Овој повеќефункционален A4 уред во боја е дизајниран за деловно работење со мали трошоци и продуктивна и висококвалитетна комуникација во боја која им е потребна на малите работни групи.
Подетално разгледување на Canon imageRUNNER C1335iFC
imageRUNNER C1335iFC е високопродуктивен повеќефункционален A4 уред во боја, кој овозможува брзо и ефикасно печатење во боја до 35 страници во минута. Технологијата за обработка на слики V² во боја (живописно и динамично) од Canon ви овозможува да ги направите вашите документи импресивни и впечатливи во однос на останатите. Новиот кориснички интерфејс преку екран на допир во боја од 8,9 cm со можност за прелистување нуди практично и едноставно ракување. Флексибилните можности за печатење и скенирање од мобилни уреди како Apple AirPrint™, печатење преку Mopria, како и апликации за печатење и скенирање од мобилни уреди кои ја зголемуваат ефикасноста на работниците во движење. Исто така, корисниците можат лесно да скенираат и испраќаат документи директно кон различни дестинации, вклучувајќи е-пошта и споделени папки.
Погрижете се вашите информации да останат доверливи со функции како безбедно печатење, отклучување со PIN и изборна заштита на PDF документи со лозинка. Контролирањето на трошоците за печатење никогаш не било поедноставно со вградената поддршка за софтверот uniFLOW кој нуди поголема транспарентност и управување, овозможувајќи ви да следите и плаќате одредени задачи за печатење на индивидуалци, оддели, локации и проекти, како и да создавате кориснички извештаи.
Овој уред е соодветен за мали работни групи во организации од секаков вид и е опремен со најновиот контролер imageRUNNER. Тој беспрекорно се интегрира во ИТ опкружувањата и поддржува стандарди како PCL и Genuine Adobe PS.
imageRUNNER C1335iFC го олеснува управувањето и администрацијата на вашиот тим со автоматско мерење, управување со потрошни материјали и дијагностика. Далечинските ажурирања на фирмверот може да се направат преку уредот со што дополнително се намалува времетраењето на прекинот на работата.
Овој уред со ENERGY STAR® сертификат нуди водечки вредности на TEC* и троши само 1W или помалку во режим на мирување.
imageRUNNER C1335iFC е дизајниран да биде енергетски поефикасен, да ја намали потрошувачката на енергија при користењето и да го намали влијание врз животната средина.
*Типична потрошувачка на енергија. Методологијата е дефинирана според ENERGY STAR (www.eu-energystar.org)
Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER C1335iFC, неговите функции и можности.