РЕШЕНИЈА ЗА ОБРАБОТКА НА СЛИКА
Корпоративни фотографии и видеоснимки
Од социјални медиуми до годишни извештаи и корпоративна комуникација, создавањето висококвалитетни слики и интерна видеосодржина помага во намалувањето на трошоците и ви овозможува да ја одржите контролата и високите стандарди. Ова е од особена важност за претставувањето на вистинската корпоративна слика за вас и испраќањето на саканата порака на правилниот начин. Нашата палета професионални фотоапарати DSLR, лесни фотоапарати без огледало и видеосистеми создаваат извонредна содржина и нудат можности за поврзување коишто се стандард во индустријата, а притоа користат објективи коишто овозможуваат неверојатен квалитет на сликата. Продолжете да читате и дознајте зошто Canon го има правилното решение за вашата компанија. Вашиот корпоративен углед е во вистинските раце.
Создавајте и споделувајте слики и видеоснимки за вашата веб-страница, внатрешна содржина, содржина за односи со јавноста или социјалните медиуми, истакнете го она што го сакате со прецизни бои и добијте одлична острина и изглед на екранот благодарение на сензорите со висока резолуција.
Сенаменски фотоапарати со интуитивна контрола коишто нудат доследна функционалност со висок квалитет и исклучителни резултати, како и можности за снимање видеоприкази и проследување, со цел споделување на вашите новости со светот.
Canon е препознатлив по своите производи коишто се создадени да понудат постојаност на перформансите и голема ефикасност. Приклучете ги фотоапаратите на AC-адаптер или батерија и уживајте во долгогодишната употреба благодарение на легендарната издржливост на Canon.
Уживајте во беспрекорната контрола со слободен SDK преку USB, со прецизна синхронизација.
ПРОЦЕС
Наградуваната палета фотоапарати и објективи со висока резолуција од Canon нуди исклучително прецизен приказ на бои и острина.
Canon е заслужен за првиот фотоапарат DSLR за целосна слика предвиден за снимање Full HD-видеоснимки, благодарение на којшто денес е развиена и цела палета кинематографски и видеокамери коишто можат да снимаат и до резолуција од 8K.
Свесни сме дека времето на неактивност чини пари, поради што фотоапаратите на Canon нудат докажана сигурност и работа во неповолни услови.
Снимањето одлична содржина е само првиот услов за беспрекорен работен процес. Подеднакво важно е и нејзиното споделување, поради што нашите фотоапарати се опремени со одлични можности за поврзување, како и апликации и прилагоден софтвер коишто ви овозможуваат да споделувате повеќе и подобро на сите вашите платформи.
Погледнете ги многуте области од индустријата, корпоративниот свет и трговијата каде што нашите фотоапарати може да го подобрат и развијат вашето деловно работење.
Користете ја опремата на Canon за создавање неверојатно реална содржина при промовирањето на дестинации и сместување.
Овозможете им увид на обожавателите во секојдневните активности на вашиот клуб и градете лојалност.
Користете ги производите од серијата Hero на Canon за брзо и лесно создавање секојдневни објави на социјалните медиуми.
Проследувајте настани во живо на вашите собири со PTZ-камерите и контролорите од Canon.
Canon е водечко име во обработката на слика повеќе од 80 години. Со големата палета на производи и решенија, ние сме лидери во дигиталната обработка на слики за широка потрошувачка, при соработката од компанија до компанија и индустриската дигитална обработка на слики, почнувајќи од примена на SDK кај фотоапарати за широка потрошувачка, владина и медицинска употреба, до примена кај професионални фотоапарати, видеокамери и објективи со неспоредлива услуга за архивирање и поддршка.
РЕШЕНИЈА ЗА ОБРАБОТКА НА СЛИКА
Палетата фотоапарати без огледало за целосна слика од Canon нуди модерен начин за создавање слики со висока резолуција коишто се одликуваат со острина и се полни со боја.
РЕШЕНИЈА ЗА ОБРАБОТКА НА СЛИКА
Објективите од Canon се препознатливи ширум светот по својата острина, издржливост и разновидност и функционираат беспрекорно со избраниот фотоапарат од Canon.
РЕШЕНИЈА ЗА ОБРАБОТКА НА СЛИКА
Од AС-адаптери и системи за блиц до специјални филтри, па дури и роботски глави за вашиот фотоапарат, во Canon ќе ја најдете дополнителната опрема што ви е потребна.
САКАТЕ ДА ДОЗНАЕТЕ ПОВЕЌЕ?