REDLINE CHALLENGE ПРЕДИЗВИК

Правила и услови

1. ПРОМОТОР И УЧЕСНИЦИ

1.1. Промоторот е Canon Europa N.V., со седиште на Bovenkerkerweg 59, 1185 XB, Amstelveen, The Netherlands („Canon“). Секоја компанија, филијала, партнерство или друг субјект коишто повремено се контролирани или се наоѓаат под општа контрола на Canon ќе се нарекуваат „подружници на Canon“, а Canon и подружниците на Canon заедно ќе се нарекуваат „Групација Canon“.

1.2. Сите натпреварувачи („учесници”) мора да се аматерски фотографи, коишто се жители на Луксембург, Швајцарија, Белгија, Обединетото Кралство, Ирска, Холандија, Шведска, Норвешка, Австрија, Германија, Данска, Италија, Финска, Шпанија, Португалија, Франција, Бугарија, Хрватска, Грција, Романија, Словенија, Србија, Македонија, Украина, Босна, Израел, Узбекистан, Азербејџан, Јужна Африка, Средниот Исток, Естонија, Латвија, Литванија. Бахреин, Иран, Ирак, Јордан, Кувајт, Либан, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Сирија, Обединети Арапски Емирати, Јемен, Алжир, Бенин, Буркина Фасо, Бурунди, Камерун, Зелен ’Рт, Централноафриканска Република, Чад, Комори, Демократска Република Конго, Џибути, Египет, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Етиопија, Габон, Гана, Гвинеја, Гвинеја-Бисао, Брег на Слоновата Коска, Кенија, Либерија, Либија, Мали, Мавританија, Мајот, Мароко, Нигер, Нигерија, Република Конго, Руанда, Света Елена, Сао Томе и Принсипе, Сенегал, Сиера Леоне, Сомалија, Јужен Судан, Судан, Танзанија, Гамбија, Того, Тунис, Уганда, Западна Сахара на возраст над 18 години и да имаат важечки пасош. 

1.3. Професионални фотографи или лица коишто заработуваат над 20 % од годишниот приход од фотографирање и вработените на Групацијата Canon, нивните семејства, агентите и други страни коишто се директно вклучени во натпреварот, како и спонзорите, немаат право на учество. 

1.4. Со учеството во натпреварот, сите Учесници се смета дека се согласуваат со одредбите и условите освен ако не бидат поинаку известени по писмен пат. 

2. НАТПРЕВАРОТ

2.1. Времетраење на натпреварот: Пријавување во периодот од 00:01 GMT на 22 март 2021 до 23:59 заклучно со 31 мај 2021.

2.2. Посетете ја https://www.canon.com.mk/redline-challenge/ за да ги внесете вашите лични податоци (име, адреса за е-пошта, држава на живеење) во онлајн формуларот и да ја одговорите анкетата. Потоа прикачете слика којашто ги исполнува критериумите наведени во клаузулата 3 за да се вклучите во натпреварот.

2.3. Нема потреба да купите нешто. Учеството во натпреварот е бесплатно и не е задолжително фотографиите да бидат снимени со уред од Canon.

2.4. За да се пријавите, потребен ви е пристап на интернет и важечка адреса за е-пошта.

2.5. За времетраењето на натпреварот, дозволено е испраќање до 20 фотографии по лице, но секој Учесник може да победи само еднаш. За секое ново учество се испраќа нова фотографија; не може да ја испратите истата фотографија повеќе од еднаш.  

2.6. Нецелосните, неважечките или несоодветните фотографии, како и фотографиите коишто ќе пристигнат по датумот на затворање на натпреварот, 31 мај 2021, GMT 23:59, нема да се стекнат со право на објавување или награда. 

2.7. Со поднесувањето на фотографија, секој Учесник на Групацијата Canon ѝ дава дозвола којашто е неотповиклива, светска, без авторски надоместок, бесплатна и пренослива за објавување, одново објавување, прикажување и користење на фотографијата за сите цели поврзани со натпреварот, вклучувајќи го тука, без ограничување, нејзиното прикажување на веб-страниците на Групацијата Canon, сметките и/или каналите на социјалните медиуми на Групацијата Canon, други веб-страници на Групацијата Canon или нејзините агенти/изведувачи, како и употребата во рекламни материјали (вклучувајќи и изложби) поврзани со натпреварот во период до една година по завршувањето на натпреварот. Секој Учесник ѝ дава дозвола на Групацијата Canon и нејзините агенти/изведувачи да ја провери, измени или отстрани фотографијата доколку смета дека таа е целосно или делумно несоодветна за прикажување на веб-страницата за натпреварот или во какви било други материјали коишто се поврзани со натпреварот. Учесниците на натпреварот се согласуваат да бидат признаени и/или наведени како автори или создавачи на фотографијата којашто ја испратиле за учество во натпреварот.

