Canon imageRUNNER 3225e

imageRUNNER 3225e

Економичниот iR3225e претставува поодржлив избор за канцеларии и работни групи на кои им треба ефикасно управување со документи.

Придобивки

  • Повеќефункционален црно-бел канцелариски уред за A3 формат
  • Печатење, копирање, испраќање и скенирање во боја
  • Брзина на печатење од 25 стр./мин.
  • Макс. капацитет на хартија од 1.150 листови
  • Автоматски механизам за двострано снабдување со документи како стандардна опција
  • Бришење на HDD за поголема безбедност
  • Рамно подножје како стандардна опција

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageRUNNER 3225e

Докажан квалитет од Canon


Програмата за нови фабрички произведени модели од Canon е создадена во согласност со нашата посветеност да ги услужиме потрошувачите на начин кој ја зема во предвид животната средина. Применувајќи го нашето долготрајно искуство во производството, ние ги избравме најпродаваните модели во изминатите години и започнавме одново да ги изработуваме во нашата Canon Giessen фабрика во Германија. Следејќи го напорниот процес надополнет со строги гаранции за квалитет, ние успеавме да ви понудиме достапни и висококвалитетни фабрички произведени модели со значително намалени емисии на јаглерод.

Компактен и сигурен


iR3225e нуди брзини на печатење и копирање до 25 стр./мин. (A4), како и скенирање во боја и функција за испраќање, за да можете да создавате и споделувате документи со професионален изглед. Автоматското двострано печатење ја зголемува продуктивноста и заштедува хартија, а стандардниот DADF овозможува копирање без напор. Тој може едноставно да се ракува преку големиот екран на допир во боја со воспоставен iR интерфејс и нуди поддршка за поштенско сандаче и безбедно печатење.

Одржлив избор


Во нашата палета FPNM (нови фабрички произведени модели), ние повторно искористуваме до 93% од тежината на постоечките компоненти и материјали, што значително ја намалува потребата за нови сурови материјали. Како резултат на тоа, производството на овие уреди создава 80% помалку јаглероден диоксид отколку оригиналниот модел*. А преку внимателно планирање на конфигурациите на уредите, ние исто така значително ги намаливме и материјалите за пакување кои се потребни за складирање и транспорт.

Одлична инвестиција


Повторното користење на деловите и материјалите ни овозможуваат да го споделиме заштедувањето со нашите потрошувачи, нудејќи им уреди со многу ефтини цени. iR3225e ја користи платформата MEAP и поддржува голем број на апликации, меѓу кои и uniFLOW и eCopy. Подесувањата на уредот можат практично да се подесуваат преку iWMC, додека e-Maintenance овозможува прецизно далечинско следење на уредот и исчитување на мерењата.

*Пресметано според внатрешната методологија на Canon. Вредноста може да се менува во зависност од состојбата на земените производи.

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER 3225e, неговите функции и можности.

Погледнете како се создаваат новите фабрички произведени модели

Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.