Црно-бели печатачи со една функција

Canon i-SENSYS LBP325x

Ласерски печатач за црно-бело печатење со една функција и голема брзина на печатење. Добијте извонредни брзини на печатење во компактен пакет.

  • 43 стр./мин.

    стр./мин. за печатење во A4-формат

  • 65

    стр./мин. за печатење во A5-формат

  • 2.300 страници

    вкупен капацитет за хартија

  • Автоматски

    двострано печатење

  • Зголемете ја вашата продуктивност со i-SENSYS LBP325x

    Мал, брз и флексибилен - i-SENSYS LBP325x е идеален придружник за надежни компании. Максимизирајте ја продуктивноста без отстапки во квалитетот и искористете ги придобивките што ги нудат приклучоците High-Speed USB и етернет за непречено печатење.

    Голема продуктивност

    Подобрениот механизам за печатење, што е компактен и високоефикасен, нуди извонредни брзини на печатење во A4-формат и A5-формат од 43 стр./мин. и 65 стр./мин., соодветно. Подобрените картриџи за голем обем на печатење ви овозможуваат да печатите повеќе страници пред да треба да ги дополните мастилата, што резултира со максимален обем на печатење и уште поголема ефикасност.

    Поголем капацитет за хартија

    Зголемете го капацитетот за хартија до 2.300 страници со помош на трите изборни дополнителни касети за хартија и зголемете ја продуктивноста на вашата компанија.

    Повеќенаменски деловен печатач

    i-SENSYS LBP325x е ласерски печатач за црно-бело печатење што е дизајниран за продуктивни канцеларии и нуди големи предности во брзина, димензии, квалитет на печатење и капацитет за хартија, а неговата голема продуктивност и компактен дизајн го прават идеален за различни деловни опкружувања.

    Непречено поврзување

    Уживајте во брза врска кога сте во канцеларијата благодарение на USB-приклучоците со голема брзина и компатибилноста со етернет.

    Одличен квалитет на печатење

    Висок квалитет на печатење со зголемена острина на слика за совршени крајни резултати.

    Спецификации

    • Црно-бел ласерски печатач

    • Печатење со 43 стр./мин. во A4-формат

    • Печатење со 65 стр./мин. во A5-формат

    • 3 дополнителни и изборни касети за хартија

    • Етернет врска

    • High-speed USB-приклучок

    • Практичен LCD-екран

    Слични производи и решенија

  • Црно-бели печатачи со една функција

    Серија i-SENSYS LBP240

    Брзи и сигурни црно-бели ласерски печатачи со една функција дизајнирани за подобрување на продуктивноста.
  • Разгледајте повеќе

    Сакате да дознаете повеќе за овој производ?