СТУДЕНТСКА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА CANON

НАТПРЕВАР 2021

ОРГАНИЗАТОР И УЧЕСНИЦИ

Организатор е Canon Europa N.V. 59 Bovenkerkerweg, 1185 XB („организатор“);
1. Обработувач на податоците е Interpay Sales Promotions, IDA Business & Technology Park, Ring Road, Kilkenny, Ireland.
2. Сите кандидати („кандидати“) мора да бидат на возраст над 18 години на 9 јуни 2021, да се запишани во образовна програма или да завршиле образовна програма за време на академската година 2020-2021 или да се практиканти во агенции или списанија во истиот период; утврдувањето на подобноста и приемот на кандидатите ќе се врши врз основа на доказ дека студентот е примен во образовната институција или дека е практикант во агенцијата/списанието и/или врз основа на копија од студентската легитимација.
3. Вработените кај организаторот, подружниците, нивните семејства, агентите и другите лица коишто се директно вклучени во програмата и спонзорството немаат право на учество.
4. Со пријавувањето за натпреварот во рамките на студентската програма за дигитален развој на Canon („натпревар“), сите кандидати се смета дека се согласуваат со правилата и условите освен ако не добијат поинакво писмено известување.

ШТО ПРЕТСТАВУВА СТУДЕНТСКАТА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА CANON?

5.1 Од кандидатите коишто се жители во земјите дадени подолу или наведени од локална организација на Canon ќе бидат избрани 250 учесници: 


• Албанија 
• Алжир
• Ангола
• Ерменија
• Австрија
• Азербејџан
• Бахреин
• Белорусија
• Белгија
• Бенин
• Босна и Херцеговина
• Боцвана
• Бугарија
• Буркина Фасо
• Бурунди
• Камерун
• Зелен ’Рт
• Централна Африканска Република
• Чад
• Комори
• Хрватска
• Кипар
• Република Чешка
• Демократска Република Конго
• Данска
• Џибути
• Египет
• Екваторска Гвинеја 
• Еритреја
• Естонија
• Етиопија
• Финска
• Франција
• Габон
• Грузија
• Германија
• Гана
• Грција
• Гвинеја
• Гвинеја-Бисау
• Унгарија
• Унгарија
• Иран
• Ирак
• Ирска
• Израел
• Италија
• Брег на Слоновата Коска
• Јордан
• Казахстан
• Кенија
• Саудиска Арабија
• Косово
• Кувајт
• Киргистан
• Латвија
• Либан
• Лесото
• Либерија 
• Либија
• Литванија
• Луксембург
• Мадагаскар
• Малави
• Мали
• Малта
• Мавританија 
• Маврициус
• Мајот
• Молдавија 
• Црна Гора 
• Мароко
• Мозамбик
• Намибија
• Холандија
• Нигер 
• Нигерија
• Северна Македонија
• Норвешка
• Оман
• Полска
• Португалија
• Катар
• Република Конго
• Реинион
• Романија
• Русија
• Руанда
• Света Елена
• Сао Томе и Принсипе
• Саудиска Арабија
• Сенегал
• Србија
• Сејшели
• Сиера Леоне
• Словачка
• Словенија
• Сомалија
• Јужна Африка
• Јужен Судан
• Шпанија
• Судан
• Свазиленд
• Шведска
• Швајцарија
• Сирија
• Таџикистан
• Танзанија 
• Гамбија 
• Того
• Тунис
• Турција
• Туркменистан 
• Уганда
• Украина
• Обединети Арапски Емирати
• Обединето Кралство
• Узбекистан
• Западна Сахара
• Јемен
• Замбија
• Зимбабве

5.2 По оценувањето, избраните кандидати ќе станат „учесници“ и 250 студенти ќе бидат примени во студентската програма за дигитален развој на Canon („програмата“). Индивидуалното оценување на подготовката на портфолијата од страна на професионалците од областа ќе се одвива далечински во периодот помеѓу јули и август. Од 1 до 4 септември 2021, учесниците ќе бидат дигитално вклучени во следните главни активности:
• Специјализирани предавања, презентации и вежби
• Оценување на групни портфолија од страна на професионалци од областа (фотографи, уредници на фотографија, куратори, новинари)
• Можности за поврзување со претставници од областа на обработка на слики и медиумите овозможени од Canon

5.3 Официјалниот и единствен јазик којшто ќе се користи во рамките на иницијативата е англиски и нема да биде обезбеден превод. Учесниците треба соодветно да го владеат англискиот јазик за да можат да ја следат програмата, како и да ги поседуваат потребните алатки и вештини за да учествуваат во дигиталната онлајн средина. 

