Model poses next to flowers

Lorenzo Agius

Разликата е во динамиката

Lorenzo Agius
Lorenzo Agius

Амбасадор


EOS 5D Mark IV може одлично да извршува многу задачи, но во рацете на фотографот на портрети Lorenzo Agius неговите перформанси достигнаа ново ниво. Со неверојатниот спој на брзина, квалитет и флексибилност, тој навистина овозможува нови начини за работа.

Lorenzo Agius е зафатен човек, кој комбинирано фотографира модни настани и портрети за многу познати клиенти. Сепак, кога му се укажа можност да испроба еден од првите фотоапарати EOS 5D Mark IV, пред тие да влезат во сериско производство, тој се потруди да најде слободен термин во својот распоред.

За време на продолжениот викенд тој учествуваше во две снимања, едно во неговото студио, а друго на терен, при што ги тестираше речиси сите нови функции на фотоапаратот. Дали беше импресиониран? „Сметам дека фотоапаратот речиси нема маани,“ вели тој, додавајќи дека комбинацијата на брзина и квалитет е идеална комбинација. „Можам да фотографирам многу побрзо отколку со мојот EOS 5DS и тоа е навистина голема предност. За модното фотографирање и портретите понекогаш треба да снимите повеќе слики во секунда за да го доловите вистинскиот момент.“

EOS 5D Mark IV снима слики во RAW формат со 30 мегапиксели со најголема брзина од 7fps и се справува со толку голема количина податоци благодарение на развивањето на процесорот DIGIC 6+, кој исто така помага и за квалитетот на сликата. „Кога снимав на локацијата веднаш забележав дека сликите имаат поголем динамички опсег. Ако осветлувањето непредвидливо се смени или моделот се помести малку настрана од осветлувањето, знам дека можам да ја вратам осветленоста во обработката по снимањето без да се намали квалитетот на сликата.

„Тоа го забележуваме токму сега кога дополнително ги обработуваме и детално ги разгледуваме сликите од снимањата. Кога снимам на локација, често се наоѓам во непредвидливи ситуации, така што ако во сликата со најдобриот израз на лицето на моделот осветлувањето не било идеално, потребна ми е можноста да го поправам тоа. Во мојата професија клучно е да се има маргина на грешка, а овој фотоапарат ми ја овозможува маргината на грешка која ми е потребна.“

Таквата флексибилност, како и можноста за „враќање“ од неочекуваните ситуации, може да се најдат и во другите аспекти на спецификациите на EOS 5D Mark IV. „Отсекогаш мислев дека EOS 5D Mark III е прилично добар во обработката на слики со високи ISO вредности – со задоволство користев ISO вредности од 1500-1800. Но, на истото ниво на чувствителност, EOS 5D Mark IV е значително подобар и сигурен сум дека би можел да ги поставам вредностите многу повисоко. Тоа ми дава слобода да користам каква сакам решетка и брзина на бленда, во каква ситуација и да се наоѓам,“ вели тој.

„Тука е и Dual Pixel RAW – неверојатно!“ - извикна тој. „Уживам да фотографирам со широка решетка за да добијам мала длабочина на поле, но кога ги користите објективите како EF 85mm f/1.2L II USM со широк отвор на објективот, нема многу простор за грешка. За мене е многу фрустрирачки кога пропаѓа една инаку одлична фотографија само заради тоа што едното око не е во фокусот или моделот малку мрднал токму пред да ја снимам фотографијата. Но, ако снимам Dual Pixel RAW фајл, тогаш може да ја прилагодам точката на исклучителна острина по фотографирањето.

"Искрено, не сум сосема сигурен како планираат да го подобрат овој фотоапарат. Многу ми е мило што тоа не е мој проблем."

„Сега можам да ги употребам и тие фотографии, така што секогаш ги имам најдобрите моменти од фотографирањето и покрај можните проблеми со фокусирањето, експозицијата или осветлувањето. Она што најмногу ми се допаѓа кај овој фотоапарат е начинот на кој ме ослободува и ми нуди повеќе можности и поголема слобода. Имам повеќе можности да ја добијам саканата фотографија, а тоа е многу важно. Кога имате само неколку минути со славните личности, навистина не сакате да испуштите некоја прилика. Canon ме поштеди од непријатностите да имам дефокусирани фотографии или фотографии со лоша експозиција, и затоа го обожавам!“ вели тој.

