Eddie Keogh - EOS-1D X Mark II

eddie_keogh.jpg

Запознајте се со хероите

Frits van Eldik

Погледни видео запис

„Овој фотоапарат е совршен за начинот на кој работам...“

Frits van Eldik, фотографот на мотоспорт, е еден од најдобрите светски фотографи кои снимаат објекти што се движат брзо. Со својот препознатлив стил и долгогодишно искуство, неговиот фотоапарат треба да биде доволно брз за да му ги задоволи потребите. Како се покажа EOS-1D X Mark II во неговите раце? Тој ги споделува своите размислувања за брзината на фокусот на фотоапаратот и неговата можност да ги долови сите моменти...

Frits van Eldik

„Неверојатен е!“ - нагласи Frits. Навистина е потребно многу за да се импресионира овој фотограф за мотоспорт, но денес тој е презадоволен. Штотуку се врати од снимање на Race Resort Ascari, приватна тркачка патека во близина на Малага во Шпанија, каде што го тестираше EOS-1D X Mark II со неколку многу брзи машини.

„Брзината е главниот збор што го опишува овој фотоапарат, како за стапката на слики, така и за автоматското фокусирање. Неверојатен е“ - изјави тој. „И квалитетот на сликата е фантастичен. Дури и кога фотографирате објекти наспроти сонцето, во сенките има огромна количина на детали. Квалитетот на датотеката е неверојатен, а врвниот сензор до 20,2MP и неговиот голем динамички опсег се навистина импресивни.“

Брзината е најважна во деловното работење на Frits, а можноста на EOS-1D X Mark II да сними остра слика со поголема брзина од ферарито е тоа што најмногу го импресионира. Со максималната брзина на групно фотографирање од 14 неверојатно остри слики со совршена експозиција во секоја секунда, не е ни најмалку чудно што холанѓанецот има причина за славење на неверојатното достигнување на Canon.

„При тестирањето на фотоапаратот забележав дека сите слики од групното фотографирање беа совршено остри,“ - признава тој. „Тоа беше навистина неверојатно. Чувството кога фотоапаратот снима група слики со толку голема брзина е зачудувачки. А кога ќе започне фотографирањето, веднаш добивате многу добра идеја дека сè што снимате е остро, дека автоматскиот фокус си ја врши работата и ги заклучува подвижните објекти, па сè што останува е да се фокусирате на обликувањето на кадарот. Да, можете многу повеќе да се потпрете на фотоапаратот од порано, знаете дека може да го направи токму тоа за што е создаден.“

Faster workflow, sharper screen

Побрз работен процес, поостар екран

Благодарение на импресивната брзина за групно фотографирање, Frits е потполно сигурен кога го користи за снимање со прегледување во живо и обликување на кадарот. А, со додавањето на WiFi адаптерот WFT-E8, подобрувањата се зголемуваат за уште едно ниво. „Го користев за активирање на блендата преку таблет-уред, кога фотоапаратот беше монтиран на автомобилот,“ - објасни тој. „На таблет-уредот веднаш се добива сликата во соодветна големина, за лесна проверка на фокусот и кадарот.“

Frits веднаш го забележа подобрувањето на екранот на EOS-1D X Mark II, кој е многу подобар од тој кај EOS-1D X, благодарение на неговите 1,62 милиони пиксели. „Острината на сликите сега можете да ја проверите прецизно и лесно на самиот фотоапарат, што значително го подобрува мојот работен процес, а тоа значи дека не мора да чекам за да ја проверам острината на мојот лаптоп подоцна. Тоа можам да го правам додека фотографирам, на самата патека, така што ова мало подобрување ми го олеснува животот за 100 проценти.“ - кажа Fritz.

Задоволство кога го користите при слаба осветленост

Frits е привикнат да фотографира во секакви услови на осветлување, а нас ни беше важно да симулираме стандарден работен ден на патеката Ascari, што значеше дека треба да се почне со работа многу рано...

„Рано изутрината, пред да изгрее сонцето, фотографирав со ISO 16.000 додека светлината полека почнуваше да ги осветлува автомобилите. Оваа светлина ми е омилена и ме потсетува на еден од моите омилени 24-часовни мотоспорт настани, Ле ман, кога се појавуваат првите зраци светлина. Кога ги погледнав сликите бев презадоволен, а сè уште беше време за појадок!“ - се насмевна тој.

„Се сеќавам на слично искуство кога за прв пат го тестирав EOS-1D X пред неколку години, но во ниту еден момент не користев толку големо ISO. Сега со новиот сензор можам да го направам тоа без да се грижам за квалитетот на сликата. Зголемувањето на маргината на грешка и подобрите перформанси на ISO навистина отвораат нови креативни можности, особено кога фотографирам со краток временски рок.“

„Како да бев навикнат да го користам фотоапаратот,“ - потврди тој. „Системот на менито е ист како кај EOS-1D X и ми беше многу практичен кога го користев со сите мои објективи. Фотографирав со сета опрема што ја имам, почнувајќи од EF14mm па сè до EF400mm, дури и со објективот за зумирање EF200-400mm со вграден додаток за продолжување од 1,4x. Сите објективи работеа одлично.“

„А тоа ме носи до друга одлична карактеристика,“ - продолжи Frits. „61-та AF точка при f/8 што ги нуди овој фотоапарат, заедно со точките за фокусирање кои постојано светат во црвена боја. Двете подобрувања се практични за фотографи како мене. Користам многу долги објективи и сакам додатоци за продолжување, а можноста за користење автоматски фокус со сите од нив ќе биде навистина практично, а, пак, црвените точки за фокусирање овозможуваат многу полесно гледање на AF површините при слаба осветленост.“

Врвни перформанси за фокусирање

„Мора да признам, кога станува збор за автоматско фокусирање, и следењето со фокусот е многу подобро,“ - потврди тој. „Кога автомобилот се приближуваше кон мене со голема брзина, предизвикот беше да се задржи во фокус откако ќе ме одмине. Тоа не беше проблем со овој фотоапарат и зголемениот број на точки за автоматско фокусирање. Штом го заклучите фокусот на објектот, тој ќе остане заклучен.“

„Поставките можам да ги прилагодам како што ќе посакам. Ја прилагодив чувствителноста на следењето со фокусот преку поставките во менито. Ги прилагодив по желба и немам забелешка за перформансите. Сите поставки на фотоапаратот можат да се прилагодат. Тоа овозможува попрактично користење, а во мојата работа тоа е одлична придобивка!“

„Штом почнав да фотографирам со фотоапаратот, знаев дека ќе сакам да го задржам. EOS-1D X Mark II е совршен за начинот на кој работам. Започнав да ја користам серијата EOS-1 уште на почетокот од мојата кариера, почнувајќи од фотоапаратот EOS-1V па сè до најновиот модел. Сум ги користел сите, ама овој модел е најдобар од сите.“

„Инженерите од Canon навистина ги слушаат професионалците,“ - заклучи Frits. „Тие ме прашаа што треба да може да направи еден фотоапарат според мене, а јас бев презадоволен кога видов дека го реализирале тоа што го слушнаа. Штом започнеш да разговараш за нешто со Canon, тие создаваат решение за тоа, а потоа и го подобруваат уште повеќе! Ме восхитува таа нивна особина за да успеат – и да се надминат себеси. Иста е како и мојата.“

Повеќе за фотографот

Погледнете го целиот профил