ПЕЧАТАЧ ОД ВРВНА КЛАСА
Canon i-SENSYS MF3010
Печатете, копирајте и скенирајте со голема брзина кога вам ви одговара, директно од вашата работна маса со помош на овој компактен црно-бел ласерски печатач. Тој е идеален за во домот или мали канцеларии, едноставен за користење и енергетски ефикасен.
Извонредно компактен и модерен дизајн
Елегантниот и стилски дизајн во црна боја на MF3010 го прави навистина интелигентен повеќефункционален 3-во-1 ласерски уред. Висококвалитетен црно-бел печатач, скенер и копир во еден уред кој заштедува простор. Овој привлечен и компактен уред, кој е брз и економичен за употреба, лесно може да се вклопи на секоја работна маса. Тој е совршен за лична употреба или за корисници во мали и домашни канцеларии кои не сакаат само печатач и имаат намера да заштедат време и пари.
Квалитет и брзина
Имајте доверба во високопрофесионалните ласерски испечатени материјали со напредна резолуција на печатење до 1200 x 600 dpi. Таа прикажува повеќе детали и овозможува добивање на остар текст и фина графика. Со брзината за црно-бело печатење на 18 стр./мин., времето за чекање на документите е многу кратко. Технологијата за брзо печатење на првата страница од Canon овозможува и кратко време за печатење на првата страница од 7,8 секунди.
Заштедете енергија и скратете ги трошоците
Навистина економичен, MF3010 е предводник во поглед на енергетската ефикасност, без притоа да ги намали перформансите – при што ви овозможува да заштедите пари, а се разбира и да ги намалите емисиите на јаглерод. Повеќефункционалниот уред е усогласен со Energy Star и има типична потрошувачка на енергија (TEC) од 0,6 kWh. Во режим на мирување троши енергија од само 1,4 вати.
Едноставно користење
Благодарение на едноставниот и вертикален екран, можете да ракувате со MF3010 од удобноста на вашиот стол. Тој ви нуди практичен пристап до сите функции кои ви се потребни без потреба да стоите над машината, а со тоа ќе заштедите време и напор.
Разновидно скенирање и копирање во боја
Зголемете ја вашата ефикасност со висококвалитетниот скенер во боја. Тој го олеснува скенирањето и копирањето на вашите документи – а со тоа веднаш ја зголемува и вашата продуктивност. Нема потреба од чекање благодарение на времето до излегување на првата копија кое е пократко од 12 секунди. Исто така, ќе можете да скенирате директно на e-mail или, пак, во PDF фајлови со можност за пребарување користејќи го MF Toolbox, за брзо пронаоѓање на вашите документи и фотографии.
"Сè-во-едно" картриџ
Сите неопходни делови се сместени во истиот компактен картриџ за да овозможат ракување без одржување и континуирано висококвалитетно печатење. Овој "сè-во-едно" картриџ, кој содржи тонер, барабан и единици за чистење, можете лесно и уредно да го замените за неколку секунди. Користете автентичен ласерски картриџ од Canon и вашиот повеќефункционален уред ќе биде како нов.
За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.
БРОШУРА
Лист со податоци за придобивките
Спецификации
-
Брзина на печатење
До 18 стр./мин. (A4)
-
Метод на печатење
Црно-бело печатење со ласерски зраци
-
Квалитет на печатење
До 1200 x 600 dpi со технологијата за автоматско усовршување на слика
-
Време за печатење на првата страница
7,8 сек.
-
Резолуција на печатење
600 x 400 dpi
-
Јазици на печатач
UFRII-LT
-
Маргини на печатење
5 mm-горе, 6 mm- долу, 5 mm-лево и десно
-
Режим за заштеда на тонер
Да