Canon imageFORMULA DR-G1100

imageFORMULA DR-G1100

Висококвалитетен скенер за печатење на A3 со голема брзина за наменски апликации за скенирање и важни задачи. Совршен за централизирани или оддалечени канцеларии и специјални агенции за скенирање.

DR-G1100

Придобивки

  • Скенирање во боја со голема брзина до 200 слики/мин.
  • Автоматски механизам за снабдување со документи за 500 листови
  • Механизам за сигурно снабдување и ракување со различни видови на документи
  • Полнење од предна страна и патека во форма на U за практично ракување
  • Робустен дизајн за извршување пообемни задачи
  • Висококвалитетна обработка на слика

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageFORMULA DR-G1100

Попродуктивно скенирање со голема брзина


Работете попродуктивно со скенерот за печатење со голема брзина DR-G1100. Тој може да скенира со брзина до 100стр./мин. / 200слики/мин. во боја, црно-бело и во сиви тонови.
Наменскиот чип помага во достигнување на номиналната брзина дури и кога се извршуваат повеќе функции за обработка на слика. Со механизмот за снабдување со 500 листови, можете да скенирате поголеми серии со цел да заштедите драгоцено време.

Напредно ракување со документи


Серијата напредни функции за ракување со хартија ја подобрува ефикасноста при скенирањето и овозможува подобри резултати, без разлика каква мешавина од различни видови на документи содржи серијата. Рамната патека за снабдување со хартија овозможува рамномерно скенирање и не дозволува оштетувања, особено на тенката хартија, а трите режима за снабдување со хартија нудат опции за сигурно ракување со различни видови на документи. Сензорите за откривање на хефталици кај DR-G1100 спречуваат оштетување на документите, а сензорот за ултразвучно откривање на двојно повлекување документи ги предупредува корисниците доколку настане двојно повлекување.

Дизајниран земајќи ги предвид корисниците


Дизајнот со предно снабдување кај DR-G1100 нуди поголема удобност и практичност, овозможувајќи ви да додавате и земате документи без напор, додека седите. Исто така, контролниот панел и копчињата за извршување одредени функции се дизајнирани и поставени на ниво на очите за да бидат лесно видливи.

Создаден за извршување пообемни задачи


И покрај неговата компактна големина, DR-G1100 е солидно изработен за да се справи со секојдневните напорни работни процеси во модерното деловно работење, со препорачан дневен работен циклус до 25.000 скенирања на ден. Тој претставува совршено решение за голем број различни деловни сектори, вклучувајќи и централизирани корпоративни канцеларии и агенции за скенирање.

Висококвалитетна обработка на слика


За да ви обезбеди резултати со врвен квалитет во секоја прилика, DR-G1100 се испорачува со низа интелигентни функции за обработка на слики. Напредниот метод за корекција на искосување, покрај тоа што му овозможува на скенерот да ги открие и исправи документите кои се снабдуваат под агол, му овозможува и да изврши втора проверка врз основа на закосениот текст во скенираните слики. Режимот на превиткување ви овозможува да скенирате медиуми со големина до A1. Функцијата MultiStream овозможува печатење на две слики, како на пр. црно-бела слика за OCR апликации и слика во боја за архивирање, додека функцијата за истакнување на знаци ја подобрува читливоста за да овозможи подобро OCR препознавање.

Разновидни опции и софтвер


За да добиете поедноставно скенирање на поврзани материјали, поврзете го DR-G1100 со изборното рамно лежиште за A3 документи 201 или изборното рамно лежиште за A4 документи 101 од Canon. Во останатите опции спаѓа уред за втиснување по печатењето и декодер за кодови за составување. Софтверот CapturePerfect од Canon е вклучен заради практично сериско скенирање со можност за поврзување со SharePoint.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageFORMULA DR-G1100, неговите функции и можности.

Scanning speed A4 (single sided)

Брзина на скенирање за A4 (еднострано)

Automatic document feeder

Автоматски механизам за снабдување со документи

Scanning speed A4 (single sided)

Дневен обем на скенирање

A3

Двострано скенирање во A3 формат

icon

Ефикасно сериско скенирање

USB connection

Подобрен квалитет на слика

  • Скенер

  • Диск за поставување

  • Kofax VRS диск

  • Документација

  • USB кабел

  • Кабел за напојување

  • Ткаенина за чистење

Испорачан софтвер

Дознајте повеќе за софтверот кој се испорачува со овој скенер.

Апликации од Canon

capture_perfect.jpg

Capture Perfect

Моќна апликација која ви овозможува брзо и ефикасно сериско скенирање на документи. Таа нуди напредни опции за скенирање, како и можност за прегледување во повеќе прозорчиња или со мали сликички.

  • Добивајте прецизни дигитални документи во секое време со достапните функции кои го отстрануваат закосувањето, ја подобруваат читливоста и острината
  • Скенирајте директно кон е-пошта, PDF, фајл или презентација со допир на едно копче
  • Регистрирајте ги рутинските задачи и уредувајте, подредувајте или управувајте со фајловите без напор
  • Поддршка за Kofax VRS

Компатибилност: Windows

Дознајте повеќе >

Апликации од други програмери на софтвер

Kofax VRS

Софтверот за обработка на слика VRS, кој е водечки во индустријата, го намалува времето потребно за рачна подготовка на документите, го подобрува квалитетот на скенираните слики и ги максимизира перформансите на скенерите за голем обем. Подобрата читливост и повисоката стапка на препознавање со OCR ја зголемуваат продуктивноста.
Компатибилност: Windows

Комплет за програмери на софтвер

BSDP

Нашата програма за развој на деловни решенија (BSDP) е посветена да ви обезбеди пристап до многубројни технички информации кои ќе ви помогнат при создавањето апликации за нашата палета на деловни производи. За повеќе информации за нашите SDK, ве молиме посетете ја веб-страницата на Canon Developer Programme.