Canon imageFORMULA ScanFront 330

imageFORMULA ScanFront 330

Компактен и сигурен мрежен скенер во боја кој ја зголемува продуктивноста и ги намалува IT трошоците преку брза и централизирана администрација која лесно се користи и преку беспрекорна интеграција во деловните апликации и работните процеси

Придобивки

  • Стилски, компактен дизајн
  • Брзо и сигурно скенирање
  • Практично ракување со персонализирани копчиња за задачи
  • Намалени IT трошоци со далечинско управување и интегрирање во мрежа
  • Напредни сигурносни функции
  • Лесно прилагодување со веб верзија на SDK

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageFORMULA ScanFront 330

Брзо и сигурно скенирање


Компактниот ScanFront 330 ви помага во извршувањето на работните процеси и намалувањето на трошоците со продуктивна брзина на скенирање до 30 стр./мин. Корисниците можат брзо да испраќаат документи до разни дестинации во мрежата, вклучувајќи и испраќање кон повеќе дестинации истовремено. Благодарение на новодизајнираниот механизам со валјак за снабдување и опцијата за директно минување на хартијата, корисниците можат сигурно да скенираат документи од различен вид, од дебела/тенка хартија, картички, документи со должина до 1m, A3 големина (во режим на превиткување) и картички со релјеф.

Практично ракување


Корисниците ќе добијат едноставно и практично скенирање со ScanFront 330. Интуитивниот екран на допир во боја од 8,4 инчи со висока резолуција и прилагодливите копчиња за извршување на одредени задачи овозможуваат брза и прецизна дистрибуција на фајлови на различни локации, како на пример e-mail, мрежен фолдер, FTP, USB, факс и печатач. Во корисните функции кои заштедуваат време спаѓа функцијата за испраќање e-mail пораки на сопствената адреса за корисниците кои испраќаат документи, како и ad-hoc факс каде што податоците за дестинацијата на факсот можат да се внесат за време на скенирањето.

Практично далечинско управување


ScanFront 330 се поставува на едноставен начин и овозможува управување и намалување на IT трошоците. За да додадете скенер во мрежата не е потребен дополнителен хардвер или софтвер, а за неговото користење на треба да инсталирате софтвер за сервери. IT менаџерите можат далечински да ажурираат, архивираат и обновуваат повеќе уреди преку едноставен веб-пребарувач, или истовремено со ScanFront Administration Tool.

Совршена интеграција


Интеграцијата во деловните апликации е беспрекорна. Фајловите со мета-податоци за индекс (CSV или XML формат) можат да се префрлуваат при секое скенирање, а овие информации можат да се искористат и за именување на фајловите со слики - овозможувајќи полесна класификација во канцелариските системи. Покрај тоа, за развивачите на софтвер е досапно SDK, вклучувајќи и веб верзија која овозможува користење на софтверот ScanFront од посебен интернет/cloud сервер. Тоа овозможува многу поголеми можности за интеграција за развивачите на софтвер и IT одделите кои ќе можат да создадат сопствени интегрирани и прилагодени решенија за нивните деловни апликации.

Робустна безбедност


ScanFront 330 нуди пакет напредни сигурносни функции кои им овозможуваат на корисниците целосна контрола на пристапот, управувањето и дистрибуцијата на информации. Тука спаѓаат функциите за проверка на корисничко име и лозинка за идентификација на уред и автоматско одјавување по одреден период на неактивност. Ограничувањата за корисници и следењето на активностите на корисниците може централно да се управува, а безбедното испраќање на документи се врши преку шифрирање на PDF и заштита со лозинка, овозможувајќи безбедно прегледување, уредување и печатење.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageFORMULA ScanFront 330, неговите функции и можности.

Scanning speed A4 (single sided)

Брзина на скенирање за A4 (еднострано)

Automatic document feeder

Автоматски механизам за снабдување со документи

Up to 3,000 sheets per day

До 3.000 листови на ден

Intelligent network scanning

Интелигентно скенирање преку мрежа

8.4” touch screen

Екран на допир од 8,4”

Double-sided scanning

Двострано скенирање

Scan to Folder

Скенирање во фолдер

Scan to FTP

Скенирање на FTP адреса

Scan to email

Скенирајте кон е-пошта

Scan to USB memory

Скенирање на USB мемориски уред

Scan to printer

Скенирање кон печатач

Scan to FAX

Скенирање кон ФАКС

  • Скенер

  • Документација

  • Диск за поставување

  • AC адаптер

  • Кабел за напојување

  • Валјак за снабдување

Видеоснимка за ScanFront 330

Испорачан софтвер

ScanFront Administration Tool

Софтверот ScanFront Administration Tool ви овозможува да управувате со повеќе ScanFront скенери во исто време. Можете да го проверувате тековниот статус на ScanFront скенерите во мрежата, да ги конфигурирате поставките, да управувате со корисници, да правите резервни копии и да ги обновувате податоците за конфигурирање.

ScanFront Administration tool
ScanFront service software

Софтвер ScanFront Service

Софтверот ScanFront Service од Canon ги подобрува мрежните функции на ScanFront. Може да се конфигурира да испраќа скенирани содржини кон локации на мрежата каде што не е можно директно префрлување од скенерот, на пример:

•  Дестинација на различен мрежен сегмент
•  Печатачи на мрежата
•  Споделени папки на компјутери кои се наведени по IP адреси
•  Одредени NAS (уреди за складирање поврзани во мрежата)

Комплет за програмери на софтвер

Нашата програма за развој на деловни решенија (BSDP) е посветена да ви обезбеди пристап до многубројни технички информации кои ќе ви помогнат при создавањето апликации за нашата палета на деловни производи. За повеќе информации за нашите SDK, ве молиме посетете ја веб-страницата на Canon Developer Programme.

Easy Scanning

Компатибилност со uniFLOW

Искористете ги предностите што ги нуди поддршката на uniFLOW за мрежните скенери за документи ScanFront од Canon за да ги подобрите работните процеси за скенирање и добијте поголеми придобивки од вашите уреди од Canon. ScanFront се одликува со компактен дизајн и извонредно сигурен механизам за снабдување со документи и може да се постави таму каде што е најмногу потребен за снимање документи во голем број различни формати на поефикасен начин.