5.4 Сите учесници ќе ѝ бидат претставени на соодветната локална организација на Canon во земјата.

КАКО ДА УЧЕСТВУВАШ?

6. Учеството е бесплатно. За да победат и да бидат избрани да учествуват во програмата, кандидатите треба да го испратат своето портфолио преку URL-линк (canon-europe.com/student) во периодот од 1 април 2021 до 9 јуни 2021. Кандидатите треба да испратат портфолио со најмногу две (2) приказни/проекти коишто ќе содржат најмногу дваесет (20) соодветно именувани фотографии.
7. Заедно со портфолиото, кандидатите треба да испратат и дополнителна документација (во PDF-формат) поврзана со нивните приказни/проекти или студии којашто треба да се состои од:
• биографија;
• мотивациско писмо за учество во програмата;
• доколку е можно, препорака од наставникот/училиштето/агенцијата/списанието;
• студентска легитимација и/или потврда од училиштето/универзитетот (или потврда за вршење практична работа во агенцијата/списанието) со коишто се потврдува дека студентот е запишан во академската година 2020-2021.

8. Нецелосните, неважечките или несоодветните пријави или пријавите добиени по крајниот рок, 9 јуни 2021, 23:59 ч. (GMT) нема да се земат предвид за учество во програмата.
Во периодот од 18 до 30 јуни 2021, следните документи ќе треба да ги достават само кандидатите коишто ќе бидат избрани за учесници:
• потврда за учество во програмата;
• слика од пасош и/или лична карта заради докажување на возраста.

Доколку не го потврдат учеството и/или не ја обезбедат потребната документација до 30 јуни 2021, учесниците го губат правото на учество во програмата.

УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

9. Испратените фотографии мора да бидат оригинални и снимени од страна на кандидатот;

10. Фотографиите/пријавите испратени од кандидатите не смеат да содржат:

i. ништо што може да се смета за незаконско или што може да ги наруши правата на некое трето лице;

11. Исто така, кандидатите се согласуваат да бидат контактирани од организаторот и неговите претставници за целите на спроведување на натпреварот или ако организаторот сака да разговара за друга употреба на фотографиите испратени за натпреварот.

12. Организаторот го задржува правото да ги дисквалификува нецелосните или неразбирливите пријави или пријавите коишто не ги исполнуваат горенаведените услови на некаков друг начин.

ГАРАНЦИИ

13. Со поднесувањето на пријавата, кандидатот гарантира дека: 
1. Кандидатот е авторот на фотографиите; 
2. Кандидатот е носител на сопственичките права на фотографиите; 
14. Организаторот гарантира дека:
1. Ќе дејствува во рамките на правата доделени со овие правила и услови;
2. Организаторот може да го употреби вашето име и одредени фотографии за рекламни цели, промоција и публицитет за Canon, студентската програма за дигитален развој и други образовни иницијативи на Canon без дополнителен надомест. Во овој случај, организаторот ќе го контактира учесникот за да побара согласност според наведеното во клаузулата 11. Не може неосновано да се одбие да се даде согласност.

ИЗБОР

15. По крајниот датум, 9 јуни 2021, непристрасно жири составено од вработени во Canon и/или други професионалци од областа ќе ги избере учесниците врз основа на испратените пријави, а учесниците потоа ќе бидат примени во студентската програма за дигитален развој на Canon за 2021. Поднесените пријави ќе се оценуваат врз основа на: документарните и наративните вештини на портфолиото, автентичноста, приказната, биографијата, мотивациското писмо, препораката и целокупниот квалитет на портфолиото.

