Canon imageFORMULA DR-7550C

imageFORMULA DR-7550C

Доколку ви е потребен робустен скенер со голема брзина, дизајниран за практично ракување, imageFORMULA DR-7550C е вистинското решение за вас.

Придобивки

  • Голема брзина на скенирање во боја – 75 стр./мин. при 200 и 300dpi
  • Практичен дизајн со снабдување од предна страна
  • Висок капацитет на снабдување со 500 листови
  • Брзо време на загревање со заштеда на енергија
  • Напредна обработка на слика
  • Робустност - работен циклус од 22.500 скенирања/ден
  • Испорачан Capture Perfect софтвер

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageFORMULA DR-7550C

Врвна продуктивност кога ви е најважна


DR-7550C скенира брзо до 75 стр./мин. и скенира во боја и црно-бел формат, со резолуција од 300dpi (A4, вертикално). Вграден е наменски чип за обработка на слика кој овозможува постигнување на номиналните брзини дури и кога се извршуваат повеќе функции за обработка на слика.

Дизајн за практично ракување


Дизајнот со предно снабдување кај DR-7550C, нуди удобност и практичност, овозможувајќи ви лесно да ги вметнувате и земате документите додека седите. Понатаму, контролниот панел и копчињата за извршување одредени функции, се така дизајнирани и поставени на ниво на очите за постигнување одлична воочливост.

Флексибилни и високо ефикасни


Фактури, признаници за пратки, извештаи, дијаграми – ова се само некои од документите кои секојдневно се користат при деловното работење. DR-7550C со леснотија ќе се справи со сите нив, овозможувајќи зголемување на ефикасноста и намалување на трошоците за хартија.

Автоматскиот A3 механизам за снабдување може да работи со серии од 500 листови и поддржува 3 различни режими за повлекување на хартија. Робустниот механизам за снабдување, лесно ги повлекува и одвојува различните документи и, во ретките случаи на грешка, ултрасоничниот сензор за откривање на двојното повлекување веднаш го известува корисникот за брзо отстранување на проблемот.

DR-7550C исто така се грижи за животната средина и е еден од најефикасните скенери во својата класа бидејќи користи помало количество енергија.

Напредна обработка на слика


Огромниот избор на моќни функции како автоматско препознавање на боја, препознавање ориентација на текст, автоматско откривање на големина на страница и закосување нуди добивање на врвен квалитет и оптимална ефикасност.

Изработен за извршување на најобемни задачи


DR-7550C е дизајниран да се справи со извршување на најобемни задачи при што се препорачува дневен работен циклус до 22.500 скенирања на ден.

Вклучен софтвер и корисни опции


DR-7550C се испорачува со CapturePerfect софтверот на Canon, а исто така е достапен Capture Perfect комплет за развивање софтверски решенија (SDK) за едноставна прилагодена интеграција.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageFORMULA DR-7550C, неговите функции и можности.