ПРИВАТНОСТ

Центар за доверба за приватноста

Canon е водечки светски иноватор и обезбедувач на решенија за обработка на слика
a man looking at a tablet

Посветеноста на CANON кон приватноста

Почитта кон луѓето отсекогаш била во суштината на Canon. Врз оваа основа, изградени се четирите столба на нашиот пристап кон приватноста.

  • a person scrolling on a smart phone

    Почит

    Canon е непоколебливо посветен на заштитата на личните податоци на нашите корисници и вработени. „Kyosei“ – заеднички живот и работа за доброто на сите.

  • two work professionals looking at a tablet together

    Доверлив

    Како меѓународен бренд на којшто луѓето му веруваат, Canon разбира дека треба постојано да работиме на одржување на оваа доверба преку робусни технички и организациски мерки.

  • a work professional looking at laptop

    Етика

    Рамката за одговорност за приватноста на Canon гарантира дека доследно преземаме исправни дејства во корист на поединците кои ни ги доверуваат своите лични податоци.

  • work professionals working in an office

    Овозможување

    Ги охрабруваме партнерите и добавувачите да го задржат истото ниво на почит, доверба и етичко однесување во однос на заштитата на податоците и приватноста, како што очекуваме од самите себе.

слика од професионален работник кој работи на лаптоп

Принципи за заштита на податоците

Усогласеноста со принципите за заштита на податоците е основна компонента на пристапот кон приватноста на Canon. Погледнете како е поставена во суштината на нашиот режим за заштита на податоците.

Посветеноста на CANON кон одговорноста

Усогласеноста ја докажуваме преку системска документација, истовремено помагајќи им на своите корисници да ги исполнат сопствените обврски за одговорност.

two work professionals looking at a document

ПОРАКА ОД ОЗП НА ГРУПАЦИЈАТА

„Горд сум што нашата визија за приватноста ‚Ги заштитуваме Вашите лични податоци‘, надополнета со посветеноста на Canon кон етички деловни практики, го зацврстуваат пристапот на Canon при управувањето со приватноста. Личните податоци на другите секогаш ги третираме онака како што очекуваме да се третираат нашите податоци“.

Fred Oberholzer, Директор за приватност на EMEA и Офицер за заштита на податоци на Групацијата
Man working on a computer in an office

Управување со приватноста

Дознајте како Рамката за одговорност за приватноста на Canon доследно ги заштитува Вашите податоци.

Известувања за приватност

Известувања за приватност се достапни за секоја земја во Европа, Блискиот Исток и Африка на локалниот јазик.

Прашања поврзани со приватноста, поплаки и барања

Вашите барања за индивидуални права, прашања и поплаки може да се достават до Canon преку врската дадена подолу. Овој формулар треба да се користи само за прашања поврзани со приватноста. Не можеме да одговориме на општи прашања и барања за техничка помош со вашите производи и услуги од Canon.

Претпочитани опции за реклами

Ако сакате да ги ажурирате претпочитаните опции за реклами, тоа може да го направите со избирање на функцијата за самостојно услужување што се наоѓа подолу.

Технички и организациски мерки

Дознајте ги техничките и организациските мерки што ги преземаме за да обезбедиме усогласеност со обврските за заштита на податоците.

група луѓе околу маса
Work professional using Hybrid working as-a-service model

CANON КАКО ОБРАБОТУВАЧ НА ПОДАТОЦИ

Благодарение на нашето робусно портфолио производи, услуги и решенија, на нашите корисници можеме да им пружиме поддршка како обработувач на нивните податоци.

Посветеноста на Canon кон одржливоста и иновацијата

Тука дознајте повеќе за заложбите за одржливост на Canon

a group of work professionals working in an office

Често поставувани прашања

Дознајте повеќе за пристапот на CANON кон приватноста и заштитата на податоците. За повеќе информации или да поставите прашање што не е одговорено овде, Ве молиме, контактирајте нѐ написмено на DataProtectionOfficer@Canon-Europe.com

Како поединци да го контактираат Canon за да ги искористат своите права како носители на податоци (на пр. право на пристап, право на исправка, право на бришење)?

Поединците можат да ги искористат своите права со испраќање порака на DataProtectionOfficer@Canon-Europe.com.

Што да сторам доколку имам прашање или доколку сакам да испратам поплака?
Прашањата поврзани со приватноста или поплаките можете да ни ги испратите написмено на DataProtectionOfficer@Canon-Europe.com.

Што е тоа офицер за заштита на податоци?
Офицерот за заштита на податоци независно осигурува дека организацијата ги применува законите што ги заштитуваат личните податоци на поединците.

