ABC- Hero1

Armstrong Watson склучи партнерство со Canon за да ја реализира својата стратегија за деловна и социјална одговорност со „визија за иднината“

Armstrong Watson, фирма за сметководство за целосна услуга, имаше дотраена, несигурна и скапа опрема за печатење која требаше да се доведе во согласност со нејзините политики за деловна и социјална одговорност - област која има значително влијание врз одлуките кои ги носат клиентите. Во тесна соработка со Canon, тие успеаја да станат подобри во однос на својата конкуренција преку исполнување на сопствените CSR цели за влијанието врз животната средина - намалувајќи ја потрошувачката на хартија и енергија, како и бројот на уреди за печатење за повеќе од 70%.

ABC-image1
ABC-image1

„Пред да понуди какви било препораки, Canon работеше напорно за да се зближи со нашата организација и да разбере што треба да се подобри и кој е најдобриот начин за да се изврши тоа. Сфаќањето на деловното работење на нашите клиенти е филозофија кон која строго се придржуваме и бевме сигурни дека Canon ќе биде вистинскиот партнер за нас.“

David Clarkson, комерцијален директор