Arizona 135 GT

Печатачи за големи формати

Canon Arizona 135 GT

Откријте ги новите и профитабилни деловни можности коишто ги нуди наградуваниот печатач со рамно лежиште Arizona, којшто овозможува извонредна и широка употреба на голем број медиуми, а ќе ве чини многу помалку отколку што очекувате.

  • 2.000 m2

    Паметна инвестиција од 2.000 m2
    годишно

  • VariaDot

    Наградувана технологија за
    неверојатно печатење

  • Опција за медиуми во ролна

    Постојано печатење на груби и
    флексибилни медиуми

  • Моментално вклучување

    Мала потрошувачка на енергија

  • Откријте ги придобивките од Arizona

    Arizona 135 GT е мудар избор којшто им нуди нови и интересни комерцијални можности на производителите на ознаки и давателите на услуги за печатење. Моделот овозможува лесен пристап до наградуваната серија Arizona којашто е препознатлива по неверојатниот квалитет, извонредната сигурност и одличните мали вкупни трошоци за користење.

    Откријте го најдоброто печатење со рамно лежиште

    Одличниот печатач со рамно лежиште е создаден да се вклопи во вашиот работен процес и да обезбеди професионален квалитет каков што би очекувале од најдобриот печатач со рамно лежиште во светот. Arizona 135 овозможува неспоредлив, конкурентен квалитет на печатење со брзина до 34,2 m2 на час при употреба на речиси секаков вид на груб или флексибилен медиум.

    Откријте нови деловни можности

    Со технологијата со рамно лежиште на Arizona и сушењето со UV-LED светлина, добивате пристап до широка палета на трајни материјали со константен квалитет. Ефикасниот систем со вакуум под голем притисок на Arizona Classic овозможува сигурно стабилизирање на медиумот при печатењето, како и притискање на искривен и груб медиум. Откријте многу повеќе можности со надградливата опција за медиуми во ролна којашто нуди употреба на флексибилни медиуми.

    Откријте квалитетно печатење

    Откријте го исклучителниот квалитет на печатење што го овозможува технологијата за печатење со сиви тонови VariaDot. Таа користи напредни техники во коишто можете да ја изберете големината на капките. Добијте уште поголема усогласеност и снимајте неверојатни фотореалистични слики со беспрекорен квалитет, одлични бои и бели нијанси.

    Arizona 135 GT

    Лесно печатење

    Софтверот за пробно печатење Arizona Xpert овозможува лесно дизајнирање и печатење на материјали со голема вредност, како што се релјефните материјали. Покрај тоа, ви нуди и готови шаблони за лесно создавање на материјалите. Пристапот на Arizona кон овозможување постојано беспрекорно печатење го намалува отпадниот материјал и скапите грешки, со што придонесува за подобра заработувачка и пократко време за завршување на работата.

    Долго време на активна работа

    Бидејќи времето на активна работа игра клучна улога при печатењето, Arizona 135 содржи голем број на сервисни функции. Автоматизираниот систем за одржување овозможува одржување на главата за печатење без користење на рацете и селективно враќање на млазницата во функција за време од само неколку секунди. Далечинската услуга нуди пристап до овластена далечинска помош којашто ја обезбедуваат нашите сертифицирани и искусни техничари за сервисирање.

    Arizona 135 GT

    Печатете материјали на широка палета медиуми со голема заработувачка

    Со технологијата со рамно лежиште на Arizona и сушењето со UV-LED-светлина, добивате пристап до широка палета на трајни материјали со константен квалитет. На пример:

  • Груби и флексибилни медиуми

  • Стандардни површини и површини со текстура

  • Композити од стакло

  • Алуминиум и метал

  • Платно

  • Дрво и медијапан

  • Картички

  • Материјали од цврста и флексибилна
    пластика

  • Внатрешни и надворешни реклами

    Помогнете им на клиентите да се изразат јасно со помош на печатен материјал со порака. Можноста за печатење на големи формати ви нуди простор за креативност и флексибилност во печатењето, од создавање на издржливи надворешни реклами коишто можат да опстојат подолго време во разни временски услови, до печатење на внатрешни промотивни постери коишто секојдневно се менуваат.
    Canon Signage & POS Printer

    Реклами во продавници и места на продажба

    Рекламирањето на местата на продажба го насочува вниманието на конкретни брендови или специјални понуди за да создаде дополнителна вредност или да ги истакне предностите на производот. Оваа техника на рекламирање е доста ефективна бидејќи влијае врз потрошувачот во моментот на донесување на купувачката одлука.
    Arizona 135 GT

    Индустриско означување

    Индустриското печатење претставува примена на технологијата за печатење во процесот на производство. Кај оваа примена, печатениот материјал е вграден во крајниот производ. Прекинувачите со мембрана, ентериерите, подовите, печатењето на стакло, тапетите за на ѕид, автомобилскиот ентериер и релјефното печатење се примери во коишто индустриското печатење добива интересна додадена вредност којашто можете да им ја понудите на потрошувачите.

    Спецификации

    • Брзина на печатење

      До 34,2 m2 на час

    • Опција за медиуми во ролна

      Опција којашто може да се надградува за да овозможи примена на флексибилни медиуми со ширина до 220 cm или тежина до 50 килограми, вклучувајќи и тенки медиуми и медиуми чувствителни на топлина.

    • Големина на маса

      125 x 250 cm

    • Годишен обем на печатење

      Паметна инвестиција од 2.000 m2 годишно

    • Технологија за печатење

      Систем со пиезоелектричен инк-џет со 5 канали којшто користи технологија за снимање VariaDot

    • Резолуција

      Променлива големина на капки од 6 до 30 пиколитри за фотореалистично печатење со острина којашто досега се постигнуваше само при резолуција од 1440 dpi или поголема.

    Одржливост

    Canon е силен приврзаник на одржливиот развој и производство, како и на доставување услуги коишто ги поддржуваат потрошувачите во заложбите да го намалат личното влијание врз животната средина, а притоа и да ги намалат вкупните трошоци за користење.

    Во процесот на печатење на Arizona се користи 50 % помалку мастило во споредба со сличните печатачи со рамно лежиште со 5 канали коишто користат технологија за инк-џет со фиксни глави за печатење, поради што Arizona 135 е привлечен од економски и еколошки аспект. Мастилата што се сушат со UV-LED-светлина го имаат сертификатот UL GREENGUARD Gold, којшто дозволува употреба на која било локација, вклучувајќи продажни центри, училишта, болници и угостителски објекти. Печатачите Arizona користат помалку енергија од конкурентните модели.

    Arizona 135 GT

    Истражете повеќе

    ВИ ТРЕБА ПОМОШ?

    Дали сакате да ги откриете придобивките од Arizonа?