Canon imageFORMULA DR-6010C

imageFORMULA DR-6010C

imageFORMULA DR-6010C се одликува со мали димензии и големи перформанси, а нуди сигурно скенирање за посебни оддели со голема брзина во компактен пакет.

DR-6010C

Придобивки

  • Голема брзина за скенирање во боја - 60 стр./мин. со 200 и 300 dpi
  • Дизајн со предно снабдување и опција за директна патека за хартија
  • Голем капацитет за снабдување од 100 листови
  • Енергетска ефикасност
  • Напредна обработка на слика
  • Робустност - работен циклус од 7.500 скенирања/ден
  • Испорачан софтвер Capture Perfect

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageFORMULA DR-6010C

Врвна продуктивност кога ви е најважна


DR-6010C е нашиот најбрз скенер за посебни оддели досега кој скенира 60 стр./мин. во боја со резолуција од 200 и 300 dpi. Автоматскиот механизам за снабдување со голем капацитет од 100 листови овозможува обработка на обемни серии, при што скенира повеќе листови за помалку време.

Флексибилно и сигурно снабдување


Одликувајќи се со дизајн со предно снабдување кој е навистина практичен за операторите, DR-6010C се испорачува и со изборна директна патека за хартија што може да се користи за скенирање пластични картички и дебели картички до 546 g/m² без проблеми или, пак, почувствителни документи.

Енергетска ефикасност


DR-6010C не само што заштедува време, туку и ја намалува потрошувачката на енергија, поради што е еден од најдобрите енергетски ефикасни уреди во неговата класа.

Оптимален квалитет


Огромниот избор на моќни функции како автоматско препознавање на бои, препознавање ориентација на текст, автоматско откривање на големина на страница и закосување овозможува врвен квалитет и оптимална ефикасност.

Иако е мал, тој е создаден за извршување обемни задачи


И покрај малите димензии на DR-6010C што одговараат на секоја маса, тој може брзо и сигурно да ги задоволи потребите на динамичните деловни опкружувања со препорачан дневен работен циклус до 7.500 скенирања на ден.

Практични


DR-6010C може да се користи во многубројни различни деловни апликации за скенирање. Копчињата за скенирање кон задачи ја подобруваат продуктивноста преку брзо скенирање на сериите и нивно испраќање на однапред дефинирани локации или апликации за работни процеси. DR-6010C се испорачува со CapturePerfect софтверот на Canon, а исто така е достапен Capture Perfect комплет за развивање софтверски решенија (SDK) за едноставна прилагодена интеграција.


Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageFORMULA DR-6010C, неговите функции и можности.

60ppm

Брзина на скенирање за A4 (еднострано)

Automatic document feeder

Автоматски механизам за снабдување со документи

Daily Scanning Volume

Дневен обем на скенирање

Double-sided scanning

Двострано скенирање

icon

Ефикасно сериско скенирање

USB connection

Подобрен квалитет на слика

  • Скенер

  • Документација

  • Диск за поставување

  • Kofax VRS диск

  • Ознаки за задачи

  • Кабел за напојување

  • USB кабел

  • Валјак за задржување

  • Валјак

Испорачан софтвер

Дознајте повеќе за софтверот кој се испорачува со овој скенер.

Апликации од Canon

capture_perfect.jpg

Capture Perfect

Моќна апликација која ви овозможува брзо и ефикасно сериско скенирање на документи. Таа нуди напредни опции за скенирање, како и можност за прегледување во повеќе прозорчиња или со мали сликички.

  • Добивајте прецизни дигитални документи во секое време со достапните функции кои го отстрануваат закосувањето, ја подобруваат читливоста и острината
  • Скенирајте директно кон е-пошта, PDF, фајл или презентација со допир на едно копче
  • Регистрирајте ги рутинските задачи и уредувајте, подредувајте или управувајте со фајловите без напор
  • Поддршка за Kofax VRS

Компатибилност: Windows

Дознајте повеќе >

Апликации од други програмери на софтвер

Kofax VRS

Софтверот за обработка на слика VRS, кој е водечки во индустријата, го намалува времето потребно за рачна подготовка на документите, го подобрува квалитетот на скенираните слики и ги максимизира перформансите на скенерите за голем обем. Подобрата читливост и повисоката стапка на препознавање со OCR ја зголемуваат продуктивноста.
Компатибилност: Windows

Комплет за програмери на софтвер

BSDP

Нашата програма за развој на деловни решенија (BSDP) е посветена да ви обезбеди пристап до многубројни технички информации кои ќе ви помогнат при создавањето апликации за нашата палета на деловни производи. За повеќе информации за нашите SDK, ве молиме посетете ја веб-страницата на Canon Developer Programme.