3. КРИТЕРИУМИ ЗА ФОТОГРАФИИТЕ

3.1. Испратената фотографија мора да ги исполнува следните критериуми:


a) Да го исполнува предизвикот „Светло во мракот“, односно да ја прикаже нераскинливата врска помеѓу светлината и сенките, контрастот и боите;

b) Креативност – Дали фотографијата е оригинална?

c) Влијание – Какви емоции или реакции побудува фотографијата? Дали фотографијата е интересна и поттикнува емоции и размислување? 

d) Технички способности – Дали фотографијата е снимена на начин којшто покажува разбирање на функциите на фотоапаратот и содржината којашто се снима? 


3.2. Големината на фотографијата треба да биде 150DPI, 2000 px долж најдолгата страна. Учесниците не смеат да прикачуваат фотографии коишто веќе биле објавувани или наградувани преку промоции организирани од промоторот или друг субјект.

3.3. Поднесената слика не смее да биде прекумерно уредена или изменета, како на пример: без додавање или отстранување објекти од сликата, без спојување на слики и без водени печати (повеќе детали погледнете во клаузулата 4.2 vi). Имајте предвид дека ова не е детален список со примери. 

4. УСЛОВИ НА НАТПЕРАВАРОТ

4.1. Фотографијата мора да биде оригинална и снимена од страна на Учесникот.

4.2. Фотографијата којашто ја поднесува Учесникот не смее да содржи:


i) препознатливи личности, освен ако Учесникот може да докаже дека лицата ја дале потребната писмена согласност за поднесување на фотографијата, како и за нејзино користење и објавување од страна на Групацијата Canon согласно клаузулата 2.7 од одредбите и условите (имајте предвид дека Учесникот има обврска да ја обезбеди соодветната дозвола, како и уредно пополнетите обрасци за согласност за користење на фотографијата); или

ii) уметнички дела, освен ако учесникот може да докаже дека обезбедил дозвола за користење и објавување на уметничките дела од страна на групацијата Canon согласно клаузулата 2.7 од правилата и условите или

iii) логоа или имиња на брендови освен ако Учесникот докаже дека има дозвола за користење и објавување на логоата или имињата на брендови од страна на Групацијата Canon согласно клаузулата 2.7 од одредбите и условите; или

iv) сцени коишто се навредливи, непристојни, сексуални, потценувачки, погрдни, насилни, прикажуваат злоупотреба, се вознемирувачки, заканувачки, навредливи во поглед на раса, религија, потекло или пол, или коишто може негативно да се одразат на името, репутацијата или добрата волја на групацијата Canon или стратешките партнери, или, пак, се несоодветни да се објават поради некоја друга причина; или

v) ништо што може да ги прекрши правата на која било трета страна, вклучувајќи ја и интелектуалната сопственост, моралните права или правата на приватност или, пак, да се однесува на бренд на трета страна или да наведува имиња, логоа и/или заштитни знаци на трети страни; или

vi) воден печат, известување за авторски права или други информации што може да го идентификуваат учесникот (забелешка, дозволено е известување за авторски права вметнато во метаподатоците на сликата). За да постапката на оценување биде што е можно поправедна, на жирито не му е дозволено да ги гледа имињата на учесниците при оценувањето.  Секоја испратена слика што содржи име на учесник, воден печат, известување за авторски права или други информации што може да го идентификуваат учесникот, ќе биде дисквалификувана и нема да му биде презентирана на жирито. 


4.3. Исто така се согласувате и дека Canon може да ве контактира за цели поврзани со спроведување на натпреварот или ако Групацијата Canon сака да разговара за друга употреба на поднесената фотографија за натпреварот.

