Joseph Penney

Звуци во предградието на Париз
Од Joseph Penney

Во околината на Seine-Saint-Denis, на северната страна на Париз, живее генерација чии семејства мигрирале од поранешните француски колонии за да помогнат во обновувањето на Франција по војната. Овој дел е воедно и најсиромашниот дел во земјата.

Но, иако тука повеќето луѓе се маргинализирани, во предградијата во Франција се родиле некои од најдобрите современи глумци, изведувачи и музичари, меѓу кои и глумецот Omar Sy и комичарот Jamel Debbouze, оформени според нивната борба против вкоренетите стереотипови.

Ichon, 25-годишен рапер чии родители емигрирале од Камерун и пораснале во Монтреј, населба во Seine-Saint-Denis, сака неговата музика да ја отстрани поделбата помеѓу метрополитскиот Париз и запуштените предградија.

Joseph Penney

„Овде имам пријатели со кои израснав и кога им кажав дека сум бил во Париз, тие си велеа „Леле, Париз“, како тоа да беше којзнае колку важна работа“, изјави тој. „Тие мислеа дека Париз не е за нив. Но, јас мислам дека тоа е индивидуален избор“.

Музиката на Ichon е спој од рап и други жанрови. Освен музика, тој ужива и да готви - страст која ја наследил од своите родители кои имале ресторан во Монтреј.

Joseph Penney

„Животот е како музички спот. На некој начин, сè е лага. Вие избирате на кој начин ќе го гледате. Вие го избирате вашиот живот, вие го избирате вашиот музички спот“, вели Ichon.

Joseph Penney

Worms-T, чие семејство потекнува од Алжир, е исто така рапер од Seine-Saint-Denis, кого локалните жители го нарекуваат „le 9-3“ по бројот на областа во која живее.

Тој живее со неговата сопруга и неговиот татко, ја зема ќерката од училиште секој ден и не пие ниту пуши, но иако има 28 години, неговите текстови отсликуваат многу поинаков начин на живот во предградијата.

„Во 9-3, нашите заедници се навистина обединети. Ако сите се одлучеа за живот со насилство, криминал и лесна заработка на пари, тогаш во 9-3 ќе имаше само богати луѓе. Но, богатите се на другата страна од оградата“, вели тој, посочувајќи на автопатот кој го обиколува метрополитски Париз.

Joseph Penney

Worms-T рапува за тоа што знае: пречките во животот во предградијата, неговата екипа La Rue La Vraie (Вистинската улица), криминалот и неговиот план за освојување на рап сцената.

Joseph Penney

Неговите меланхолични рими се однесуваат на лошата слика што повеќето французи ја имаат за бетонските имоти, дури и ако раперот вели дека ги смета предградијата за места за семејства и пријатели.

„За што сакаат да слушаат луѓето од предградијата? Тие сакаат да слушаат за насилство, па затоа им го нудам токму тоа“, вели Worms-T. „Исто како да го отворате вашето срцето, но тоа е темно. Ние го отфрламе тоа што ни го ставаат во срцата“.

Joseph Penney

Имиграцијата и идентитетот се жешки теми за разговор во Франција пред претседателските избори следната година. Партиите против имиграција стануваат сè посилни низ Европа, исто како и десничарската Front National на Франција.

„Младите изведувачи од генерацијата на Le 9-3 имаат различно потекло, но исто размислување дека предградијата се изолирани од главното општество и лошо се претставени во печатот.

Joseph Penney

Дизајнерката Aisse N'diaye ги изразува своите мавритански корени преку облеката што ја дизајнира, наречена Африканиста.

Нејзината најнова колекција се вика „Liberte, Egalite, Affaire de papiers“, игра на зборови од националното мото на Франција и борбата со која се соочуваат имигрантите за добивање документи за лична идентификација. Таа комбинира маички со имиња на африкански населби во Париз со црвени еполети изработени од плетени PVC кеси за пазарење.

Joseph Penney

„Африканските жени се силни, па на овој начин ја изразувам нивната сила и независност - тоа се жени кои се горди на своето потекло и знаат што сакаат“, вели N'diaye.

„Јас сум Французинка. Но, денес во Франција луѓето не ме признаваат како Французинка... Кога ќе се случи нешто лошо, секогаш е вина на имигрантите или на луѓето од муслиманска вероисповед“.

Joseph Penney