Compact and portable hero image projector close up

Проектори за деловно работење и образование

Разновидни опции за проектирање во канцеларии и училници.

Серија XEED WUXGA Laser од Canon

На професионалците што сакаат монтажни ласерски проектори со врвен квалитет за рекламна, медицинска и образовна намена, палетата XEED LASER од Canon им нуди нов дизајн со централно поставување на објективот, ласер за кој е потребно минимално одржување, поврзување со HDBaseT и избор од шест објективи.

Canon XEED LASER Series

Серија XEED WUXGA Laser

Ласерски проектори LCOS што се одликуваат со мали потреби за одржување, голема светлина и прецизни бои

Canon XEED LASER Series

Разновидни опции за инсталирање

Ако барате деловен проектор, проектор за образовни опкружувања или ласерски проектор, тогаш оваа палета ќе ви понуди соодветен модел за вашето опкружување. Благодарение на режимите за флексибилно ракување и разновидните опции за поврзување со висока резолуција, овие проектори можат да се интегрираат речиси насекаде. Моделите со проекција на мала оддалеченост и извонредно мала оддалеченост се идеални за користење на места каде што просторот е ограничен.

Connectivity wide view man projector presentation

Висококвалитетни слики

Напредните оптички системи на Canon се дизајнирани да го оптимизираат приказот на висококвалитетни слики на проекторот. Овие проектори се одликуваат со DLP технологија или напредна технологија на LCOS панели за добивање остри и прецизни слики со реалистични бои и сооднос на контраст кој овозможува одлични црни тонови и извонредни детали.

WUX6500 Close up angle beauty shot

Не го пронајдовте тоа што го баравте?