Canon CanoScan LiDE 25

CanoScan LiDE 25

Тенок, функционален и изненадувачки пристапен, 1200dpi CanoScan LiDE 25 го надополнува секое креативно опкружување. Тој ја влече сета потребна енергија од само едно USB поврзување, не е потребен адаптер за струја!

Придобивки

  • Компактен, тенок и стилски
  • Напојување преку USB собирник
  • 1200 x 2400dpi¹ со 48 bit-на длабочина на боја
  • Скенирање во PDF
  • QARE ниво 3 отстранување на прав/гребаници и корекција на заднинско светло
  • Опширен софтверски пакет
  • 3 EZ копчиња
  • Мулти-фото режим
  • Z-капак за скенирање дебели документи

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon CanoScan LiDE 25

Скенирање со стил


Со дебелина од само 38mm, извонредно тенкиот CanoScan LiDE 25 е очигледниот избор за ненатрупано биро. Поради технологијата на LiDE со слаб апетит за струја, тој не бара никакви несмасни кабли - само еден USB кабел поврзан на вашиот компјутер е единствениот кабел што ќе ви треба.

И покрај малата големина, LiDE 25 има силна резолуција. Без оглед дали скенирате документи или фотографии, спецификациите на 1200 x 2400dpi¹ и на 48 bit-ната длабочина на бојата точно ги репродуцираат сите фини детали и суптилни сенки. Вашите остри резултати ќе бидат погодни за зголемување и за уредување на сликата по скенирањето.

Директно во PDF


Функцијата ‘Scan to PDF’ скенира документи директно во PDF (Portable Document Format), забрзувајќи го вашиот работен тек и ослободувајќи ве од потребата за дополнителен софтвер за конверзија. Креирана е пловечка палета на PDF страници, кои може да се подредуваат по желба. Текстот автоматски се вградува во PDF датотеките при скенирање, овозможувајќи уредување и пребарување.

Бидејќи она што го скенирате не е секогаш со соодветна големина, LiDE 25 вклучува иновативен Z-капак со двојни шарки. Капакот одржува рамномерен притисок на се што ќе поставите на стаклото, правејќи го идеален за скенирање дебели документи, списанија и книги - па дури и мали пакети.

QARE ниво 3 на Canon е вашиот вграден систем за корекција на печатени фотографии. Правот и гребаниците автоматски се откриваат и се корегираат, заштедувајќи ви многу часови рачно ретуширање. Може да се корегираат и избледена боја, претерана зрнетост и слаба експозиција.

Повеќе фотографии во едно скенирање


Брзиот и практичен режим Multi-Photo² на LiDE 25 креира индивидуални автоматски отсечени датотеки од едно скенирање на до 10 одделни фотографии, визит-картички или други оригинали. Тој дури и ги отстранува искривувањата автоматски, заштедувајќи ви скапоцено време, кое инаку ќе го потрошевте на грижливо подредување на фотографиите на стаклото пред скенирање.

Испорачаниот софтвер вклучува уредување слика со ArcSoft PhotoStudio и OmniPage SE OCR. За да ви помогне да останете организирани, алатникот на CanoScan си стои секогаш подготвен на работната површина, овозможувајќи ви да си ги прилагодите трите EZ-копчиња за редовните функции, како копирање, скенирање директно во e-пошта и директно во PDF.

¹ Оптичката резолуција е мерка на максималната резолуција на семплирање на хардверот, базирано на стандардот ISO 14473.
² Оригиналите мора да бидат правоаголни и да бидат поставени на најмалку 1cm растојание. Опцијата за отстранување на искривување коригира до 10 степени накривување.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon CanoScan LiDE 25, неговите функции и можности.