Canon imageFORMULA DR-C130

imageFORMULA DR-C130

Брзиот и интуитивен DR-C130 ја зголемува вредноста на канцелариите и работните групи со целосен пакет професионален софтвер и беспрекорна интеграција со Cloud, а на тој начин го олеснува снимањето и споделувањето на информациите

DR-C130

Придобивки

  • Двострано скенирање со голема брзина до 60 слики/мин. во боја
  • Сигурно ракување со хартија со систем за ослободување при двојно повлекување на документи
  • Извонредно компактен дизајн кој нуди разновидни можности
  • Се испорачува со моќен софтверски пакет
  • Додатни елементи на услугата Cloud за Google Docs, Evernote и SharePoint

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageFORMULA DR-C130

Брзо и продуктивно скенирање


Скенирањето со голема брзина до 30стр./мин. / 60слики/мин. може да се врши и во боја и во црно-бело, благодарение на иновативниот CMOS сензор за слика со контакт и LED технологијата за силна светлина од Canon. Можноста за двострано скенирање на документи во едно поминување ќе ги забрза вашите работни процеси со документи, додека механизмот за снабдување со 50 документи ќе ви овозможи да оддржувате високо ниво на продуктивност. DR-C130 е до 50% повеќе енергетски ефикасен од своите конкуренти на пазарот.

Едноставно користење


Ракувањето преку предниот панел овозможува едноставно запирање, активирање и продолжување на скенирањето со едно притиснување на копче. Исто така, со помош на софтверот CaptureOnTouch ќе можете да ги регистрирате задачите и да доделите задача на копчето за активирање со цел да овозможите брзо извршување на операциите за скенирање кои често ги користите. CaptureOnTouch се одликува со целосен автоматски режим, кој автоматски ги применува најдобрите подесувања за задачите кои се скенираат за да заштеди време.

Оддржувајте извонредно ниво на продуктивност


DR-C130 лесно се справува со голем број различни медиуми, почнувајќи од картички со релјеф па сè до големи листови со должина до 3m. Тринасочниот дизајн на фахот на скенерот ви овозможува да скенирате со затворен, отворен или полуотворен фах за исфрлување, овозможувајќи разни опции во места каде што просторот на работната маса е навистина потребен. Сигурното скенирање е надополнето со практичен систем за ослободување при двојно повлекување на документи, кој на корисниците им овозможува да изберат "игнорирај и продолжи" со задачите кои се скенираат во посебни случаи, како на пример при скенирање на плик или документ со прикачени забелешки.

Напреден квалитет на слика


DR-C130 се испорачува со голем број функции за обработка на слики кои ќе ви помогнат секогаш да постигнувате резултати со исклучителен квалитет. Функциите како корекција на искосување, прескокнување на празна страница и препознавање ориентација на текст овозможуваат прецизна и точна репродукција на сликите.

Беспрекорно поврзување со Cloud


Можете да скенирате и директно да зачувувате документи во Cloud апликации како SharePoint, Evernote и Google Docs. Информациите потоа може да се преземат со помош на вашиот Smartphone уред или компјутер. За DR-C130 е достапен и модулот EMC Captiva Cloud Capture Run Time, кој на развивачите на софтвер им овозможува да создаваат апликации за скенирање на интернет без напор.

Целосен пакет на софтвер веднаш по вадење од кутијата


DR-C130 се испорачува со целосна палета на врвен софтвер кој ќе ви помогне да добивате професионални резултати при скенирањето и да создавате, уредувате и управувате со работните процеси со документи. Овде спаѓаат CaptureOnTouch, CapturePerfect, BizCard, OmniPage, PaperPort, eCopy PDF Pro Office и Kofax VRS.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageFORMULA DR-C130, неговите функции и можности.

