The EOS 5D Mark IV captures a wedding in low light

Jeff Ascough

Спој од соништата

Jeff Ascough
Jeff Ascough

Амбасадор


Многу почитуваниот фотограф на свадби и амбасадор на Canon, Jeff Ascough, заедно со својата сопруга и партнер во фотографирањето, Sarah, откриваат како комбинацијата на значителните технолошки подобрувања во EOS 5D Mark IV им помогнале да го променат својот пристап кон фотографирањето свадби на нови и повозбудливи начини.

Jeff и Sarah Ascough имаат префинето око за детали. Фотографското дуо од UK кое е добитник на многу награди има завидна репутација низ целиот свет поради своите навистина прекрасни слики, полни со детали и снимени со репортерско око.

Затоа, кога добија можност да испробаат 5D Mark IV фотоапарат пред тој да влезе во сериско производство на една неодамнешна свадба во Романија, Jeff и Sarah беа нетрпеливи да видат колку подобри дигитални фајлови ќе произведе неговиот нов CMOS сензор со 30,4 мегапиксели. Дали ќе бидат доволно добри за да ги натераат да ги остават своите проверени работни фотоапарати 5D Mark III и 6D? Им требало околу една минута за да увидат дека начинот на создавање на RAW фајловите е целосно подобрен...

„Фајловите беа неверојатни,“ признава Jeff. „Кога за првпат ги видов фајловите на екранот Sarah мислеше дека веќе сум ги обработил. JPEG фајловите беа речиси совршени. Всушност, почнав да се прашувам зошто воопшто снимам RAW фајлови бидејќи JPEG фајловите беа навистина одлични. Тоновите на кожата беа прекрасни; градацијата од осветлените делови до многу осветлените делови беше многу порамномерна и успеав да извлечам многу повеќе детали од неосветлените делови пред да се појави шум. Динамичкиот опсег е многу подобрен.“


Предизвици со осветлувањето

За оваа венчавка на отворено, Jeff го користеше фотоапаратот во многу променливо осветлување со висок контраст. Температурата на воздухот од 38 степени би претставувала предизвик и за најпосветените фотографи, а секако и за опремата.

„Осветлувањето беше многу тешко!“ се сеќава тој. „Јас и Sarah фотографиравме изложени на сонцето поголем дел од денот. Церемонијата беше осветлена одзади, со многу одблесоци и како резултат на тоа имаше голем недостаток од контраст. Веднаш забележав дека EOS 5D Mark IV прекрасно се справува со одблесоците, особено со новиот објектив EF 24-105mm f/4L IS II USM. Веднаш ми влеа сигурност.“

Sarah исто така веднаш била воодушевена од перформансите на фотоапаратот. „Јас не сум многу технички фотограф,“ признава таа, „така што ми треба фотоапарат кој го испорачува она што го сакам во моментот кога ми треба. Jeff ги поставува фотоапаратите за нашиот стил на фотографирање, што ми го обезбедува сето потребно време да ги снимам специјалните моменти.

„Особено забележав огромна разлика во фокусирањето при слаба осветленост. Во ситуации кога 6D би имал мали проблеми и би „ловел“ остра слика, 5D Mark IV веднаш се заклучува и го задржува фокусот дури и кога гостите се движат наоколу. За мене, тоа е навистина фантастична придобивка.

„Со EOS 5D Mark IV почувствував огромна сигурност и бев многу среќна кога видов дека воопшто не е масивен или тежок. Навикната сум да го користам EOS 6D во мојата работа, но веднаш можев да увидам дека ќе се префрлам на овој нов модел колку што може побрзо.“

Jeff бил исто толку импресиониран од новиот објектив колку што бил и од фотоапаратот. За фотографот на свадби, овој пар бил совршен. „Самиот објектив е феноменално парче опрема,“ воодушевено раскажува тој. „Тој е навистина многу подобрен од неговиот претходник; разликата е неверојатна.“

