Компактни и лесни видеокамери со разновидни опции што се идеални за многубројни специјални намени.
Овие повеќенаменски видеокамери, со разновидни опции, висококвалитетно снимање и голема флексибилност при инсталацијата и контролирањето, внесуваат нови можности во апликации како документарни видеоснимки за дивите животни и природата, настапи во живо, снимање во студио и далечинско снимање и надзор.
Оваа професионална мрежна камера снима Full HD видео во боја во потполна темнина со максимална ISO вредност над 4 милиони, со помош на CMOS сензор од 2,26 MP за целосна слика.
Зголемете ја вашата креативност со EF приклучокот со функција за заклучување при снимањето кој поддржува голем избор на компатибилни EF/EF-S објективи од Canon. Интегрирајте го во работните процеси на едноставен начин со многубројните приклучоци* како што е HDMI излезот, Genlock и приклучоците 3G/HD-SDI.
*Во зависност од моделот
Поставете ја и користете ја камерата на начин по ваш избор благодарение на интерфејсите* за далечинска контрола како што е приклучокот од 2,5 mm, приклучокот RS422 и приклучокот за етернет.
*Во зависност од моделот
Овие мали и лесни камери, со приклучоци на горната и долната страна, можете лесно да ги поставите на тешко достапни места и се идеални за специјални намени благодарение на уникатните функции* како извонредно големи ISO вредности, инфрацрвена светлина, етернет и напреден автоматски фокус.
*Во зависност од моделот