Canon imageFORMULA DR-F120

imageFORMULA DR-F120

Уживајте во брзо решение за скенирање без напор со разновидниот скенер imageFORMULA DR-F120, кој вклучува вграден автоматски механизам за снабдување со документи и единица со рамно лежиште. Совршен избор за обработка нa широк избор на типови на документи со висок квалитет.

Придобивки

  • Бидете продуктивни со двострано скенирање до 20стр./мин. и ADF за 50 листови
  • Скенирајте книги, списанија или чувствителни материјали со интегрираното рамно лежиште за скенирање
  • Добијте неверојатен квалитет на слика со резолуција на скенирање до 2400dpi
  • Скенирајте со леснотија со CaptureOnTouch 3 и копчињата за работа со еден допир
  • Скенирајте кон PDF документ кој може да се уредува и поврзете се со вашите Cloud апликации
  • Намалете ги трошоците со енергетски-ефикасното ракување

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageFORMULA DR-F120

Максимизирана продуктивност


Вршете обработка на разни типови на документи прецизно и ефикасно со DR-F120: компактно сè-во-едно решение за скенирање кое нуди автоматски механизам за снабдување со документи (ADF) и единица со рамно лежиште. Можете да заштедите драгоцено време со користење на механизмот за снабдување со 50 документи, со поголема брзина на скенирање од 20стр./мин. DR-F120 ви помага во работата со препорачан дневен обем на работа од 1000 скенирања.

Едноставно ракување со хартија


DR-F120 ви нуди целосна флексибилност за скенирање на широк опсег на материјали и покрај неговата компактна големина и малата површина која ја зафаќа. Директната ADF патека комбинира документи со формат A4 и медиуми со должина од 1.000mm. Уживајте во зголемена сигурност и заштеда на време при скенирање на мешани документи како резултат на валјакот за разделување во механизмот за снабдување. Единицата за скенирање е идеална за ракување со медиуми како книги, пасоши или списанија, и за снимање на слики без напор од правни големини. Подеднакво добро се справува со фотографии и други дебели, тенки и деликатни документи.

Извонреден квалитет на слика


DR-F120 нуди резултати со извонреден квалитет во секое време, благодарение на неговото скенирање до 2400dpi, широк опсег на вградени функции за подобрување на сликата и препознатливата технологија за обработка на слика од Canon. Постигнете ненадмината прецизност на боите која останува верна на оригиналниот документ преку функцијата за 3-димензионална корекција на бои на скенерот.

Едноставно, практично ракување


Постигнете извонредни резултати со само еден допир на копчето преку целосно автоматскиот режим кој автоматски ги применува најдобрите подесувања за секоја скенирана слика. Вградените алатки ги елиминираат празните страници и автоматски ја препознаваат големината на страницата и ориентацијата на текстот; додека функцијата за автоматско искосување ги исправа документите навлезени под агол. Честите задачи може да се поедностават со нивно назначување на 3 копчиња за задачи на панелот на скенерот.

Испорачаниот софтвер ви нуди повеќе избор


DR-F120 ви нуди едноставно и интуитивно доживување на скенирањето со софтверот CaptureOnTouch 3 на Canon. Корисниците може да ги скенираат, уредуваат и испраќаат нивните документи уште полесно со ова разновидно решение за скенирање. Неговиот интерфејс базиран на икони и извршување на задачи, чекор по чекор им овозможува на корисниците брзо да ги конвертираат нивните хартиени документи во повеќе формати на фајлови (PDF, TIFF, JPEG, BMP, PNG и PowerPoint). CaptureOnTouch може да се користи и како решение за едноставно испраќање документи кое им овозможува на корисниците да скенираат и создаваат PDF документи со можност за пребарување - вклучувајќи и лесно пребарување и преземање на текст. Вклучени се и додатни елементи на Cloud за SharePoint, SugarSync, OneDrive, Dropbox, Google Drive™ и Evernote, како и драјвери за ISIS и TWAIN.

Лесно користење и одржување


DR-F120 е лесен за одржување поради неговиот практичен дизајн. Валјаците за снабдување со документи може да се заменат од страна на корисникот, што значи дека нема потреба да трошите средства за да повикувате сервисер. Вашите трошоци се ниски благодарение на високата енергетска ефикаснот на скенерот, кој користи помалку од 20W во работењето.

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageFORMULA DR-F120, неговите функции и можности.

Scanning speed A4 (single sided)

Брзина на скенирање A4 ( едностран )

Automatic document feeder

Автоматски механизам за снабдување со документи

Scanning speed A4 (single sided)

Дневен обем на скенирање

ADF

Автоматски механизам за снабдување со документи

Scan thick documents or magazines

Скенирајте дебели документи или списанија

Double-sided scanning

Двострано скенирање

High resolution photo scanning

Скенирање фотографии со висока резолуција

Tilting control panel

Лесен и интуитивен скенирање

USB connection

USB поврзување

  • Скенер

  • Диск за поставување

  • Водич за поставување

  • Адаптер за напојување

  • Кабел за напојување

  • USB кабел

Учи и истражувај

Испорачан софтвер

capture-on-touch.jpg

CaptureOnTouch 3

Со софтверот CaptureOnTouch и неговиот практичен интерфејс може да скенирате хартиени документи во дигитални архиви на едноставен начин и истите да ги зачувувате или испраќате кон повеќе дестинации, вклучувајќи и Cloud услуги. Создавајте PDF фајлови со можност за пребарување користејќи ја вградената технологија OCR.

Компатибилност: Windows

Комплет за програмери на софтвер

Нашата програма за развој на деловни решенија (BSDP) е посветена да ви обезбеди пристап до многубројни технички информации кои ќе ви помогнат при создавањето апликации за нашата палета на деловни производи. За повеќе информации за нашите SDK, ве молиме посетете ја веб-страницата на Canon Developer Programme.