Овој imageRUNNER ADVANCE уред за A4 формати во боја нуди квалитетна комуникација на бои и зафаќа многу мал простор. Лесната интеграција, безбедноста и контролата на трошоците го прават идеален за мали работни групи
Погледнете подетални информации за Canon imageRUNNER ADVANCE C351iF
Создаден за динамични работни групи и оддели, imageRUNNER ADVANCE (iR-ADV) C351iF е робустен уред за A4 формати во боја со стандарден капацитет од 2.300 листови и брзина на печатење од 35 стр/мин. Големиот екран на допир во боја, интуитивните менија и интелигентната проверка на идентитетот на корисникот обезбедуваат уникатно персонализирано доживување и едноставно ракување. Едноставно снимање на документи, брзо скенирање во боја и конверзија во голем избор на формати. Корисниците можат да создаваат професионални захефтани документи, а работниците кои се во движење можат едноставно да печатат или скенираат преку нивните мобилни уреди¹. Овој уред може директно да се интегрира со голем избор на моќни софтвери за печатење и информации со цел да ги оптимизира вашите процеси со документи, благодарение на интелигентната платформа со веб-апликации MEAP и MEAP.
Наградуваната² интелигентна проверка на идентитетот на корисникот овозможува контролирање на пристапот и правата на корисниците, а нуди и прегледност на користењето преку извештаи од следење на активностите.
Ви нудиме палета на стандардни и изборни функции за безбедност на уреди, мрежи и документи, кои нудат усогласеност со највисоките стандарди за безбедност. Безбедното печатење и безбедното бришење на задачи од хард дискот за ќе ви помогнат да ги заштитите вашите податоци. Можноста за користење на uniFLOW нуди дополнителна ефикасност и безбедност преку пренасочување на задачи за печатење и спречување на губењето на податоци.
Беспрекорна интеграција во мрежи и деловни решенија, споделување ресурси со други уреди и можност за поврзување со услугите Cloud кои ќе ви овозможат флексибилно изработување и споделување на документи.
Алатките за управување со уредот ви овозможуваат конфигурирање, управување и надградување на вашиот уред, поединечно или како дел од поголема група, како и следење, известување и дијагноза заради проактивно и ефикасно одржување. Дизајнот на iR-ADV C351iF, за кој не е потребно големо одржување, придонесува за пократко време на чекање благодарение на лесното заменување на потрошните материјали.
Овој уред со ENERGY STAR® сертификат нуди водечки вредности на TEC* и троши само 1W или помалку во режим на мирување. Уредот се одликува со врвни еколошки признанија, а квалификуван е и за најпрестижната награда Blue Angel. Освен тоа, одредени делови на iR-ADV C351iF се изработени со користење на био и рециклирана пластика, а тој ги исполнува и надминува дури и најстрогите регулативи за животната средина.
¹ Поддршка за iPAD, iPhone, Android и Windows Phone 8
² Универзалниот управувач за најавување на Canon ја доби BLI наградата за исклучително достигнување во иновативноста за 2013 година. Извор: www.buyerslab.com
* Типична потрошувачка на енергија. Методологијата е дефинирана според ENERGY STAR (www.eu-energystar.org)
Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER ADVANCE C351iF, неговите функции и можности.
Искористете ја оваа алатка за да ги откриете и за да ги прилагодите конфигурациите според вашите потреби.
Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.