Скенирање со uniFLOW

Уживајте во поголема придобивка од вашите уреди од Canon со uniFLOW: софтверска платформа што овозможува полесно задоволување на потребите за печатење, скенирање и управување со уредите. Модуларниот дизајн и одличната интеграција со уредите од Canon ѝ овозможува да понуди ненадминат потенцијал за создавање единствена прилагодена платформа за контрола на канцелариското печатење, скенирање и деловните простории за печатење. 

uniFLOW управува со целосниот процес на печатење: почнувајќи со директно скенирање од уреди и едноставна обработка на документи со моќниот процесор за обработка па сè до дистрибуција до сите поддржани дестинации.

Практично скенирање со вашите уреди од Canon

Уживајте во едноставни процеси на скенирање со доследен интерфејс за сите компатибилни повеќефункционални печатачи од Canon (imageRUNNER ADVANCE, одредени модели на imageRUNNER и i-SENSYS) и мрежни скенери од Canon (imageFORMULA ScanFront) кои се одликуваат со извонредно компактни димензии и сигурно снабдување со хартија.

Easy Scanning

Персонализирано скенирање

Скенирање со следење: корисниците ќе можат да ги видат само важните работни процеси, независно преку кој уред во компанијата ќе се најават. Администраторите на uniFLOW можат лесно да доделуваат дозволи за да можат да контролираат кои работни процеси треба да бидат достапни за сите или одреден оддел, група или корисник.

Скенирајте безбедно

Спречете неовластено користење на уредите со изборот на флексибилни опции за најавување корисници, како на пример, најавување со картичка, корисничко име/лозинка, PIN код, код на задачи или анонимно најавување. Пристапот до функциите за скенирање може да се ограничи врз основа на корисникот поради дополнителна заштита на вашите чувствителни или доверливи деловни податоци. Евиденцијата за скенирање се зачувува за дополнителни проверки.

Secure Scanning
Easy Scanning 2

Скенирајте без напор

Функцијата за најавување управува со пристапот до функциите за скенирање и за печатење на повеќефункционалните уреди, што придонесува за ефикасни деловни процеси. Откако ќе се најавите, интуитивниот и практичниот кориснички интерфејс, кој е доследен кај сите уреди, овозможува полесно скенирање. Прегледот на екранот им помага на корисниците да ги проверат скенираните документи.

Брза и флексибилна обработка на скенираните слики

Автоматизирајте ја конверзијата на скенираните слики во структурирани и неверојатно компресирани документи со можност за пребарување на едноставен начин со uniFLOW. Снимените документи се подготвени за уредување, архивирање или интеграција во вашите системи.

За компатибилност со мрежните скенери ScanFront е потребен uniFLOW со минимална верзија 5.4. Контактирајте со овластен препродавач на Canon или со овластено лице за интеграција на системи за uniFLOW уште денес. Сите имиња на марки и производи се заштитни знаци на нивните респективни компании.