Придобивки
Разликата е во деталите
Од моментот кога светлината ќе пројде низ објективот, EOS 5D Mark IV ја доловува секоја нијанса, секоја боја, секој детаљ…
Во срцето на EOS 5D Mark IV е сместен брз DIGIC 6+ процесор кој го контролира секој аспект од однесувањето на фотоапаратот, вклучувајќи го и претворувањето на необработените податоци од сензорот во висококвалитетни слики, богати детали и мал шум, со прецизни бои и тонови на кожа.
Темелно изработен за максимални перформанси, EOS 5D Mark IV може континуирано да снима со 7fps1 со целосен AF и автоматска експозиција, снимајќи до 21 RAW слики или неограничен број на JPEG слики во една серија2. Секогаш ќе бидете подготвени за наредниот кадар. Во режимот за прегледување во живо, возможно е континуираното снимање со 4,3 fps со AF следење. Секогаш ќе бидете подготвени за наредниот кадар.
LCD екранот од 3,2 инчи со висока резолуција и интуитивни контроли на екранот на допир го прави снимањето со EOS 5D Mark IV вистинско задоволство. Допрете за да ги изберете наредбите од менито и прелистувајте нанапред и наназад додека прегледувате слики. Четирите опции за тон на боја ви овозможуваат јасно да го користите екранот во кое било време, дење или ноќе.
Изберете го режимот за нечујно фотографирање на EOS 5D Mark IV за да го сведете звукот на блендата на минимум. Специјалното намалување на интензитетот му овозможува на фотоапаратот да работи тивко, дури и во најтивките средини.
Тресењето на фотоапаратот и вибрациите на огледалото може да предизвикаат заматување, поради што Canon создаде систем за контрола на вибрациите на огледалото за да го минимизира ова заматување и да обезбеди остри слики со намалено ниво на шум; совршено за дискретно фотографирање.
Интелигентниот визир II со информации за фотографирањето, како што е електронската либела со двојна оска, нуди почист и појасен приказ на сцената преку објективот со приближно 100 проценти видливост. Информациите за снимањето се внимателно распоредени за да овозможат лесна и прецизна композиција, а приказот може да се прилагоди за да одговара на потребите на фотографот.
Секој фотограф е уникатен и работи на свој начин. Поради ова, инженерите на Canon овозможија да се менуваат видот, големината и положбата на иконите на екранот за брза прилагодена контрола на фотоапаратот брзо и лесно, поради што ќе можете да ги пронаоѓате омилените поставки без напор.
EOS 5D Mark IV се одликува со моќна заштита од временски услови3 и цврста конструкција од магнезиумска легура, давајќи ви самодоверба да продолжите со снимањето дури и кога временските услови ќе се влошат. Полесен од EOS 5D Mark III, EOS 5D Mark IV е изработен за сигурни перформанси при снимањето и подолго траење.
Држачот со батерија BG-E20 носи дополнителни придобивки при ракувањето на EOS 5D Mark IV, како и двојно поголем капацитет на батеријата, што ви овозможува подолго време на снимање и поголема контрола благодарение на вертикалните контроли за фокусирање и мерење.
1. Со 1/500 сек. или поголема брзина на бленда, максимална решетка (во зависност од објективот), целосно наполнета батерија LP-E6N, при 23°C/73°F. Брзината ќе се намали доколку е овозможена некоја од овие функции: елиминирање на треперење, Dual Pixel RAW, дигитално оптимизирање на објективот
2. EV-3 при фокусирање со една централна AF точка при f/2.8, AF со една снимка, 23°C/73°F, ISO 100
3. Капаците за преградите, капаците за приклучоците и другите делови кои може да се отворат мора соодветно да се затворат за да се овозможи отпорност на прав и капки вода. Сепак, овие мерки не можат целосно да ја спречат правта и капките вода да навлезат во внатрешноста на фотоапаратот.
Придобивки
Од моментот кога светлината ќе пројде низ објективот, EOS 5D Mark IV ја доловува секоја нијанса, секоја боја, секој детаљ…
Придобивки
EOS 5D Mark IV се одликува со напредно фокусирање и мерење кое го доловува моментот кога тој настанува…
Придобивки
Снимајте 4K видеоснимки во DCI формат 17:9 (4096 x 2160) со стапка на слики до 30fpx, или Full HD видеоснимки…
Придобивки
Вградените GPS географски ознаки ја означуваат секоја слика со вашата локација и ја оддржуваат точноста на внатрешниот часовник на EOS 5D Mark IV…