Тој продолжува: „Една од работите со кои во моментов се соочуваме во фотографирањето свадби се молбите на клиентите да фотографираме подолго време и да снимиме повеќе фотографии, така што се трудиме да ја сведеме количината на опрема што ја носиме со себе на минимум. Објективите за зумирање се одлични, но еден од проблемите е што кон крајот на денот ја губите можноста за високи ISO вредности, така што ќе морате да носите побрзи примарни објективи само за тие периоди. Со повисоките ISO перформанси на 5D Mark IV, на располагање ви е еден дополнителен чекор, што е исклучителна предност кога фотографирате со објектив од f/4. Тој објектив е доволен за целиот ден, освен ако сакате ефекти со плитка длабочина на поле. Лично, сметам дека во моментов сум во фаза кога можам да ја завршам работата само со еден фотоапарат и објектив. Тоа ми овозможува повеќе да се концентрирам на она што го работам, без да треба цело време да менувам објективи и целосно сум убеден дека секогаш ќе го добивам саканиот резултат. Стабилизацијата беше извонредна, а острината достигна ново ниво.“

"Тој е навистина многу подобар од неговиот претходник. Разликата е неверојатна."

Можности за истражување

За Jeff, единствениот начин правилно да го спореди 5D Mark IV со 5D Mark III бил да ги исклучи сите функции. „Сите автоматски корекции – Дигитално оптимизирање на објективот, сè – беа исклучени за да можам детално да ги споредам можностите. Нема сомневање дека овој фотоапарат е навистина значителен чекор напред од секој аспект. Полесен е, што го прави многу привлечен за фотоапарат кој планирате да го користите цел ден, а при снимањето со две картички, никогаш не искусив ограничувања на меѓумеморијата. Освен тоа, фотоапаратот беше брз и имаше брз одзив; идеален придружник.“

Нова функција на EOS 5D Mark IV е Wi-Fi, многу барана функција за која Jeff многу се интересирал. „Wi-Fi е интересна придобивка за фотографите на свадби,“ раскажува тој. „Сега многу се зборува за онлајн платформи за фотографите за свадби за тие да можат директно да му ги прикажат свадбените фотографии од фотоапаратот на клиентот. Во моментов сето тоа е во почетна фаза, но сега технологијата е присутна во 5D Mark IV за таквиот работен процес да стане можен доколку клиентот го побара.“

Врвни перформанси за фокусирање

Освен високиот квалитет на фајловите, втората најважна работа за Jeff на свадбите е брзото фокусирање. „Деведесет проценти од времето користам централен фокус, а со 5D Mark IV, брзината беше значително поголема во споредба со III. За време на свадбата, една девојка приоѓаше кон мене слегувајќи по слабо осветлени скали. Снимив низа од четири или пет слики, а секоја од нив беше јасна бидејќи користев фокус со следење. Тоа не би можел толку успешно да го изведам со стариот фотоапарат. Тоа навистина беше големо откритие.“

Освен предностите во фокусирањето, Jeff забележал и колку лесно е да се постави и да се користи 5D Mark IV во споредба со неговиот Mark III. „Поставките на менито беа многу интуитивни и многу едноставни за употреба во споредба со претходниот модел. Можев да го поставам фотоапаратот токму како што сакам да го користам, без никакви проблеми.“

"Сега кога го испробав, ќе биде навистина тешко да се вратам на мојот стар EOS 5D Mark III."

„Сега кога го испробав, ќе биде навистина тешко да се вратам на мојот стар EOS 5D Mark III,“ признава тој. „Кога тој фотоапарат излезе пред пет години, мислев дека ќе го користам до крајот на кариерата. А тие ете го подобрија на ваков начин со овој нов модел! Ова е толку голем напредок што не сфаќате колкаво е подобрувањето додека не почнете да го користите. А кога ќе сфатите, не сакате да го испуштите од раце!“

„EOS 5D Mark IV е фотоапарат за кој не ни размислувате додека го користите. А за мене тоа е најдобриот вид на фотоапарат.“

Амбасадори и приказни

Амбасадорот Lorenzio Agius од Canon го користи EOS 5D Mark IV

Инспирација

Дознајте како функционира EOS 5D Mark IV во рацете на професионалните фотографи

Разгледајте повеќе