Scanning speed A4 (single sided)

Брзина на скенирање за A4 (еднострано)

Automatic document feeder

Автоматски механизам за снабдување со документи

Scanning speed A4 (single sided)

Дневен обем на скенирање

Double-sided scanning

Двострано скенирање

icon

Ефикасно сериско скенирање

eCOPY

Создавање и уредување PDF документи

  • Скенер

  • Документација

  • Диск за поставување

  • Kofax VRS диск

  • AC адаптер

  • Кабел за напојување

  • USB кабел

  • Валјак за снабдување

Испорачан софтвер

Дознајте повеќе за софтверот кој се испорачува со овој скенер.

Апликации од Canon

CaptureOnTouch 2

Со софтверот CaptureOnTouch и неговиот практичен интерфејс може да скенирате хартиени документи во дигитални архиви на едноставен начин и истите да ги зачувувате или испраќате кон повеќе дестинации, вклучувајќи и Cloud услуги. Создавајте PDF фајлови со можност за пребарување користејќи ја вградената технологија OCR.

Компатибилност: Windows

COT_v2-Scan-C130.jpg
capture_perfect.jpg

Capture Perfect

Моќна апликација која ви овозможува брзо и ефикасно сериско скенирање на документи. Таа нуди напредни опции за скенирање, како и можност за прегледување во повеќе прозорчиња или со мали сликички.

  • Добивајте прецизни дигитални документи во секое време со достапните функции кои го отстрануваат закосувањето, ја подобруваат читливоста и острината
  • Скенирајте директно кон е-пошта, PDF, фајл или презентација со допир на едно копче
  • Регистрирајте ги рутинските задачи и уредувајте, подредувајте или управувајте со фајловите без напор
  • Поддршка за Kofax VRS

Компатибилност: Windows

Дознајте повеќе >

Апликации од други програмери на софтвер

eCOPY

Моќна и практична апликација за гледање, создавање, уредување и претворање на PDF фајлови. eCopy нуди сеопфатни опции за обележување, означување и уредување, како и создавање формулари за пополнување со автоматско препознавање на полињата во формуларот. Ви испорачуваме и целосен комплет алатки за потпишување и сигурност на документите.
Компатибилност: Windows

Paperport

Ново ниво на управување со документи благодарение на практичниот, но моќен софтвер кој ќе ви помогне да извлечете максимум од вашиот скенер од Canon. Скенирајте, организирајте, пребарувајте и споделувајте документи за да го елиминирате нередот од хартии и ефикасно да ја организирате домашната канцеларија.
Компатибилност: Windows

OmniPage

Благодарение на вградената технологија OCR, OmniPage ги претвора документите што сте ги скенирале со вашиот скенер од Canon во содржини кои можат лесно да се уредуваат. Претворете ги хартиените документи во дигитални фајлови кои можат да се уредуваат, задржувајќи го истиот распоред како и оригиналниот документ – вклучувајќи колони, бои, слики и графика.
Компатибилност: Windows

Presto BizCard

Никогаш не губете контакт со деловните контакти благодарение на Presto! BizCard за вашиот скенер. Тој овозможува брзо и лесно конвертирање податоци од важните контакти од нивните бизнис картички во база на податоци со можност за пребарување и уредување која може лесно да се управува и синхронизира.
Компатибилност: Windows, Mac

Presto PageManager

PageManager е моќна алатка за корисниците на Mac која нуди ефикасно управување со документи. Таа има вградена функција за едноставно препознавање текст (OCR) и ви овозможува да ги зачувувате, уредувате, организирате и споделувате вашите скенирани дигитални документи. Обработка на професионални фајлови во комбинација со едноставен кориснички интерфејс.
Компатибилност: Mac

Комплет за програмери на софтвер

BSDP

Нашата програма за развој на деловни решенија (BSDP) е посветена да ви обезбеди пристап до многубројни технички информации кои ќе ви помогнат при создавањето апликации за нашата палета на деловни производи. За повеќе информации за нашите SDK, ве молиме посетете ја веб-страницата на Canon Developer Programme.

Следни чекори

Изборно скенирање на рамно лежиште