Динамичка стабилизација на слика
Совршена за снимање без заматување кога се движите.
Снимајте и споделувајте неверојатно стабилни Full HD видеоснимки со врвен квалитет со помош на палетата на компактни видеокамери HF R LEGRIA.
Интелигентната стабилизација на слика ќе се погрижи да добиете остри и детални видеоснимки – вие треба да се фокусирате само на снимањето. Таа автоматски ја открива сцената и ги избира најсоодветните поставки за стабилизација на слика помеѓу 4-те режими за елиминирање на движењето и спречување на заматувањето.
Совршена за снимање без заматување кога се движите.
Го намалува тресењето на камерата при снимање телефото снимки.
Стабилизацијата на слика се исклучува при монтирање на статив.
Тресењето при поместување и менување на аголот се намалува кога снимате снимки одблиску.
Уживајте во најдоброто од Full HD со брзина на снимање до 50 слики во секунда која овозможува дури и динамичните објекти да изгледаат остри и јасни.
Снимете ги првите чекори и првите зборови на вашето дете, како и многу други моменти, со помош на напредниот режим за бебиња. Создадете интересни албуми за најмногу три деца, а снимениот материјал автоматски ќе се зачувува во албумот што ќе го изберете.
Кога користите голем зум може да го изгубите објектот, но функцијата за помош при обликување на кадарот ќе ви помогне да го задржите во видикот и полесно да ги следите случувањата. Изгубените објекти можете лесно да ги пронајдете со притиснување на едно копче, а потоа ќе се обнови и оригиналната позиција на зумирање.
Благодарение на функцијата за избирање на аудио сцена и вградениот микрофон со зумирање и голема чувствителност, лесно ќе можете да ги направите вашите видео снимки да звучат подеднакво добро како што изгледаат. Само изберете еден од 5-те режими за сцена, како музика или говор, а поставките за звукот автоматски ќе се оптимизираат.