Canon imageFORMULA DR-C225W

imageFORMULA DR-C225W

Вградениот Wi-Fi кај DR-C225W овозможува безжично скенирање од мобилни уреди, таблет уреди и компјутери. Идеален за споделување помеѓу корисниците во канцеларијата, снимање документи на пултови за малопродажба и скенирање во домот.

DR-C225W

Придобивки

  • Извонредно компактни димензии со уникатен дизајн со J-патека
  • Скенирање преку Wi-Fi со голема брзина до 50 слики/мин.
  • Комплетен софтверски пакет за сите ваши потреби за скенирање
  • Напредни функции за обработка на слика
  • Едноставно и лесно скенирање благодарение на интуитивните функции

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageFORMULA DR-C225W

Флексибилно снимање и споделување


DR-C225W, со вграден Wi-Fi, овозможува подобро доживување за потрошувачите и побрзо донесување на одлуки. Тој им овозможува на iPad®, iPhone® и уредите со Android ефикасно снимање на серии документи директно на пултовите за малопродажба. Важните податоци за потрошувачите ќе можете брзо да ги проверите и веднаш да ги испратите во деловните работни процеси базирани на Cloud и системите за управување со информации за побрза обработка. Деловните опкружувања можат безжично да го споделуваат DR-C225W помеѓу корпоративните оддели или малите канцеларии. Алатката за поставување безжична врска, која е практична за користење, овозможува полесно менување помеѓу режимот на пристапна точка и режимот на станица (режим на инфраструктура). DR-C225W може да се користи и преку стандарден USB приклучок.

Компактен профил, дизајн кој инспирира


Благодарение на неговиот дизајн со уникатно вертикално снабдување со документи со J-патека, DR-C225W зафаќа помалку простор на работната маса при скенирање. Скенерот може практично да се постави на мала и тесна работна маса, на полица покрај прозорецот или на пултови за малопродажба, каде што слободниот простор е ограничен.

Брзо и разновидно скенирање


За да им овозможи на тимовите побрзо и поефикасно работење, DR-C225W нуди двострано скенирање со голема брзина до 50 слики/мин. во Wi-Fi режим.¹ Автоматскиот механизам за снабдување со документи за 30 листови, кој применува ултразвучно откривање на двојно повлекување документи, овозможува сигурна обработка на серии со различни документи. Можноста за избор на права патека на снабдување овозможува едноставно скенирање на картички за идентификација, фотографии и хартии со должина од 3m.

Напредна обработка на слика


DR-C225W се одликува со функции за напредна обработка на слики, вклучувајќи и автоматско откривање на боја, подобрување на текст и напредно искосување. Технологијата MultiStream™ овозможува истовремено печатење на слики со различни режими на скенирање.

CaptureOnTouch


Добијте поедноставно и поинтуитивно доживување при скенирањето со софтверот CaptureOnTouch и неговиот интерфејс базиран на икони и извршување на задачи чекор по чекор. Новите подобрени функции нудат избор на моќни, а сепак практични, опции за скенирање и уредување на документи на дофат на вашите прсти. Во целосен автоматски режим, CaptureOnTouch автоматски ги применува идеалните подесувања за скенирање според содржината во документите.

CaptureOnTouch Mobile


Оваа апликација за мобилни уреди, која може бесплатно да се преземе, овозможува скенирање на серии документи директно кон вашиот мобилен/таблет уред и се одликува со функции за напредна обработка на слики како автоматско откривање на големина на документи, искосување и бришење на празни страници.

¹ Брзините на скенирање можат да бидат различни во зависност од Wi-Fi мрежата.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageFORMULA DR-C225W, неговите функции и можности.

icon

Брзина на скенирање A4 ( едностран )

Automatic document feeder

Автоматски механизам за снабдување со документи

Scanning speed A4 (single sided)

Дневен обем на скенирање

Double-sided scanning

Двострано скенирање

USB connection

USB поврзување

Use and share wirelessly

Безжично користење и споделување

Tilting control panel

Лесен и интуитивен скенирање

eCOPY

Создавање и уредување PDF документи

icon

Автоматски механизам за снабдување со документи

  • Скенер

  • Документација

  • Диск за поставување

  • eCopy PDF Pro диск

  • USB кабел

  • AC адаптер

  • Кабел за напојување

DR-C225W Video

Испорачан софтвер

Дознајте повеќе за софтверот кој се испорачува со овој скенер.

