригинални потрошни материјали

    Оригиналните потрошни материјали од Canon се создадени да се користат во совршена хармонија со вашиот печатач од Canon.

  • Деловни печатачи

    Печатете, копирајте, скенирајте и испраќајте факс без напор со нашата обемна палета на печатачи.

    1. Бројот на страници што може да ги отпечатите со првото шише мастило е помал во однос на замената, бидејќи за време на првичното поставување е потребна одредена количина на мастило за да се наполни главата за печатење. Потрошувачката на страници претставува вредност што е пресметана врз основа на посебен метод за тестирање на Canon, користејќи ја симулацијата за континуирано печатење и табелата за бои ISO/IEC 24712 со резервни шишиња со мастило по почетното поставување.

      Потрошувачката на страници за црното мастило и мастилата во боја не треба да се комбинира.

      Потрошувачката на страници може значително да се разликува во зависност од содржините што се печатат и други фактори.

    2. Економичниот режим ја намалува потрошувачката на мастило преку намалување на густината, при што може да се отпечатат 50% повеќе страници отколку во стандардниот режим
    3. Брзините на печатење документи се просечни вредности добиени од ESAT (Word, Excel, PDF) за тестот за категорија канцеларии за зададениот едностран режим, ISO/IEC 24734.

      Брзината на печатење може да се менува во зависност од конфигурацијата на системот, интерфејсот, софтверот, комплексноста на документот, режимот на печатење, покриеноста на страницата, видот на користена хартија итн.

    4. Вкупните трошоци за користење (TCO) се основани врз првичните трошоци за купување на хардверот и трошоците за мастила или тонер во определен временски период (погледнете ги условите подолу). Ве молиме имајте предвид дека дополнителните променливи трошоци можат да влијаат врз вкупните трошоци за користење, вклучувајќи, но не ограничувајќи се со, други потрошни материјали, комплети со мастила и тонер, пакувања со мастила и тонер за голема потрошувачка, сервисирање, потрошувачка на енергија и замена на делови.

      Наведеното намалување на трошоците во проценти претставува просечна вредност од намалувањето на вкупните трошоци за определен обем на печатење од 1000 страници месечно (50% во боја и 50% црно-бело) во период од 60 месеци (5 години).

      Вкупните трошоци за користење (TCO) се основани врз следните пресметки: [Просечен CPP во боја x обем на печатење во боја - минус страниците отпечатени со испорачаните мастила/ тонер] плус [Просечен CPP во црно-бел формат x обем на црно-бело печатење - минус страниците отпечатени со испорачаните мастила/ тонер] плус [трошоците за хардверот] плус [трошоците за картриџот за одржување, само за моделите MAXIFY GX].

      Моделите што се споредени во пресметката на намалувањето на трошоците за користење (TCO) се 10-те најдобри и најпродавани ласерски печатачи во боја и 10-те најдобри и најпродавани инк-џет печатачи според IDC EMEA Hardcopy Tracker (податоци од Q1 2020 до Q3 2020). Просечната продажна цена (ASP) на печатачите во EUR (€) беше земена од IDC EMEA Hardcopy Tracker (податоци од Q1 2020 до Q3 2020), а цената на потрошните материјали од официјалните веб-страници на производителите на 2 февруари 2021 година.

      Хардверот и потрошните материјали за сериите MAXIFY GX7000 и MAXIFY GX6000 од Canon се опфатени само заради овој калкулатор за TCO со нивната препорачана продажна цена („RRP“) што содржи ДДВ.

      ДДВ е вклучен, но имајте предвид дека трошоците за испорака не се вклучени во пресметките на цената. Цените подлежат на промени поради пазарните услови.

      Трошоците за печатење се основани врз користење на зададените поставки што се избрани и кај печатачите од Canon и кај печатачите од конкуренцијата. Ова е во согласност со условите за тестирање наведени во тестот за потрошувачка ISO/IEC за соодветната категорија.

      Трошоците по страница се пресметани од продажната цена на потрошните материјали наведена на веб-страниците на нивните производители која потоа се дели со потрошувачката што ја наведуваат производителите и што е официјално наведена во јавно достапните информации. Трошоците по страница се основани врз симулацијата за печатење шаблони за тестирање достапни во ISO/IEC24712 за инк-џет печатачи и ISO/IEC 19798 за ласерски печатачи во боја.

      Сите спецификации и податоци за перформанси од производителите се земени од јавно достапни информации, вклучувајќи, но не ограничувајќи се со, брошури и веб-страници на производителите. Потрошувачката на тонер и мастила од Canon и конкуренцијата се земени од спецификациите објавени од производителите.

      Заради фер споредба и давање прецизни податоци, податоците за потрошувачка на потрошните материјали се земени од потрошувачката на тонер или мастила со највисок стандард достапни во времето на издавање што биле одредени согласно ISO-стандардите. Споредбата не опфаќа комбинирани пакети, XL и мултикомплети. Овие податоци се достапни јавно.