Решенија со можност за проширување наменети за секакви опкружувања.
На професионалците што сакаат монтажни ласерски проектори со врвен квалитет за рекламна, медицинска и образовна намена, палетата XEED LASER од Canon им нуди нов дизајн со централно поставување на објективот, ласер за кој е потребно минимално одржување, поврзување со HDBaseT и избор од шест објективи.
Ласерски проектори LCOS што се одликуваат со мали потреби за одржување, голема светлина и прецизни бои
Користењето на проекторите не може да биде поедноставно. Функциите за моторизирано зумирање, фокусирање и поместување на објективот може да се менуваат преку далечинскиот управувач со прецизност од половина пиксел - совршено за монтирање на еден или повеќе проектори, како што се системите за редење, спојување и системите во вид на куполи. Лампите со висока ефикасност се поставени на задната страна, а филтрите за воздух треба само да ги извлечете. На овој начин, одржувањето на проекторите е брзо и лесно.
Надополнете го вашиот проектор. Изберете некој од петте заменливи објективи со врвен квалитет наменети за проекторите XEED или некој од осумте објективи наменети за палетата LX.
Благодарение на оптичкиот систем AISYS за извонредно јасни слики и големиот избор на достапни влезови, овие професионални проектори нудат слика со фантастичен квалитет и разновидни опции за поврзување. Хардверското спојување на рабовите овозможува беспрекорно спојување на повеќе проектори. Трапезоидната корекција во четири точки овозможува остри и прецизни слики дури и кога проектирате под агол.
Мултимедиумски проектори
Од простори за состаноци до амфитеатри