Marcelo del Pozo

Белите села на Шпанија кријат слика од далечното минато

Од Marcelo del Pozo

Интересните групи на куќи во форма на коцки изградени на врвот на планините со маслинови дрва во Андалузија наречени „Pueblos Blancos“ или бели села во јужна Шпанија го добиле своето име по варта со која се премачкани куќите за да не се загреваат.

Marcelo del Pozo

Лавиринтите со тесни улички потсетуваат на времето кога овој регион бил наречен Al-Andalus и бил дел од средновековната муслиманска територија. Повеќето имиња имаат арапско потекло, како Alcala што значи „замок“.

Друг показател на нивното античко минато е често користената наставка „de la Frontera„ или „граница“, која потекнува од времето кога Шпанија била поделена на христијански и муслимански територии.

Marcelo del Pozo

Локалните фестивали опфаќаат религиозни процеси, каде што мажите влечат статуи украсени со цвеќиња по камените улици, па сè до трки со бикови, при што во селото се пуштаат бикови, а натпреварувачите бегаат зад решетки за да се спасат од нивните рогови.

Marcelo del Pozo

И покрај тоа што овој регион е прекрасен и привлекува многу туристи што ја посетуваат Јужна Шпанија, тој е еден од најсиромашните делови во земјата и има една од највисоките стапки на невработеност во Европската Унија.

Marcelo del Pozo

Во 2015 година, Андалузија беше прогласена за европски регион со втора највисока стапка на невработеност од Eurostat, со речиси секое трето лице невработено. Повеќе од половината млади луѓе се невработени.

Marcelo del Pozo

Овде луѓето живееле воглавно од индустријата за маслиново масло - Шпанија е најголемиот производител на маслиново масло – но очекувањата се менуваат и младите не сакаат да работат многу часови по фармите за малку пари.

„Младите бегаат по градовите“, вели 19-годишниот Jose Maria Cortijo, кој живее во белото Vega de los Molinos, дел од Arcos de la Frontera, сместено на повисоко место со долина во подножјето.

Marcelo del Pozo

Со тоа се согласува и Agustin Pina, производител на сирење во околното село Villaluenga del Rosario сместено во средината на националниот парк Sierra de Grazalema.

„Младите не сакаат да работат во полињата, бидејќи тоа е ропски живот“, вели 58-годишниот човек што обработувал земја целиот свој живот. „Тие сакаат да работат од понеделник до петок“.

Marcelo del Pozo

Животот во селото е тивок и мирен и потсеќа на подалечно време, велат жителите.

„Кога ќе појдам до големите градови едвај чекам да се вратам дома“, вели 50-годишната мајка на Cortijo, Maria Jose Manzano. „Таму постојано има врева, гужва и стрес“.

(напишано од Sonya Dowsett)