Поддршка на идната генерација

На раскажувачите на приказни им е потребен пристап до образование и опрема за да можат да продолжат да учат и да се развиваат.
Програмата за млади луѓе на Canon им помага на оние на коишто им е најпотребна помош, младите луѓе од сиромашни семејства и заедници од региони во развој, во документирањето на приказните за општествените прашања и прашањата од животната средина коишто лично ги засегаат.
Empowering young People

Програма за млади луѓе

Преку нашата програма за млади луѓе сме поддржале над 5750 млади учесници и сме соработувале со над 50 добротворни партнерски организации, вклучувајќи ги и „Plan International“ и „Wild Shots Outreach“ во Европа, Средниот Исток и Африка, за им помогнеме на младите луѓе да се стекнат со вештини, опрема и платформи коишто им се потребни за да ги споделат своите приказни со светот и да создадат нови можности за себе и останатите учесници во нивните заедници.

Најнови приказни

  • Global Festival of Action на ОН

    Canon ќе присуствува на настанот „Global Festival of Action“ на ОН, заедно со учесници од програмата за млади луѓе, со цел да ја покажат моќта на фотографијата да поттикне и инспирира промени.

  • Од нас зависи...

    За да покажат што е потребно за безбеден град, тинејџерите заминаа во Брисел да ја раскажат својата приказна со фотоапарат.

  • Во време на конфликт

    За време на борбата во Рамади беше разрушено училиште во Ирак. По обновата на училиштето, учениците учеа како да ја раскажат својата приказна преку фотографии.

  • Со фотографии до подобра иднина за Кругер

    Ловокрадството на носорози е честа појава во националниот парк „Кругер“, но „Wild Shots Outreach“ се бори за промена преку подучување на младите да раскажуваат приказни со помош на своите фотоапарати.

  • Разгледајте повеќе

  • Miraisha

    Ги едуцираме идните професионалци во Африка.

  • Печатете

    Дознајте повеќе за придобивките за животната средина од употребата на нашата технологија за инкџет.

  • Намалување на влијанието врз животната средина

    Дознајте како го намалуваме нашето влијание врз животната средина

  • КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ

    Контактирајте нè

    Споделете ги вашите размислувања и прашања со нашиот тим за одржливост