Canon CanoScan 9000F

CanoScan 9000F

Овој врвен скенер за филмови, фотографии и документи е дизајниран за корисниците на филмови на кои им е потребна и разновидна продуктивност на скенерот. Напредни функции за постигнување исклучителен квалитет при најголема брзина.

Придобивки

  • Врвен скенер за филмови, фотографии и документи
  • 9600x9600dpi; 48-битна длабочина на боја
  • Брзо скенирање на документи, фотографии, филмови и слајдови; нулта потребно време за загревање
  • Софтвер за скенирање и уредување; 7 EZ копчиња; FARE
  • Auto Photo Fix II и Auto Document Fix

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon CanoScan 9000F

Подобрен квалитет, исклучителни детали


Бидете еден чекор понапред во создавањето висококвалитетно скенирање на филмови и фотографии. 9600 x 9600dpi* CCD сензорот применет во CanoScan 9000F ви го нуди најдобриот квалитет на репродукција, создавајќи исклучително детални слики. Тие се идеални за зголемување и печатење со висока резолуција, со 48-битна длабочина на боја која обезбедува прецизна репродукција на бои.

Скенирајте со голема брзина, заштедете време


Постигнете нови нивоа во продуктивните перформанси при скенирањето. Брзо скенирајте 35mm негативи, со прибл. 18 секунди за кадар (1200 dpi), или скенирајте A4 документ или фотографија во боја за прибл. 7 секунди (300 dpi). Започнете да скенирате веднаш, без чекање, благодарение на брзото загревање – и истовремено заштедете енергија.

Разновидно управување со филмови


Вградениот адаптер за филмови ќе ги задоволи сите ваши потреби за скенирање филмови без напор. Тој скенира 12x 35mm филмови и 4x слајдови - или позитивни или негативни - со една операција. Исто така, поддржува филм со формат 120 (макс. 6x 22cm).

Автоматска корекција на слика


Обновете ги изгребаните, оштетените, старите и избледените филмови со леснотија, без здодевното рачно ретуширање. Уникатната FARE (автоматско ретуширање и подобрување на филм) ниво 3 технологија на Canon - вградена во скенерот - ја врши работата за вас користејќи инфрацрвена светлина која ја скенира површината на филмот за да пронајде физички дефекти. QARE ниво 3 технологија која автоматски обновува оштетени испечатени фотографии.

Навистина лесно користење


Уживајте во едноставното ракување дури и при најсложените функции. 7 EZ копчиња кои ви даваат моментален пристап до автоматско скенирање, копирање, праќање е-mail и создавање на PDF фајлови со повеќе страни. Копчето за "автоматско скенирање" препознава фотографии, документи и повеќе видови на филмови, обезбедувајќи соодветни подесувања за скенирање и зачувување. Софтверите Auto Photo Fix II и Auto Document Fix ги оптимизираат печатењето и квалитетот на конечните слики или документи. Вградениот AC адаптер ја прави единицата покомпактна и го намалува нередот на масата.

Вклучен интелигентен софтвер со голема вредност


Со единицата се испорачуваат моќните софтвери SilverFast SE, Adobe Photoshop Elements и ArcSoft PhotoStudio, извлекувајќи максимум од вашето скенирање. Лесно управување со скенираните фајлови со користење на MP Navigator EX софтверот од Canon. Конвертирајте документи во PDF со можност за пребарување, надополнети со заштита за безбедно чување на доверливи информации. Друга непроценлива софтверска функција е помошта при спојување, која ви овозможува да скенирате A3 страници со беспрекорно спојување на две A4 скенирани страници.

* погледнете ги спецификациите

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon CanoScan 9000F, неговите функции и можности.

Scanning resolution in dots per inch

Резолуција на скенирање во точки по инч

A4 colour document scan speed

Брзина на скенирање на A4 документ во боја

Negative film scanning

Скенирање на негативи од филм

One touch operation

Ракување со еден допир

PDF files creation function

Функција за создавање на PDF фајлови

Film Auto Retouching & Enhancement

Автоматска дополнителна обработка и подобрување на филм