16. Кандидатите чиишто пријави ги исполнуваат условите ќе бидат избрани и известени за одлуката од селекцијата во периодот до 30 јуни 2021.

НАГРАДА

17. Избраните студенти, т.е. учесниците, ќе учествуваат во студентската програма за дигитален развој на Canon и ќе имаат можност да ги следат специјализираните предавања, да добијат оценки за своите портфолија и да се поврзат со професионалци од областа, и сето тоа во дигитален онлајн формат („наградата“).

18. Организаторот го задржува правото да ги објави името, градот и државата на учесниците или да го промовира доделувањето на наградата по датумот на завршување на програмата. Ако победникот не сака да се објават ваквите информации, тој/таа треба да го извести организаторот за ваквата одлука при примањето на известувањето за одобрено учество во програмата.

19. Наградата не може да се пренесе на друго лице, ниту да се замени за готовина или друг алтернативен начин на исплата. Ако наградата не може да се додели поради околности на виша сила, организаторот го задржува правото да ја измени програмата.

20. Организаторот не ги прекршува овие правила и услови, ниту е одговорен за доцнење во исполнувањето или неисполнување на обврските наведени во правилата и условите ако доцнењето во исполнувањето или, пак, неисполнувањето на обврските е последица на настани, околности или причини коишто се надвор од неговата разумна контрола, вклучувајќи тука, без ограничување, пожари, поплави, ембарго за време на пандемија, војна, воени активности (без разлика дали е објавена војна), терористички дела, бунтови, протести, граѓански немири, штрајкови, масовни отпуштања или други пречки поврзани со работната сила, природни непогоди или активности, пропусти или доцнење во преземањето на активности од страна на владини тела („виша сила“).
21. Откако ќе бидат примени, избраните учесници мора да се достапни да го следат изданието на студентската програма за дигитален развој на Canon за 2021 г. во периодот од 1 до 4 септември 2021. 
22. Одбиеното или непотврдено место во програмата може да им биде понудено на останатите кандидати по сопствена и апсолутна желба на организаторот.

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

23. Canon Europa N.V., 59 Bovenkerkerweg, 1185 XB, е контролорот на податоци во поглед на личните податоци коишто ги доставуваат кандидатите. Доставените лични податоци се безбедни и може да се префрлат на безбеден сервер надвор од земјите коишто припаѓаат на ЕЕА.
24. Личните податоци коишто ги добиваме од кандидатите подлежат на Политиката за приватност на корисници на Canon https://myid.canon/canonid/#/policy?ui_language=en-GB.

ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

25. Организаторот го задржува правото да одбие да ги награди пријавените проекти или да ја надомести целосната вредност за наградата ако смета дека дошло до злоупотреба или прекршување на правилата и условите на натпреварот.

26. Организаторот нема да сноси одговорност за каква било загуба, штета или повреда од каков било вид, без разлика како била предизвикана, а којашто им била нанесена на учесниците во натпреварот. Сепак, ништо во правилата не ја поништува или ограничува одговорноста на организаторот за повреди или смрт предизвикани поради докажана небрежност на неговите вработени или изведувачи на работи.

27. Во случај на расправа околу толкувањето или примената на правилата во врска со какво било прашање поврзано со натпреварот, одлуката на директорите на организаторот ќе се смета за конечна и нема да се разменува коресподенција.
28. Даноците или давачките коишто локалната власт може да ги пропише за учесниците поради нивното учество во програмата ќе ги сноси организаторот (или локалната подружница, доколку е изводливо).

НАДЛЕЖНОСТ

29. Правилата и условите, како и споровите коишто може да произлезат од нив или во врска со нив, ќе бидат регулирани и толкувани согласно законите на Холандија и ќе подлежат на неексклузивната судска надлежност на судовите во Амстердам.

Верзија I, ажурирана на [8 март 2021]

Може да ве интересира и

Информирајте се за различната опрема и алатки коишто можат да ви помогнат да станете професионалци.