Young gypsy child stands in a shaft of light

Paolo Pellegrin

Живот при слаба осветленост

Paolo Pellegrin
Paolo Pellegrin

Амбасадор


Paolo Pellegrin, препознатливиот фоторепортер во Magnum и амбасадор на Canon, говори за неговите искуства при првото користење на новиот EOS 5D Mark IV и како тој се споредува со претходните DSLR фотоапарати од серијата EOS 5D.

Кога работи на својот уникатен стил на снимање документарни фотографии, Paolo Pellegrin на свој начин им се вовлекува во кожа на своите објекти за да ги открие нивните најинтимни моменти. Неговиот стил бара смиреност и дипломатија, како и вештина со фотоапаратот. Всушност, способноста на Paolo да изгради врска со неговите објекти е од исклучително значење за нивната доверба во него и за навлегувањето во нивните животи.

Во една од своите најнови авантури, Paolo зема еден модел во изработка од EOS 5D Mark IV во Рим, Италија, кадешто помина одредено време со едно ромско семејство кое живее во градот, и кадешто го снимаше нивниот секојдневен живот и култура. Овој проект е совршен пример за тоа зошто Paolo има толку долга и добра соработка со серијата EOS 5D – комбинацијата кај фотоапаратот од квалитетот на целосната слика, врвните перформанси и преносливоста му овозможуваат да долови сè, од улични портрети до пејзажи при слаба осветленост.

Кога зборувавме со Paolo околу неговото искуство со новиот фотоапарат, тој веќе беше зафатен со документирање на настаните во Ирак, работејќи во градови како Рамади и Фалуџа. Преку навистина лошата телефонска врска, тој успеа да ни ги каже своите први впечатоци...


„Го користам EOS 5D од самиот почеток и можев да ја увидам еволуцијата на фотоапаратите низ годините,“ вели Paolo. „Иако го имав EOS 5D Mark IV само неколку дена во Рим, тој остави навистина голем впечаток на мене, особено кога го користев во услови на слаба осветленост.“

Многу од сликите кои Paolo ги сними во Рим беа снимени ноќе - една од причините зошто тој ги претпочита примарните објективи наместо објективите за зумирање. „Една од работите коишто веднаш ги забележав беше одзивот на автоматскиот фокус кога снимав на тие темни локации, а тоа за мене многу значи,“ вели тој. „Згора на тоа, квалитетот на сликата во такви услови е подобар. Кога ги видов RAW фајловите, најпрво забележав дека има помалку шум од кога било и многу повеќе детали во сенките.“

Снимањето во движење исто така ја нагласува и важноста на квалитетот на LCD екранот. Со екранот на допир од 3,2 инчи со висока резолуција, EOS 5D Mark IV го прикажува квалитетот на снимените фајлови на Paolo со неверојатни детали, овозможувајќи му да ги прегледува и да ги уредува онаму каде што патува, без потреба да отвора лаптоп.

Paolo многу го цени големиот број на пиксели на EOS 5D Mark IV. „Правам многу големи копии за изложби, така што поголемиот број на пиксели е секогаш добредојден,“ коментира тој.

"Јас всушност го користам постојано, и внатре и надвор. За мене таа е една од најдобрите функции на овој фотоапарат."

Едноставно

Paolo снима со ограничен избор на примарни објективи, кај коишто во преден план е нивниот квалитет на сликата и брзите решетки, како и креативноста која му ја нуди единечната фокусна должина. „Вообичаено користам примарни објективи од 28mm, 35mm и 50mm,“ ни открива тој. „Ги имам брзите верзии EF35mm f/1.4L II USM и EF50mm f/1.4L II USM од тие два објектива, а уживам да го користам и EF28mm f/2.8 II USM, којшто е многу мал.“

Во торбата на Paolo се и објективите EF24-70mm f/2.8L II USM („Колку и да не сум обожавател на зумирањето, тоа е навистина одличен објектив!“) и EF40mm f/2.8 STM „во вид на палачинка“ - наречен така поради својот минијатурен дизајн.

Кога ја гледате неговата опрема, улогата којашто таа ја има во дискретниот работен стил на Paolo ви станува сѐ поочигледна. Тој сака да биде лесен и ненаметлив и да реагира брзо без да привлекува внимание. Секако, во ова многу му помагаат функциите на новиот EOS 5D Mark IV . Земете го за пример режимот за нечујно фотографирање – еволуција во технологијата која можеше да се најде во претходните 5D фотоапарати. „Кога Canon го воведе режимот за нечујно фотографирање, за мене тоа беше апсолутна пресвртница,“ вели Paolo. „Јас всушност го користам речиси цело време, и внатре и надвор. За мене таа е една од најдобрите функции на системот на овој фотоапарат.“

За Paolo новост беше и можноста за брз пренос на слики кон таблет уред, благодарение на Wi-Fi/NFC режимот на EOS 5D Mark IV. Оваа нова функција на фотоапаратот уште повеќе го импресионираше, особено со фактот дека, доколку дојде до таква ситуација кадешто ќе треба брзо да сподели нешто или да снима далечински преку апликацијата Canon Connect, тој ќе може да го стори тоа со голема леснотија.

EOS 5D Mark IV е многу прилагодлив фотоапарат, и иако Paolo го имаше својот едноставен фотоапарат на само неколку дена, тој веќе почна да ги чувствува придобивките од подобреното ракување. „Бев пријатно изненаден од екранот на допир. Јас всушност не знаев ништо за него сѐ додека не го фатив фотоапаратот во рака,“ се смее. „Но многу е брз при користењето и ми се допаѓа како можете да пребарувате слики и да зумирате за да ги погледнете деталите.“

„Немав некоја причина да ги користам вградените Wi-Fi и GPS, но можно е да имам потреба од нив во иднина. GPS е интересна функција и би била корисна во мапирањето на локациите, како оние пустински локации на Средниот Исток.“

"Кога Canon го воведе режимот за нечујно фотографирање, за мене тоа беше апсолутна пресвртница,"

Paolo Pellegrin photographs gypsy children with EOS 5D Mark IV

Од разговорот со Paolo, јасно е дека кај серијата EOS 5D не е само една функција привлечна за фоторепортерите. Напротив, се работи за фотоапаратот како сеопфатен уред: DSLR што може да извршува многу функции навистина добро. А EOS 5D Mark IV е во одлична положба да ги следи чекорите на своите револуционерни претходници.

Тој додава: „Навистина, за мене е многу важна големината на фајлот и неговиот квалитет, особено при слаба осветленост. И секако, функциите како AF, којшто постојано се подобрува. Овде во Ирак немам фотоапарат, но навистина посакувам да имав. Едвај чекам повторно да го користам во иднина...“

Амбасадори и приказни

Амбасадорот Lorenzio Agius од Canon го користи EOS 5D Mark IV

Инспирација

Дознајте како функционира EOS 5D Mark IV во рацете на професионалните фотографи

Разгледајте повеќе