5. ГАРАНЦИИ

Со поднесувањето на фотографијата, Учесникот гарантира дека: 

5.1. Учесникот е единствениот автор на фотографијата;  

5.2. Учесникот е носител на сопственичките права на фотографијата;  

5.3. фотографијата и елементите коишто се појавуваат на фотографијата не прекршуваат никакви права (вклучувајќи и интелектуална сопственост, морални права или права на приватност) на трета страна;  

5.4. доколку во фотографијата се појавува лице или фотографија на некое лице, Учесникот обезбедил писмена дозвола од лицето за користење на фотографијата од страна на Групацијата Canon како што е опишано во овие одредби и услови; и  

5.5. доколку фотографијата е снимена во друга земја, а не во земјата во која живее учесникот, учесникот постапил во согласност со важечките закони во земјата, вклучувајќи ги тука, без ограничување, правните услови за интелектуална сопственост, морални права, како и права на приватност и сопственост.  


Canon гарантира дека:

5.6. Ќе дејствува во рамките на правата доделени со и/или во согласност со овие одредби и услови.

6. НАГРАДАТА

6.1. Победникот ќе освои можност да учествува во онлајн задача по фотографија од Canon под менторство на амбасадорот на Canon, Lorenz Holder во јуни/јули 2021, како и опрема од Canon во вредност од над 14.000 фунти, вклучувајќи го и следното („Наградата“):


a) image PROGRAF PRO-1000 од Canon

b) EOS R5 од Canon

c) RF 15-35MM F2.8L IS USM од Canon

d) RF 24-70MM F2.8L IS USM од Canon

e) RF 70-200mm F2.8L IS USM од Canon 

f) Speedlite EL-1


6.2. Canon ќе го извести победникот преку адресата за е-пошта доставена при пријавувањето во рок од 5 работни дена од избирањето на победникот, којшто ќе треба да потврди дека е достапен и дека ја прифаќа наградата во рок од 14 календарски дена од првичниот контакт. Ако победникот не одговори во рок од 14 календарски дена од првичниот контакт, Canon го задржува правото да го дисквалификува победникот. Во случај на дисквалификација на победникот, Canon го задржува правото да ја додели наградата на резервниот кандидат којшто е избран на истиот начин. Резервните кандидати можно е да имаат помалку време да одговорат.

6.3. Canon го задржува правото да ги објави името, градот и државата на победникот или да го промовира доделувањето на наградата по датумот на одржување на натпреварот. Ако победникот не сака да се објават ваквите информации, тој/таа треба да ја извести Canon за одлуката при примањето на известувањето за победата. 

6.4. Наградата не може да се пренесе на друго лице, ниту да се замени за готовина или друг алтернативен начин на исплата. Ако понудената награда не може да се додели поради околности надвор од нашата контрола, Canon го задржува правото да понуди алтернативна награда со иста или поголема вредност. 

6.5. Наградата ќе му се испрати на победникот во рок од 30 календарски дена од објавувањето на победата. Ако Наградата не пристигне во рок од 30 календарски дена од објавувањето на победникот, победникот ќе може да ја извести Canon во следните 28 дена преку испраќање на е-пошта на адресата Reshma.chauhan@canon-europe.com. Ако победникот не ја извести Canon во споменатата временска рамка, Canon го задржува правото да не ја додели одново наградата или да ѝ ја ограничи вредноста по своја сопствена желба.

6.6. Одбиената или неподигнатата награда може да се додели на останатите учесници по сопствена и апсолутна желба на Canon.

6.7. Ако натпреварот не може да се одржи како што било планирано од причини коишто вклучуваат, но не се ограничени на лажирање, неовластено интервенирање, измама, нечесност, технички дефекти или од други причини коишто се надвор од контролата на Canon, а коишто ги нарушуваат или влијаат врз административните работи, безбедноста, праведноста, интегритетот или соодветното спроведување на натпреварот, Canon го задржува правото да го дисквалификува секое лице коешто манипулира со процесот на пријавување или коешто не се придржува до одредбите и условите, како и да го откаже, измени или одложи натпреварот или, пак, да ги поништи спорните пријавени фотографии.

6.8. Нема да се преземе одговорност за фотографиите коишто ќе се загубат, задоцнат, оштетат, ќе пристигнат на погрешна локација, ќе бидат нецелосни или коишто нема да можат да се достават поради технички причини, причини поврзани со доставата или други причини. Доказ дека фотографиите биле испратени нема да се смета како доказ дека фотографиите се примени. Групацијата Canon не гарантира постојан и безбеден пристап до страницата за пријавување за натпреварот. 