Поинаков поглед на нештата

Како и некои други понови EOS фотоапарати, EOS 5D Mark IV може да ги следи луѓето во Прегледување во живо додека тие се движат во кадарот, прилагодувајќи го фокусот за тие да останат остри. Иако оваа технологија е особено важна за оние кои снимаат видеозаписи, Lorenzo ја користел и при фотографирањето.

„Кога фотоапаратот е прицврстен на статив и поставен на опцијата Прегледување во живо, можам да го заклучам фокусирањето на лицето на мојот модел за тоа секогаш да биде во фокус. Тогаш можам да фотографирам без да гледам низ визирот, па дури и без да бидам зад фотоапаратот, што ми овозможува многу подобро да комуницирам со луѓето кои ги фотографирам,“ објаснува тој. „Фотоапаратот веќе не претставува дел од равенката, така што јас можам пријателски да разговарам со моделите.

Lorenzo работел на овој начин со помош на далечинско прегледување во живо на таблет-уред поврзан со EOS 5D Mark IV преку Wi-Fi, користејќи ја апликацијата Canon Camera Connect. На овој начин можел да го контролира фотоапаратот и далечински да фотографира - искуство кое тој го споредува со користењето фотоапарати за голем формат.

„Тоа е како да се вратите во времето на фотографите како Richard Avedon: тој не гледал низ објективот на својот фотоапарат 10x8 при користењето, бидејќи тоа не е можно. Тој стоел до него додека зборувал со својот модел, а токму тоа го направив и јас кога го користев EOS 5D Mark IV. Беше извонредно! Добивам резултати со голема острина и подобри изрази на лицата - исто како да имам оператори за фокусирање и осветлување до мене, само што јас снимам фотографии.“

Lorenzo вели дека овој наин на работа го потсетува на побавниот, повеќе промислен начин на фотографирање типичен за филмската фотографија. „Дигиталното може да биде малку автоматско: притиснувате копче и ако не успеете овој пат, ќе успеете во некој од следните обиди. На крајот сигурно ќе ја добиете саканата фотографија доколку снимите доволно фотографии, што за мене е малку мрзливо. Фотографирањето на овој начин, побавно и со целото мое внимание посветено на моделот, ми овозможи многу поуспешни резултати. На некој начин се чувствував повеќе задлабочено.

"Фотоапаратот веќе не е дел од равенката, а јас можам пријателски да разговарам со моделите."

Lorenzo Agius photographs with EOS 5D Mark IV

Успешен во сите области?

EOS 5D Mark IV е опишан како „сеопфатен“ фотоапарат, а Lorenzo се сложува со тоа, иако веднаш посочува дека универзалните перформанси не се постигнати со правење компромиси. „Мислам дека, без разлика какви фотографии снимате, постои нешто во овој фотоапарат што ќе ви биде од голема корист и ќе ви овозможи да пробате нови работи,“ - вели тој. „Ако сте новинар и фотографирате во услови на слаба осветленост, ќе ви се допадне можноста за високи ISO вредности. Доколку фотографирате спорт или дивина, на располагање ви е снимањето со 7fps и сличен AF систем како оној на EOS-1D X Mark II. А доколку фотографирате портрети како мене, тогаш ќе можете да правите сè што ќе посакате со само еден фотоапарат.“

„Фокусирање, брзина и квалитет на слика. Моите асистенти и дигитални оператори кои го видоа фотоапаратот кога го користев и кои ги видоа фајловите кои тој ги произведе, беа воодушевени. Стоеја со подотворени усти.“ вели тој.

Lorenzo исто така поседува и два фотоапарати EOS 5DS. „Претпоставувам дека ќе ги употребам кога навистина ќе ми биде потребна дополнителната резолуција за слики за билборди или слично, но EOS 5D Mark IV е побрз, има поширок динамички опсег и фокусира подобро, а ја нуди и неверојатната флексибилност за која разговаравме - Dual Pixel RAW и слично. Мислам дека ова е првиот фотоапарат што сум го користел без да помислам „неверојатен е, но нешто недостасува.“

„Едноставно немаше никакво разочарување за мене, уредот е на друго ниво. Без разлика дали сте професионалец или аматер, ќе добиете подобри фотографии и ќе можете да ги употребувате сликите кои порано не би можеле. Искрено, не сум сосема сигурен како планираат да го подобрат овој фотоапарат. Многу ми е мило дека тоа не е мој проблем.“

Амбасадори и приказни

Амбасадорот Lorenzio Agius од Canon го користи EOS 5D Mark IV

Инспирација

Дознајте како функционира EOS 5D Mark IV во рацете на професионалните фотографи

Разгледајте повеќе