Canon imageFORMULA P-208II

imageFORMULA P-208II

Компактниот стилски пренослив скенер P-208II е совршен избор за менаџерите кои се во движење и домашните корисници. ADF механизмот за 10 листови и двостраното скенирање со голема брзина овозможуваат постојано високо ниво на продуктивност.

Canon imageFORMULA P-208II

Придобивки

    • Извонредно компактен, лесен и разновиден
    • Продуктивно двострано скенирање со брзина од 16 слики/мин. и ADF за 10 листови
    • Поддржува скенирање на фотографии и картички со релјеф
    • Практично и интуитивно поврзување и скенирање
    • Компатибилност со Mac и Windows
    • Достапен изборен Wi-Fi уред WU10

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageFORMULA P-208II

Преносливо скенирање со голема продуктивност


Малиот P-208II нуди двострано скенирање со импресивна брзина до 16 слики/мин. Вградениот ADF механизам за 10 листови овозможува сериско скенирање за дополнителна продуктивност: совршено за скенирање на договори и слични документи. Патувајте лесно со P-208II кој зафаќа малку повеќе простор од обичен ленир и тежи само 600g. Напојувајќи се со енергија преку USB, тој овозможува продуктивно работење насекаде низ домот или додека патувате.

Практично поврзување и скенирање во движење


Стилскиот, компактен и извонредно лесен P-208II нуди вистинска практичност со функцијата поврзи-и-скенирај. Благодарение на вградениот софтвер CaptureOnTouch Lite, како и елиминираната потреба за преземање на дополнителен софтвер или драјвери, можете едноставно да го поврзете, да скенирате и да продолжите со извршување други задачи. Функциите за скенирање и подобрениот интерфејс базиран на икони ќе ви овозможат да уживате во уште поинтуитивно доживување при скенирањето. Зголемениот избор на дополнителни компоненти за SugarSync, OneDrive и Dropbox, заедно со Google Drive™, Evernote и SharePoint, овозможуваат поедноставно работење со вашите омилени софтверски алатки.

Скенирајте различни видови на документи


P-208II може да скенира различни видови на медиуми, почнувајќи од A4 па сè до документи со нестандардна големина како картички со релјеф, поради што е совршен за корисници во движење. Организирајте го домот и ослободете простор со скенирање на сметките од домаќинството или, пак, зачувајте ги спомените дигитално со висококвалитетно скенирање на вашите стари фотографии, користејќи ја специјалната функција која ги репродуцира сликите колку што е можно поверно на оригиналот.

Практична обработка на слика


Палетата на функции за обработка на слики кај P-208II содржи автоматско откривање на боја, препознавање ориентација на текст и подобрување на текст - со цел да обезбеди висококвалитетни слики и да зачува драгоцено време. За практично и интуитивно скенирање, користете го целосно автоматскиот режим кој автоматски ги применува најдобрите параметри за вашиот документ. Само поставете ги вашите документи и започнете да скенирате!

Флексибилно безжично скенирање


За да добиете слобода за скенирање насекаде, користете го P-208II во комбинација со изборниот Wi-Fi уред WU10 со батерија. Користете ја оваа комбинација за да можете безжично да скенирате документи директно кон вашиот паметен телефон, таблет уред или компјутер или, пак, споделете го скенерот помеѓу група корисници или уреди преку мрежен сервер или домашен рутер.

CaptureOnTouch Mobile


Моќната апликација CaptureOnTouch за мобилни уреди ви нуди флексибилност да скенирате директно кон вашиот iPhone®, iPad® или уред Android. Заштедете драгоцено време со двостраното скенирање на документи во едно поминување. Оваа бесплатна апликација е достапна за уреди со iOS и Android.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageFORMULA P-208II, неговите функции и можности.

8-ppm

Брзина на скенирање за A4 (еднострано)

10-sheet-ADF

Автоматски механизам за снабдување со документи

Daily Scanning Volume

Дневен обем на скенирање

USB connection

USB поврзување

Double-sided scanning

Двострано скенирање

Windows & Mac compatible

Компатибилност со Windows и Mac

Tilting control panel

Лесен и интуитивен скенирање

10-sheet-ADF

поврзи и репродуцирај

Wi-Fi Option

Опција за Wi-Fi

  • Скенер

  • Диск за поставување

  • Водич за поставување

  • USB кабел

P-208II видео

Учи и истражувај

Испорачан софтвер

Дознајте повеќе за софтверот кој се испорачува со овој скенер.

Апликации од Canon

capture-on-touch.jpg

CaptureOnTouch 3

Со софтверот CaptureOnTouch и неговиот практичен интерфејс може да скенирате хартиени документи во дигитални архиви на едноставен начин и истите да ги зачувувате или испраќате кон повеќе дестинации, вклучувајќи и Cloud услуги. Создавајте PDF фајлови со можност за пребарување користејќи ја вградената технологија OCR.

Компатибилност: Windows, Mac

CaptureOnTouch Lite

Софтверот CaptureOnTouch Lite е вграден во скенерот заради максимална преносливост и практичност. Тој овозможува брзо и едноставно поврзување без потреба од инсталирање драјвери или апликативен софтвер. Само поместете го прекинувачот за автоматско активирање во положбата ВКЛУЧЕНО, поврзете го со компјутер со Windows или MAC и ќе можете да скенирате.

Компатибилност: Windows, Mac

capture-on-touch-lite.png

Мобилна апликација за скенирање

capture-on-touch-mobile.png

CaptureOnTouch Mobile*

CaptureOnTouch Mobile е бесплатна апликација која е практична за користење и овозможува скенирање од одредени imageFORMULA скенери од Canon директно кон мобилни уреди преку Wi-Fi мрежа.

  • Заштедете време со двостраното скенирање документи во едно поминување
  • Создавајте професионални скенирани документи со автоматско откривање на големина на документ, корекција на искосување и бришење на празна страница
  • Достапна за платформата Android, како и iPhone и iPad

*Потребен е изборен уред за Wi-Fi WU10

Апликации од други програмери на софтвер

PrestoBizCard.jpg

Никогаш не губете контакт со деловните контакти благодарение на Presto! BizCard за вашиот скенер. Тој овозможува брзо и лесно конвертирање податоци од важните контакти од нивните бизнис картички во база на податоци со можност за пребарување и уредување која може лесно да се управува и синхронизира.
Компатибилност: Windows, Mac

Комплет за програмери на софтвер

BSDP

Нашата програма за развој на деловни решенија (BSDP) е посветена да ви обезбеди пристап до многубројни технички информации кои ќе ви помогнат при создавањето апликации за нашата палета на деловни производи. За повеќе информации за нашите SDK, ве молиме посетете ја веб-страницата на Canon Developer Programme.