7. ИЗБОР НА ПОБЕДНИКОТ

7.1. Сите важечки фотографии коишто ќе пристигнат во периодот на времетраење на натпреварот (којшто може да подлежи на промени) ќе ги оценува жири од судии. Ќе се одржат три (3) круга на селекција во коишто ќе се изберат десет (10) финалисти врз основа на критериумите наведени во клаузула 3. Од десетте (10) финалисти, жирито од судии ќе избере еден (1) победник. 

7.2. Победникот ќе се избере во периодот од 1 јуни 2021 до 20 јуни 2021.

8. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

8.1. Canon Europa N.V., 59 Bovenkerkerweg, 1185 XB, The Netherlands, е контролорот на податоци во поглед на личните податоци коишто ги доставуваат учесниците. Доставените лични податоци се безбедни и може да се префрлат на безбеден сервер надвор од државата на живеење на лицето носител на податоците. Личните податоци на учесниците подлежат на Политиката за приватност на корисници на Canon https://www.canon.com.mk/privacy-policy/.

8.2. Личните податоци доставени со цел одвивање на натпреварот ќе се користат единствено во врска со натпреварот, и доколку е потребно, за рекламни цели од страна на Групацијата Canon и/или агентите назначени да помогнат со одржувањето на натпреварот во име на промоторот и нема да му се откриваат на трето лице за друга цел без ваша согласност.

9. ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

9.1. Canon го задржува правото да одбие да награди фотографија или да ја надомести целосната вредност за наградата ако смета дека дошло до злоупотреба или прекршување на правилата и условите на натпреварот. 

9.2. Canon и поврзаните агенции и компании нема да сносат одговорност за каква било загуба (вклучувајќи ги тука, без ограничување, индиректните, посебните или последователните загуби или загубата на заработка), трошок, даночна обврска или штета претрпени или нанесени (без разлика дали биле предизвикани поради нечија небрежност) во врска со натпреварот или прифаќање или користење на наградата, освен одговорност којашто законот не ја исклучува.  Ништо нема да ја поништи одговорноста на Групацијата Canon за смртни случаи или повреди предизвикани поради нејзина небрежност.

9.3. Во случај на расправа околу толкувањето или примената на правилата во врска со какво било прашање поврзано со натпреварот, одлуката на Директорите на Canon ќе се смета за конечна и нема да се разменува коресподенција.

9.4. Ако некој дел од овие услови се утврди дека е неважечки, незаконски или неспроведлив од страна на надлежен суд или друго надлежно тело, делот ќе биде отстранет од условите коишто ќе продолжат да важат до максималниот степен што го дозволува законот.

9.5. Фотографиите мора да ги поднесе лично лицето коешто се пријавува за учество во натпреварот. Нема да се прифаќа групно пријавување од страна на трговски групи, групи на потрошувачи или трети страни. Нецелосните или неразбирливите пријави, пријавите испратени со користење на макро-код или други автоматизирани начини, како и пријавите коишто не ги исполнуваат во целост условите од овие одредби и услови, ќе се дисквалификуваат и нема да се земат предвид. Доколку е очигледно дека Учесникот користи компјутер за да го заобиколи овој услов, како на пример, преку користење на „скрипта“, „сирова сила“, затскривање на идентитетот преку манипулирање со IP-адресата, користење на туѓ идентитет или други автоматизирани начини за го зголеми своето учество на начин којшто не е во согласност со правилата на натпреварот, фотографиите на Учесникот ќе бидат дисквалификувани и доделената награда ќе се поништи. Учесниците не смеат да се пријавуваат со користење на анонимни сервиси за е-пошта коишто ги вклучуваат, но не се ограничени на GuerillaMail, Dispostable или Mailinator.

9.6. Во случај на неусогласеност помеѓу одредбите и условите и информациите во промотивните материјали, ќе преовладуваат информациите од одредбите и условите. 

10. НАДЛЕЖНОСТ

Бидејќи учествувате како корисник, за натпреварот ќе важат законите од вашата земја на живеење и може да имате право да покренете судска постапка на вашиот јазик во локалниот суд. Ќе ви биде дозволено локална организација за кориснички совети да ве советува за вашите права. Овие одредби не ги ограничуваат вашите законски права коишто може да важат во овие случаи.