Кој е офицерот за заштита на податоци во Canon?
Во Групацијата компании Canon Europe имаме неколку офицери за заштита на податоците („ОЗП“). Офицерот за заштита на податоците за Групацијата е Fred Oberholzer и можете да го контактирате на DataProtectionOfficer@Canon-Europe.com.Останатите ОЗП можете да ги контактирате на е-адресите дадени во продолжение:

Компании од Групацијата Canon Europe Обратете ни се преку е-пошта
Canon Deutschland GmbH (CDE) datenschutz@canon.de
Canon Schweiz AG (CCH) datenschutz@canon.ch
Canon Austria GmbH (CAT) datenschutz@canon.at
CBC Dresden GmbH Datenschutz-CBC-Dresden@canon.de
I.R.I.S. GROUP S.A. privacy@iriscorporate.com
Canon Giessen datenschutz@canon-giessen.de
NT-Ware Systemprogrammierung GmbH privacy@nt-ware.com

Како ја регулираме приватноста во Canon?
Офицерот за заштита на податоците за Групацијата Canon го поддржува мрежа од ОЗП и Шампиони на приватноста, чиишто улоги и одговорности се јасно дефинирани што овозможува усогласување со Општата регулатива за заштита на податоците на ЕУ (GDPR) како и други закони за приватност и заштита на податоци што важат во EMEA.

Групацијата Canon Europe (Canon EMEA) ги опфаќа Европа, Блискиот Исток и Африка. Во овој голем регион важат многу различни закони за приватност. Рамката за одговорност за приватноста на Canon е развиена за да се осигури дека прашањата поврзани со приватноста се решаваат на еднообразен и стандардизиран начин на сите наши пазари и за да се овозможи непречено деловно работење. Барањата на Европската унија, како и на други европски, блискоисточни и африкански закони за приватност се вградени во Рамката за одговорност за приватноста на Canon.

Дали Canon врши проценка на ризик во врска со личните податоци?
Canon EMEA има добро дефинирани процеси за регулација, управување со ризик и усогласеност. Се работи за следниве процеси:

• Проценки на ризикот по приватноста

• Проценки на влијанието врз приватноста/проценки на влијанието врз заштитата на податоците

• Проценки на ризикот од продавачот

• Проценки на безбедноста


Дали Canon води евиденција на активностите за обработка (RoPA)?
Canon има поставено процеси за усогласеност со барањата за приватност како што се одржување/ажурирање на евиденција на активностите за обработка и вршење проценки на влијанието врз приватноста (ПВП)/проценки на влијанието врз заштитата на податоците (ПВЗП).

Дали Canon има формални процеси за справување при нарушување на безбедноста на податоците?
Canon е строго посветен на заштитата на личните податоци на сите чинители, вклучувајќи ги вработените, добавувачите и корисниците. За да ја исполниме оваа заложба како и нашите обврски согласно применливите закони за заштита на податоци, Canon применува „Политика за управување при нарушување на безбедноста на податоците“. Оваа политика објаснува што претставува нарушување на безбедноста на податоците и кои се првичните чекори што треба да ги преземат вработените кога постои сомнеж дека е откриено нарушување на безбедноста на податоците. Постојат голем број оперативни упатства коишто ја дополнуваат оваа политика.

Дали вработените во Canon се обучени за приватност?
Вработените и добавувачите на Canon добиваат задолжителна обука за приватност и заштита на податоците. Дополнителна задолжителна обука е обезбедена за нашите шампиони за приватност на кои им е доделена посебна одговорност за приватноста во нивната специфична деловна област.

Дали вработените во Canon кои имаат пристап и обработуваат лични податоци се обврзани да ја почитуваат доверливоста?
Сите вработени во Canon, вклучувајќи ги и оние кои работат со личните податоци на нашите вработени, партнери или корисници, обврзани се со одредбите за доверливост во договорите за вработување. Важноста на доверливоста постојано се засилува преку обуки и подигнување на свеста.

Дали продавачите на Canon и другите трети страни се усогласени со прописите за заштита на податоците?
Canon бара од трети страни, вклучувајќи ги продавачите и партнерите коишто обработуваат лични податоци во име на Canon, договорно да се обврзат да ги заштитат сите лични податоци што ги добиваат од Canon и забрането им е да ги употребуваат личните податоци за било која намена освен за да вршат услуги по налог на Canon. Canon спроведува и проценка на усогласеност заснована на ризик за добавувачите коишто ракуваат со податоците на Canon или на корисниците на Canon.

Како Canon се усогласува со ограничувањата за пренос на податоци низ регионите на EMEA каде работи?
Канон користи соодветни механизми за пренос, како што се стандардните договорни клаузули, онаму каде што е применливо. Во надлежности кадешто не се достапни стандардните договорни клаузули, Canon се усогласува со локалните барања за приватност.

Каде можам да добијам повеќе информации за која било од темите за коишто се дискутира во „Центарот за доверба за приватноста на Canon“?
Доколку имате конкретни прашања во врска со некоја содржина на интернет-страниците, Ве молиме, контактирајте го офицерот за приватност на DataProtectionOfficer@Canon-Europe.com

Слични теми

Дознајте повеќе за тоа како Canon ги поддржува и заштитува нашите корисници.