Создаден за динамични деловни групи и оддели, овој продуктивен и разновиден imageRUNNER ADVANCE нуди комбинација од ефикасно печатење и интелигентни работни процеси со документи.
Погледнете подетални информации за Canon imageRUNNER ADVANCE 4245i
imageRUNNER ADVANCE 4245i ќе се справи со работните задачи во вашите динамични деловни групи и оддели, благодарение на неговиот робустен дизајн, големите брзини на печатење, автоматската завршна обработка и капацитетот за хартија од 4.980 листови. Екранот на допир во боја, интуитивните менија и интелигентната проверка на идентитетот на корисникот ви овозможуваат неверојатно едноставно користење. Документите можат брзо да се скенираат, заштитат, потпишат, следат, архивираат и испратат на повеќе различни дестинации во повеќе формати. Сите imageRUNNER ADVANCE уреди директно се интегрираат со моќен софтвер за работа и управување со документи, со што се оптимизира целосниот процес за обработка на документи.
Наградуваната¹ интелигентна проверка на идентитетот на корисникот ви овозможува контролирање на пристапот и правата на корисниците, а нуди и прегледност и следење на активностите преку извештаи. За намалување на трошоците за управување, овој повеќефункциски уред ви нуди функции од повеќе уреди сместени во еден производ, кој може постојано да се управува како дел од повеќе imageRUNNER ADVANCE уреди. Софтверот uniFLOW нуди дополнителна ефикасност преку избор на центар за трошоци, пренасочување на задачите за печатење и детални извештаи.
Вашите информации се заштитени со повеќе стандардни функции како безбедно печатење, контрола на пристапот и правата на корисниците, извештај за активностите и безбедно бришење на задачите од хард диск драјвот. Дополнителните безбедносни опции ви нудат усогласеност со највисоки нивоа на безбедност, како и можности кои се водечки во индустријата како на пр. можност за откривање или спречување на узурпирање преку спречување на губењето податоци од материјалите и ревидирање на документите добиени при печатење, копирање, скенирање и испраќање факс.
Поддршката за индустриските стандарди комбинирана со моќната платформа MEAP на imageRUNNER ADVANCE овозможува беспрекорна интеграција во вашето IT опкружување и одлична врска со наградуваната пелата на решенија за документи од Canon². Постојаната платформа на imageRUNNER ADVANCE и алатките за управување ви овозможуваат централно и ефикасно конфигурирање, управување и надградување на вашиот уред, поединечно или како дел од поголема група, како и следење, известување и дијагноза заради проактивно и ефикасно одржување.
Врз основа на наградуваните технологии³, овој уред со ENERGY STAR® сертификат ви нуди водечки вредности на TEC* и троши само 1 W или помалку во режим на мирување. Придржувајќи се до највисоките нивоа на усогласеност за заштита на животната средина, одредени делови во уредот се изработени со користење на био и рециклирана пластика.
1 Универзалниот управувач за најавување на Canon ја доби BLI наградата за исклучително достигнување во иновативноста за 2013 година. Извор: www.buyerslab.com
2 Canon ја доби BLI наградата за палета на годината за решенија за обработка на слика и документи за 2013 година. Извор: www.buyerslab.com
3 Canon ја доби BLI наградата за енергетски ефикасна палета на годината за 2013 година. Извор: www.buyerslab.com
* Методологијата е дефинирана според ENERGY STAR (www.eu-energystar.org)
Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER ADVANCE 4245i, неговите функции и можности.
Искористете ја оваа алатка за да ги откриете и за да ги прилагодите конфигурациите според вашите потреби.
Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.