Копање во градот - урбани швеѓани се навраќаат на корените
Од Maxim Shemetov и Helena Soderpalm
Ова се случува на покривите на зградите, на балконите, па дури и на пруга што не се користи: швеѓаните добија желба за урбано градинарство како начин за одгледување свежа храна и доближување до природата.
Како дел глобално движење, сè поголем број на шведски жители одгледуваат храна во стаклени кутии и ниви или посетуваат јавни градини изградени во или на индустриски канцелариски згради.
„На покривите може да создадеме зелени градови“, вели John Block, кој води туристички тури во ботаничката градина на покрив Augustenborg во Малмо.
Со површина од 9.500 квадратни метри над блок локални владини згради, градината нуди многу повеќе од само убава глетка, вели тој.
„Со помош на овие зелени површини создаваме подобра урбана средина со нивниот капацитет за ладење и намалување на загаденоста на воздухот“.
Инспириран од градината Highline во Њујорк направена на подигната пруга и обновената земја Prinzessinnengarten во Берлин, Стокхолм претвори пруга што не се користи во општински простор за стотици аматерски градинари.
Пред пет години, локалниот жител Philipp Olsmeyer сакаше да ја направи областа Sodermalm позелена и се обрати кај локалните власти со својата идеја за Tradgard pa Sparet - шведски за „градина на пруга“.
„Сега тука има приближно 200 кутии за садење. Некои од нив ѝ припаѓаат на асоцијацијата, а некои на училиштата“, изјави тој.
Неколку милји подалеку, градината Rosendals е градска фарма која им е позната на жителите на Стокхолм кои одат таму за да јадат свеж зеленчук, овошје и зачини во еколошкиот кафе бар.
Pelle Mattsson ја спојува својата работа како илустратор и графички дизајнер со градинарството во Rosendals, нешто што му помага на овој жител да биде во тек со променливите времиња.
„Градинарството во Шведска е сезонско и затоа мислам дека е добра комбинација“, изјави тој.
„Седиш во студиото и црташ и работиш неколку дена во градината“.