Апликации од Canon

Capture on Touch

CaptureOnTouch 3

Со софтверот CaptureOnTouch и неговиот практичен интерфејс може да скенирате хартиени документи во дигитални архиви на едноставен начин и истите да ги зачувувате или испраќате кон повеќе дестинации, вклучувајќи и Cloud услуги. Создавајте PDF фајлови со можност за пребарување користејќи ја вградената технологија OCR.

Компатибилност: Windows, Mac

CaptureOnTouch Pro

Овој скенер се испорачува со CaptureOnTouch Pro, професионален квалитет од Canon и софтвер кој е едноставен за користење. Снимајте и класифицирајте серии на скенирање, интегрирајте го скенерот од Canon во вашето деловно работење и вашите работни процеси со документи и зголемете ја вашата продуктивност на едноставен начин.

Компатибилност: Windows

Дознајте повеќе >

CaptureOnTouch Pro

Мобилна апликација за скенирање

COT Mobile

CaptureOnTouch Mobile

CaptureOnTouch Mobile е бесплатна апликација која е практична за користење и овозможува скенирање од одредени imageFORMULA скенери од Canon директно кон мобилни уреди преку Wi-Fi мрежа.

  • Заштедете време со двостраното скенирање документи во едно поминување
  • Создавајте професионални скенирани документи со автоматско откривање на големина на документ, корекција на искосување и бришење на празна страница
  • Достапна за платформата Android, како и iPhone и iPad
Преземете од App Store
Преземете од Google Play

Апликации од други програмери на софтвер

eCOPY

Моќна и практична апликација за гледање, создавање, уредување и претворање на PDF фајлови. eCopy нуди сеопфатни опции за обележување, означување и уредување, како и создавање формулари за пополнување со автоматско препознавање на полињата во формуларот. Ви испорачуваме и целосен комплет алатки за потпишување и сигурност на документите.
Компатибилност: Windows

Paperport

Ново ниво на управување со документи благодарение на практичниот, но моќен софтвер кој ќе ви помогне да извлечете максимум од вашиот скенер од Canon. Скенирајте, организирајте, пребарувајте и споделувајте документи за да го елиминирате нередот од хартии и ефикасно да ја организирате домашната канцеларија.
Компатибилност: Windows

OmniPage

Благодарение на вградената технологија OCR, OmniPage ги претвора документите што сте ги скенирале со вашиот скенер од Canon во содржини кои можат лесно да се уредуваат. Претворете ги хартиените документи во дигитални фајлови кои можат да се уредуваат, задржувајќи го истиот распоред како и оригиналниот документ – вклучувајќи колони, бои, слики и графика.
Компатибилност: Windows

Presto BizCard

Никогаш не губете контакт со деловните контакти благодарение на Presto! BizCard за вашиот скенер. Тој овозможува брзо и лесно конвертирање податоци од важните контакти од нивните бизнис картички во база на податоци со можност за пребарување и уредување која може лесно да се управува и синхронизира.
Компатибилност: Windows, Mac

Presto PageManager

PageManager е моќна алатка за корисниците на Mac која нуди ефикасно управување со документи. Таа има вградена функција за едноставно препознавање текст (OCR) и ви овозможува да ги зачувувате, уредувате, организирате и споделувате вашите скенирани дигитални документи. Обработка на професионални фајлови во комбинација со едноставен кориснички интерфејс.
Компатибилност: Mac

Комплет за програмери на софтвер

BSDP

Нашата програма за развој на деловни решенија (BSDP) е посветена да ви обезбеди пристап до многубројни технички информации кои ќе ви помогнат при создавањето апликации за нашата палета на деловни производи. За повеќе информации за нашите SDK, ве молиме посетете ја веб-страницата на Canon Developer Programme.