Stay connected

Бидете поврзани

Беспрекорна
интеграција

Искористете ги вградените Wi-Fi и NFC на EOS 5D Mark IV за да се поврзете со вашиот паметен телефон, таблет или лаптоп. Поддршката за FTP/FTPS1 е одлична за снимање во објекти со Wi-Fi, кога има потреба од дополнителна сигурност.

Wi-Fi GPS and NFC on EOS 5D Mark IV

Поврзете се и
фотографирајте далечински

EOS 5D Mark IV може да се контролира безжично од паметен уред на кој е инсталирана апликацијата Canon Camera Connect (iOS или Android). Погледнете од поинаков агол од тешко достапните точки и далечински контролирајте ги функциите како што е Фокус на допир – одлична за фокусирање при снимање видеозапис.

Using tablet remote with the EOS 5D Mark IV

Отсекување и менување на големината

Функцијата за отсекување и испраќање во репродукцијата на EOS 5D Mark IV им овозможува на корисниците да ја преработуваат снимката по снимањето и лесно да ја менуваат големината на сликите за да можат веднаш да ги споделат преку вградениот Wi-Fi. Исто како и во EOS-1D X Mark II, фотографите можат да ги отсекуваат сликите според тоа како сакаат да бидат издадени и можат брзо да им ги испратат на уредниците и на студијата.

Crop and resize image with EOS 5D Mark IV

Зголемете го
опсегот на Wi-Fi

WFT-E7 ја зголемува безжичната флексибилност на фотоапаратот, нудејќи им на фотографите можност за безжично префрлување слики од фотоапаратот во компјутер на голема оддалеченост, како и подобрено далечинско фотографирање и функционалност на Media Server.

Wi-Fi transmitter WFT-E7 for EOS 5D Mark IV
Connect around the world with 5D Mark IV

Во допир со светот

Вградените GPS географски ознаки ја означуваат секоја слика со вашата локација и ја оддржуваат точноста на внатрешниот часовник на EOS 5D Mark IV. Тој е исто така ефикасен и во поглед на моќноста, така што ќе можете подолго да снимате. GPS помагаат при ставањето на сликите во каталогот и ви овозможуваат да ги реконструирате вашите чекори за повторно да ги пронајдете локациите за снимање.

Не заборавајте ги податоците никогаш

Фоторепортерите мора да ги доловат сите детали, а тука спаѓаат и важните пишани информации. Вчитувајте шаблони со метаподатоци на вашиот EOS 5D Mark IV кои содржат лични информации и детали за снимките. Секоја снимена слика ќе ги има овие информации вметнати во своите полиња за IPTC мета-податоци.

Share date via IPTC with EOS 5D Mark IV

Брзо и сигурно
префрлување податоци

Поврзувањето преку USB 3.0 нуди брз пренос на податоците до компјутерите и Mac компјутерите – идеално за снимање во студијата.

USB connectivity with EOS 5D Mark IV

Флексибилни
опции за снимање

EOS 5D Mark IV располага со отвори за SD и CF картички кои поддржуваат брзи UDMA 7 картички со брзина на запишување до 167MB во секунда.

EOS 5D Mark IV dual card slots

Погледнете други придобивки

1 За да бидат усогласени со регулативата за безбедност EU RED EN18031, производите кои се испорачуваат од август 2025 година немаат поддршка за FTP/FTPS. Потрошувачите кои купиле производ пред овој датум може да ја отстранат функцијата со изборниот фирмвер кој ќе стане достапен во јули 2025 година.